• Latest

Бизнисот со повик до пратениците да не се блокираат антикризните мерки – неопходни се за зачувување на работните места

November 2, 2022
Фото: Антон Препелицjа

Мирот е добредојден како чувство – станува неудобен како барање

September 23, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Денес кога станувам пионер…

September 23, 2026

Денот по Денот на мирот

September 22, 2026
Фото: crimea-platform.org

Крим под руска окупација: Политички прогон, милитаризација на децата и борба за деокупација во фокусот на самитот во Њујорк

September 22, 2026
Сања Божиновска (фото: https://energy.gov.mk)

Божиновска бара извинување и најавува суд, СДСМ бара истрага за набавката на броила

September 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – до 2 октомври

September 22, 2026
Христијан Мицкоски, Њујорк, 21 септември 2026 (скриншот, видео)

Мицкоски од Њујорк: Остануваме на европскиот пат, нејасно со кои конкретни чекори

September 22, 2026

На Меѓународниот ден на мирот, рускиот агресор продолжи со терор: Во Запорижја оштетени станбени згради, трговски центар и универзитет

September 21, 2026

ЦИВИЛ: Мирот никогаш не смее да стане синоним за предавање

September 21, 2026
Кампања на ЦДУ (Wikipedia)

Изборен земјотрес во Мекленбург-Западна Померанија: Алтернатива за Германија прва, социјалдемократите втори, демохристијаните надвор од парламентот

September 21, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Бизнисот со повик до пратениците да не се блокираат антикризните мерки – неопходни се за зачувување на работните места

November 2, 2022 13:16
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Бизнисот апелира Собранието што поскоро да ги усвои антикризните мерки што ги предложи Владата. Во собраниската Комисија за финансирање и буџет, покрај мерките за директна финансиска помош кон одредени категории на граѓани, во место тапка и помошта за стопанството како што анализираше ЦИВИЛ медиа, со која се очекува да се стабилизира ценовниот удар на енергенсите како инпут во производството.

Од Стопанската комора на Северна Македонија за ЦИВИЛ медиа велат дека остануваат на официјалниот став изнесен од извршниот директор на комората, Антони Пешев според кого директните средби со компаниите покажуваат дека енергетската криза има силно влијание врз конкурентноста на македонската економија.

Воедно, како што додава Пешев, компаниите тешко ја одржуваат ценовната ликвидност на своите производи и услуги на странските, но и на домашниот пазар.

-За да се одржат домашната економија и конкурентноста на домашните производи и услуги, и дома и во странство, но и за да ги зачуваат работните места, компаниите ја очекуваат поддршката од Владата, која Собранието треба да ја изгласа што поскоро, вели Пешев.

Сличен став, за ЦИВИЛ медиа сподели и претседателот на Сојузот на стопанските комори, Трајан Ангеловски.

-Не навлегуваме во политички одлуки дали некој ќе блокира или не, но би сакале мерките да се изгласаат што поскоро, вели Ангеловски.

И од Стопанската комора и од Сојузот на стопанскиот комори велат дека мерките се неопходни, особено поради регулирање на цената на струјата за стопанството.

Според Ангеловски во моментов струјата на слободниот пазар е поевтина од таа на регулираниот, делумно и поради топлото време, но сепак доаѓаат зимски месеци и мерките се потребни.

– Апелираме државата во иднина да ја олесни можноста за инвестиции во обновливи извори, бидејќи вака зависиме само од берзанската струја што видовме дека може да донесе сериозни последици на економијата, додава Ангеловски.

Претходно од владејачкото мнозинство ја повикаа опозицијата да даде поддршка за блокираните мерки. Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески вели дека не очекува опструкции од ВМРО-ДПМНЕ за помошта за бизнисите, особено за Законот за задолжување од Европската банка за обнова и раазвој со заем од 100 милиони евра за ЕСМ, за да се обезбеди производство на струја од домашните енергетски капацитети.

-Очекувам да биде закажана на Комисијата за финансирање и буџет и Законот за задолжување од ЕБОР со 100 милиони евра за ЕСМ за производство и снабдување на струја за граѓаните и фирмите. Исто така и законот, којшто е надвор од кризата, но е редовно работење и проблем за којшто долго време зборуваме и го бараат граѓаните, тоа е задолжувањето од 50 милиони евра за преработка на цврст отпад во регионални фабрики за преработка на отпад“, изјави неодамна Митрески за ЦИВИЛ медиа.

Тој уште информираше дека, иако пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и од Левица веќе подолго време не учествуваат на состаноците за координација во Собранието, се вложуваат дополнителни напори и комуникација по други основи за да се поттикне учеството на народните избраници на опозицијата во расправата и донесувањето на законите од интерес на граѓаните и општеството.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ