• Latest

Салиу: Нема затрупани под урнатините, состојбата на терен набрзо ќе се нормализира

August 10, 2016

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Салиу: Нема затрупани под урнатините, состојбата на терен набрзо ќе се нормализира

August 10, 2016 18:31
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Шабан Салиу во интервју за ЦИВИЛ Медиа, изјави дека веќе нема затрупани под урнатините во настраданите подрачја од поплавите што го зафатија Скопје и околните населени места во саботата. Доколку има семејства кои треба да бидат евакуирани, Салиу ги повика да се обратат и до Дирекцијата и до Министерството за труд и социјална политика, чии екипи се мобилни на терен деноноќно. До крајот на неделавата, според негови проценки, постојат реални можности состојбата во голема мера да се нормализира, во сите населени места да се обезбеди квалитетно електро-напојување, а инфраструктурата да се стави целосно во функција.  

ЦИВИЛ Медиа: Каква е состојбата во загрозените подрачја денеска?

САЛИУ: Од раните утрински часови има огромен број човечки ресурси: од органите на Република Македонија, од Владата, од Дирекцијата за заштита и спасување, Министерството за одбрана, Министерството за внатрешни работи и многу волонтери од соседните градови. Вклучени се повеќе од  240 машини, градежна механизација што е распоредена на сите позиции, каде што има потреба. Максимално се вклучени и пумпите за исцрпување на вода. Во попладневните часови очекуваме максимално подобрување на состојбата.

ЦИВИЛ Медиа: Кои се најзагрозени подрачја во моментов?

Салиу: Најзагрозени подрачја во моментов се Стајковци и Сингелиќ. Се работи на повеќе улици, дел беа оспособени уште вчера. Исцрпена е водата од подрумите и од некои дворови, а сега се исфрла калта, којашто не може да се исфрли со помош на пумпите.

ЦИВИЛ Медиа: Имате ли и натаму пријави за интервенции за затрупани тела под урнатините?

САЛИУ: Не располагаме со такви информации. Она што го знам е дека беа загинати околу 22 жртви во тој дел. Во овој момент, нема пријави за други исчезнати лица.

ЦИВИЛ Медиа:  Колку исчезнати лица има во моментот?

САЛИУ:  Оние што беа исчезнати, биле во други куќи и тие се пронајдени. Сега, не сум сигурен, бидејќи сме постојано на терен… Се зборуваше за едно лице од вчера, но дали било пронајдено, не сум сигурен. Само за жртвите можам да кажам.

ЦИВИЛ Медиа: На терен во моментов, има многу семејства на кои им е потребна помош, немаат каде да спијат, немаат што да јадат и ним им е потребна евакуација од нивното место на живеење. Дали преземате мерки на тој план ?

САЛИУ: Точно така. Уште вечерта кога започна оваа криза, катастрофа, се вршеше евакуација на населението и сите оние кои сметаа дека домовите им беа потопени во вода и дека им е потребно евакуирање, тоа е направено. И денеска ако има потреба за евакуација на некои семејства, ние  сме подготвени и можеме да ги евакуираме. Други екипи работат со помош на Црвениот Крст, па храната се дистрибуира до сите на кои им е потребна.

ЦИВИЛ Медиа:  Но, на интернет се објавени многу видео клипови од граѓан(к)и кои и натаму бараат помош во храна, облека, постелнина…, кои тврдат дека досега не биле посетени ниту од владини претставници, ниту од невладини организации… Што со нив?

САЛИУ: Доколку има такви семејства, не треба многу по порталите да се расправаат. Има Дирекција, штаб до училиштето ‘„25 Мај‘‘, нека се обратат таму, ќе ги прифатиме и ќе ги однесеме до оние места, каде што ќе ги решиме нивните проблеми, само нека се обратат таму.

ЦИВИЛ Медиа:  Каде ги сместувате, евакуираните семејства на кои им е потребна помош?

САЛИУ: Тоа е обврска на Министерството за труд и социјална политика,чиј координатор е министерот Диме Спасов.  Меѓутоа, граѓаните можат да ја контактираат и Дирекцијата. Ние имаме свој штаб и камп, луѓе кои се 24 часа на терен, подготвени веднаш да интервенираат.

ЦИВИЛ Медиа: Кога според стручните оценки на Дирекцијата, состојбата на теренот ќе биде целосно санирана, а граѓаните ќе се вратат во нормален живот?

САЛИУ: Ова што ќе го кажам е мое лично мислење, впрочем, и моја одговорност. Врз основа на сето она што го познавам и работам, мислам дека до крајот на неделава, ќе има забележителни резултати, односно, животот на граѓаните, на тие семејства кои се во загрозените подрачја, ќе се стави во некоја нормала. Сметам дека во сабота или недела, ќе функционираат семејствата и ќе има струја во најскоро време, да не речам денеска или утре. Очекувам сериозно, целосно или делумно решавање на поголем дел од инфраструктурата. Меѓутоа, има улици, каде што треба многу време да се работи, можеби и месеци… Овде го посочувам селото Страчинци, каде е пропаднат во широчина од два метра, асфалтот на улицата, што беше изграден неодамна. Значи, се работи за поголеми зафати, но помалите улици, поплавените станбени објекти и живеалишта, според  мое мислење, до крајот на неделава ќе се завршат.

ЦИВИЛ Медиа

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Гази БабаЕлементарни непогодиМакедонијапоплавиСингелиќСКОПЈЕШабан Селиу
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • „Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Oбид за убиство и насилство во Струга, со „БМВ Х6“ му го пресекол патот и со нож го прободeл во вратот, стомакот и надлактицата

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • (ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Збрка и будалаштина

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • УЈП привремено затвори пет субјекти во државата, за други пет даночни обврзници привремена забрана за вршење дејност

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ