• Latest

Тренчевска: Зајакнувањето на системот, поддршката на жените на пазарот на труд, борбата со семејното и родово-базираното насилство алатки за зајакнување на општеството

November 23, 2022

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026

По обвинувањата за изборна измама, Израел ги потврди резултатите и влегува во коалициски преговори

November 4, 2026
Фото; Unsplash

Масовни протести во Чешка против реформата на јавните медиуми: Илјадници граѓани бараат заштита на медиумската независност

November 4, 2026

ИНФОГРАФИК: „Блунами“ во САД – што донесе синиот бран и што е следно за Трамп и светот

November 4, 2026

Син бран ја менува Америка: Демократите го освоија Конгресот, Трамп ја губи политичката доминација во Вашингтон

November 4, 2026

Проширувањето на ЕУ забрзува, Северна Македонија ризикува да остане на маргините

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

Тренчевска: Зајакнувањето на системот, поддршката на жените на пазарот на труд, борбата со семејното и родово-базираното насилство алатки за зајакнување на општеството

November 23, 2022 10:23
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска се обрати на регионалната конференција насловена „Трансформативно финансирање како забрзувач за родова еднаквост: црпење на искуства од родово одговорно буџетирање и научени лекции“, организирана од регионалната канцеларија на UN Women, која се одржува денеска и утре во Истанбул, Република Турција.

Тренчевска, како што соопшти Министерството за труд и социјална политика, се обрати на панел дискусијата насловена „Лидерството и перспективите на креаторите на политиката за Родово одговорно буџетирање“, заедно со министри од Албанија, Косово и Босна и Херцеговина.

На панелот, организиран како министерски панел на високо ниво, беа презентирани прегледи за родово одговорно буџетирање со фокус на процесите и клучните достигнувања во неговата имплементација, како и следните чекори за понатамошно унапредување на институционализацијата на родово одговорно буџетирање.

Министерката Тренчевска информираше дека родово одговорните буџетски иницијативи во Република Северна Македонија се спроведуваат од 2009 година од страна на Министерството за труд и социјална политика и дека Секторот за еднакви можности кој се наоѓа во рамките на Министерството е одговорен за имплементација на родовото одговорно буџетирање и за координација на активностите на останатите  министерства и едниците на локална самоуправа во однос на спроведување на родово буџетски иницијативи.

– До денес родово одговорното буџетирање е пилотирано во 14 ресорни министерства и три државни агенции со континуирано стручно менторство обезбедено од UN Women. Според методологијата, ресорните министерства и државните институции се обврзани да спроведат основна родова анализа на одредена секторска програма и да развијат родови аутпут индикатори, како и да продолжат да следат напредок во спроведувањето на избраните програми и нивното влијание. Наша цел е системско решавање на прашањата преку  воспоставување на систем кој ќе функционира, рече Тренчевска.

Таа истакна дека Министерството за труд и социјална политика во соработка со канцеларијата на UN Women во Скопје во март оваа година воспостави Ресурсен Центар за родово одговорно креирање на политики и буџетирање, кој е дел од предвидениот план и програма за работа на Министерството за труд и социјална политика а во согласност со Програмата за работа на Владата.

– Ресурсниот Центар обезбедува експертска поддршка, добри практики, истражување, ресурси, и обуки за градење на капацитетите на јавните службеници во Република Северна Македонија во областа на родово одговорното буџетирање. Тој е прв ваков центар отворен во регионот, и има  за цел да прерасне во регионален центар на знаење во иднина, рече Тренчевска.

Ресурсниот центар обезбедува обуки и менторство за унапредување на капацитетите на државните службеници во областа на родовата еднаквост и родово одговорното буџетирање. Од воспоставувањето на  Ресурсниот центар до денес се спроведени 28 обуки на девет различни теми, на кои беа обучени  вкупно 364 лица, се наведува во соопштението.

Министерката се осврна и на носењето на Стратегијата за родова еднаквост 2022-2027, која е основниот стратешки документ со кој се воспоставува сеопфатна рамка за понатамошни активности во насока на унапредување на родовата еднаквост и зајакнување на жените.

Таа ја потенцираше одлучноста на државата за заштита на жените од насилство и родово-базирано насилство која доведе да бидеме меѓу првите земји што ја потпишаа Конвенцијата за спречување и борба против насилството врз жените и домашното насилство (Истанбулска конвеција), а за целосна имплементација на Конвенцијата беше донесен Законот за спречување и заштита од насилство врз жени и семејно насилство во 2021 година.

– Зајакнувањето на системот, поддршката на жените во процесот на инклузија на пазарот на труд, борбата со семејното и родово-базиранано насилство, се алатки со кои се зајакнува целото општество.  Со секоја наша акција ние инвестираме во идните генерации, инвестираме во  децата кои ќе раснат во духот на еднаквоста и недискриминацијата, инвестираме во искоренување на трансгенерациското насилство, инвестираме во цврстиот темел на државата, порача Тренчевска. 

Tags: МТСПсемејно насилствоТренчевска
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ