• Latest
Инфо штанд на ЦИВИЛ, 2022

23 години ЦИВИЛ: Борбата продолжува!

November 25, 2022

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија: Младите бараат образование, правда и политичка одговорност

October 17, 2026
Рововска политика пред отворените порти на ЕУ

Во маѓепсаниот круг на европските интеграции: Мицкоски тврди дека сме „пред сите“, а земјата назадува

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Војната во сенка ескалира: Мета се системите што ја одржуваат Украина

October 16, 2026
Фото: Скриншот / Х

Пропадна енергетското примирје: Трамп го обвинува Кијив, ЕУ го засилува притисокот врз Москва

October 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Можело и пристојно

October 16, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Жестоки протести во Тирана: Рама одбива оставка, ЕУ повикува на дијалог

October 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ЕДИТОРИЈАЛ

23 години ЦИВИЛ: Борбата продолжува!

Искрено, посветено и бескомпромисно, веќе 23 години се залагаме за човековите права и слободи, за хуманизмот, за прогресивно и демократско општество во кое се почитуваат различностите и во кое нема место за дискриминација, манипулации и насилство по било која основа. Нашите вредности и определби ги градиме и ги браниме без калкулации и без компромис. По цена на нашето здравје и безбедност, ние секој ден стоиме исправени пред најголемите предизвици за општеството.

November 25, 2022 14:58
in ГРАЃАНСКА, ЕДИТОРИЈАЛ, ОПШТЕСТВО, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Инфо штанд на ЦИВИЛ, 2022

Инфо штанд на ЦИВИЛ, 2022

Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Од денот на своето основање, 25 ноември 1999 година, ЦИВИЛ е една од оние граѓански организации чиј прв и највисок интерес се човековите права и слободи. Тоа е организација која и во своите основни документи, меѓу кои и Статутот на ЦИВИЛ, ја подразбираат Универзалната декларација за човековите права и доследно ја почитуваат во нејзината целовитост:

Со самиот факт што се родил како човек, секој поединец на овој свет ги ужива сите човекови права и слободи, без исклучок и целосно.

Член 1 од Универзалната декларација за човекови права: Сите човечки суштества се раѓаат слободни и еднакви по достоинство и права. Тие се обдарени со разум и совест и треба да се однесуваат еден кон друг во духот на општочовечка припадност.

Тоа за нас, ЦИВИЛите, не е само декларација, туку е дел од нашите животи, нашите вредности и нашите секојдневни заложби. Искрено, посветено и бескомпромисно, веќе 23 години се залагаме за човековите права и слободи, за хуманизмот, за прогресивно и демократско општество во кое се почитуваат различностите и во кое нема место за дискриминација, манипулации и насилство по било која основа.

За определбите и работата на ЦИВИЛ сведочат повеќе од 100 успешно спроведени проекти во повеќе меѓусебно поврзани области. Во своите проекти, ЦИВИЛ ги промовира европските вредности, мултикултурализмот и недискриминацијата.

Со своите проекти и организациска поставеност, ЦИВИЛ стана една од најпознатите организации во земјата и во регионот во борбата против дезинформациите, пропагандата и хибридните закани против демократијата.

Понатаму, мониторингот на изборите стана уште еден заштитен знак на организацијата, широко прифатена од сите граѓанки и граѓани во земјата.

Зелената ориентација на организацијата датира од самиот почеток и денес претставува јавен ресурс за едукација и промоција на зелените вредности, политики и практики.

Организацијата е меѓународно позната и призната во борбата против оруженото насилство, пролиферацијата на нелегалното оружје и култот кон оружјето.

Медиумската платформа на ЦИВИЛ, основана во 2009 година, денес претставува простор за информирање, едукација, анализи, истражување и општествено политички дијалог. Воедно, организацијата се појавува и како ресурс за развој на прогресивните медиуми и јавен ресурс во кој креаторите на јавното мислење можат слободно да ги изразат своите ставови и убедувања.

Може да се набројуваат уште проекти и области во кои ЦИВИЛ се појавува како носител на идеи и активности кои се поврзани со суштински интереси, права и слободи на сите граѓанки и граѓани во земјата, но и многу пошироко.

Не еднаш е кажано дека ЦИВИЛ е исклучително мобилна и отворена организација, секогаш и насекаде во непосредна комуникација со граѓанките и граѓаните. Веројатно нема населено место во земјава во кое ЦИВИЛ не бил присутно со свои активности, вклучително и мониторинг на изборните и/или политичките процеси и настани. И тоа секогаш биле активности во кои учествуваат самите граѓанки и граѓани.

ЦИВИЛ учествува или води проекти и во регионот и пошироко. Такви се проектите во доменот на борбата против дезинформациите и пропагандата, како и против дејствувањето на крајната десница. Во портфолиото на организацијата влегуваат проекти чии активности се спроведуваат во Косово, Србија, Грција, БиХ, Германија и други земји низ Европа.

Од самиот почеток на целосната руска агресија против Украина и против демократскиот свет, ЦИВИЛ е највидливата и највлијателната организација која се бори против руската воинствена пропаганда и хибридните напади. ЦИВИЛ е меѓу првите во светот и прва во земјата со недвосмислена и најостра осуда на руската агресија против Украина и против демократијата во светот.

Нашите вредности и определби ги градиме и ги браниме без калкулации и без компромис. По цена на нашето здравје и безбедност, ние секој ден стоиме исправени пред најголемите предизвици за општеството.

Секој ден во ЦИВИЛ започнува со неизвесност – колку нашите стремежи, вредности и заложби ќе успееме да ги претвориме во реалност. Тоа е секојдневна борба. Спремни сме да ја водиме докрај. Годишнината на ЦИВИЛ е свечен чин за десетици илјади граѓанки и граѓани што биле и се вклучени во работата на организацијата.

Еднаш ЦИВИЛ, секогаш ЦИВИЛ! Нека ни е честито!

Tags: Борбата продолжувагодишнинаЦивилчовекови права и слободи
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ