• Latest
Фотографија: 24инфо.мк

Сообраќаен хаос во Скопје, колапс на јавниот превоз, премиерот порача ВМРО-ДПМНЕ да се фати за работа, од 1 декември субвенционирана струја за 230 компании

November 28, 2022
Фото: Глобус

Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

November 16, 2025

Трајниот геноцид на кремљовскиот режим

November 16, 2025
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Повикување во живот

November 16, 2025
Фото: Wikimedia commons

Велика Британија испраќа војници во Босна: Јасна мисија и силен сигнал до Балканот

November 16, 2025
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Сообраќаен хаос во Скопје, колапс на јавниот превоз, премиерот порача ВМРО-ДПМНЕ да се фати за работа, од 1 декември субвенционирана струја за 230 компании

November 28, 2022 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Фотографија: 24инфо.мк

Фотографија: 24инфо.мк

Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Хаос во сообрајќајот во Скопје, колапс на јавниот превоз

Приватните автобуски превозници „Слобода превоз” и „Макекспрес” со блокада, во 7 часот наутро, од околу 30 автобуси на раскрсницата кај Мавровка, односно булеварите „Гоце Делчев” и „Крсте Петков Мисирков”, бараа да им бидат исплатени долговите за да можат да почнат повторно со работа

Протестот  предизвика сообраќаен хаос во Скопје, блокирајќи го центарот на градот. Од приватниот градски автобуски превозник „Слобода превоз“ велат дека не е утврдено времетраењето на протестот бидејќи се планира да трае до исполнување на барањата. Со истите барања е и приватниот превозник „Макекспрес“, дополнително барајќи и продолжение на договрот со Град Скопје.

СДСМ излезе со соопштение дека поради неспособноста и неодговорноста на ВМРО-ДПМНЕ, Скопје за првпат во историјата остана без јавен автобуски превоз, а ЈСП сè подлабоко тоне во долгови.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Ковачевски: ВМРО-ДПМНЕ да се фатат за работа, создадоа хаос и во Скопје и во другите општини

„ВМРО-ДПМНЕ пред точно една година победи на локалните избори во државата. Тие освоија 50 општини во државата, тие освоија локална власт во главниот град во државата. Она што треба да прават е да се фатат за работа… Како што 11 години кога владееја со државата, која беше според сите меѓународни институции прогласена за заробена држава, просечната плата беше 9.000 денари, а сега е 18 илјади денари. Единствено што ги интересираше е да прават споменици“, изјави премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Седум загинати, 35 повредени цивили, меѓу кои и шест деца во рускиот ракетен напад во регионот Вишхород, изјави шефот на главната дирекција на Националната полиција на Украина во Кијивската област Андриј Нибитов за време на националниот телетон.

Руската пропаганда шири лажно видео за украински навивачи во Катар, за кое лаже дека е објавено од Ал Џезира. И самата Ал Џезира потврди дека видеото што го шират пропагандните платформи е апсолутна лажна.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ЕКОНОМИЈА Како дел од антикризните мерки на Владата, над 230 компании кои произведуваат основни прехранбени продукти од 1 декември ќе плаќаат субвенционирана струја, по двојно пониска цена, што треба да предизвика и пад на цените на основните прехранбени продукти во земјава.

ДЕЗИНФОРМАЦИИ Реакција од македонскиот тим во мешовитата историска комисија: Не работиме на утврдување на статусот на МПЦ-ОА туку на претставување на ОА во учебниците по историја

СРЕДБА Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, ќе престојува во Букурешт, Романија, каде ќе учествува на Минхенската лидерска средба, организирана од страна на Минхенската безбедносна конференција каде ќе се разговара за влошената безбедносна ситуација по руската агресија врз Украина, состојбите во Западен Балкан и Црноморскиот регион.

AL-PRESS

Редакциски избор од албански медиуми:

110 години албанска држава, алпинисти на врвот Бистра го развеаја знамето во чест на 28 ноември, Робели го раслојува значењето на Загреб за Албанците

ЦИВИЛ

Таравари, Хоџиќ и Алити на панелот на ЦИВИЛ „На чија услуга е балансерот“

ЦИВИЛ одржуа јавен настан на тема „На чија услуга е балансерот“ на кој учествуваа градоначалникот на општина Гостивар и в.д. претседател на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, Џелал Хоџиќ од Агенција за остварување на правата на заедниците и претседател на СДА и министерот за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити.

ИНТЕРВЈУ

Чадиковски: Формирање на фонд за медиумски продукти, еден од приоритетите на кои ќе работиме во првите шест месеци

Формирање на фонд за медиумски продукти е законско решение на кој ќе работи Здружението на новинари во првите шест месеци од новиот мандат, со цел да се подигне и квалитетот на сите медиуми. Тоа значи дека новинари, групи на новинари, сниматели или фоторепортери, па и самите медиуми ќе можат да аплицираат за добивање пари за креирање на квалитетна содржина, најави претседателот на Здружението на новинари на Македонија, Младен Чадиковски и кандидат за нов мандат во разговор за ЦИВИЛ медиа.

АНАЛИЗИ

„Неоснованото и апсурдно инсистирање дека политиките на Левица се алтернатива и определба на мнозинството граѓани станува јасно ако се знае дека во изборната програма на Левица од последните парламентарни избори во 2020 година партијата се определи за „итно „отчленување од НАТО“ и поништување на Преспанскиот договор, и се наведува дека партијата се залага за „издигнување на билатералните односи со НР Кина на ниво на стратешко партнерство (соработка во рамки на ‘Иницијатива 17+1’ со земјите од Централна и Југо-источна Европа + поддршка на иницијативата ‘Појас и Пат’), со фокус на инфраструктурно поврзување““, вели Зоран Бојаровски во анализата „Партиски билтени на Левица како брифинзи зa креирање на влијанието на Кина во државата“.

„Преку блокадата на Собранието, со цел да предизвика предвремени парламентарни избори, ВМРО-ДПМНЕ започна уште во мај годинава, кога Христијан Мицкоски најави дека опозициска блокада во Собранието е „стратегија што ќе трае“ и нема да биде само „инстант акција“, а причината на блокадата се „сите штетни законски решенија и прописи што доаѓаат од Владата“. Што се крие зад овие барања?“, се вели во анализата на Биљана Јордановска „Предвремени парламентарни избори: Апетити за власт и неодговорно однесување кон клучните процеси во државата“.

Б. Ј.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ