• Latest

Неуспешен обид на Левица да ги киднапира студентските барања

November 15, 2022
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО ОБРАЗОВАНИЕ

Неуспешен обид на Левица да ги киднапира студентските барања

November 15, 2022 15:49
in ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Неуспешен обид на опозициската партија Левица да ги киднапира студентските барања и да добие ситни политички поени. И покрај протестите на педесетина студенти (читај членови на Левица), односно на  Црвена младина, сепак студентите и властите синоќа се договорија студентскиот оброк да се исплаќа како и досега, при што си дадоа рок до 15 март 2023 година, низ работни групи да дојдат до ново решение. За студентските домови, Министерството за економија ќе проверува дали има можност да се исклучат од мерките за штедење.

Законот за субвенциониран студентски оброк беше едногласно усвоен и од власта и од опозицијата на 05 февруари 2020 година, кога Левица немаше пратеници во Собранието на Република Северна Македонија. Во 2021 година е сменет поради ковид 19, наместо во картичка, студентите да добиваат кеш. Пратениците на Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов не биле на гласање.

Пред да се одржи средбата меѓу студентските лидери и претставници на власта, група од педесетина млади лица во „име на студентите“ протестираа пред Собранието на Република Северна Македонија. Меѓутоа, случајно или не, „студентите“ кои вчера протесираа и кои преку младинската организација „Студентски отпор“ (формиран пред три дена на Фејсбук) и кои повторно повикуваат на студентски марш во четврток (17 ноември), се членови на политичката партија Левица.

Дарја Мустафоглу, советничка на Левица во Општина Ѓорче Петров, е една од „студентките“ кои протестираа и носеше политички и навредлив транспарент во духот на реториката на нејзината политичка партија – „Без паника не јадеме колку Маричиќ“.

Дариа Мустафоглу, студентски протест, 14.11.2022
Дарја Мустафоглу, предизборен спот на Левица за Локалните избори 2021

Милица Давчева, член на Левица и Црвена младина е една од студентките кои протестираа за студентскиот оброк да се исплаќа како и досега.

Покрај редовните студии, таа се збогати со нови „знаења и вештини“ на првата левичарска крушевска школа која се одржа пред околу два месеца, односно во септември.

Студентката Давчева пред да протестира за студенски субвенциониран оброк, протестираше против европскиот закон за договoрот со Бугарија.

Јован Јанев, член на Левица е еден од предводниците на вчерашните протести (14 ноември 2022) за подобар студентски стандард.

Инаку Јанев, пред да држи студенски говори, држеше партиски говори и беше еден од најгласните и најактивните противници за договорот со Бугарија.

И Бојан Гиноски кој вчера протестираше за субвенциониран студентски оброк, по некоја случајност е член на Левица.

Револтираните студенти на Левица, не пропуштија прилика да шират и анти-НАТО кампања.

Студентскиот оброк до 15 март ќе се исплаќа според старите правила, а во овој рок низ работни групи студентските претставници, пратениците и Владата ќе бараат системско решение за надминување на овој проблем.

Ваквите политички игри на Левица и ВМРО-ДПМНЕ нема да поминат, бидејќи студентите не се нивни пиони.

Цивил мониторинг тим

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ