Руската пропаганда шири лажно видео, за кое тврди дека е објавено од Ал Џезира, кое вклучува инцидент со украински навивачи што всушност никогаш не се случил, пренесува Укринформ.
Руската пропаганда дистрибуираше лажна приказна за украинските навивачи кои за време на 22 Светско фудбалско првенство во Катар, наводно, нацртале нацистички поздрав и мустаќи „Хитлер“ на транспарент со маскотата на Светското првенство, Лаиба. Но, една нацистичка приказна се чинеше недоволна, па во извештајот се тврди дека украинските навивачи биле пијани. Исто така, беше објавено дека групата била уапсена откако веќе вандализирала 10 постери. Уште повеќе, наводно Ал Џезира првично го објавила видеото, тврдат Русите.




Лажното видео е направено за да одговара на содржината на YouTube Shorts на Ал Џезира. Всушност, нема такво видео на YouTube или веб-страницата на Ал Џезира.


„Од надлежните органи на Катар веднаш дознавме дека за време на Светското првенство ниту еден државјанин на Украина не бил приведен за сторени незаконски дејствија во земјата домаќин. Во разговорот со раководството на Ал Џезира добивме и информација дека медиумот не извештај за приведување на украински државјани, нема информации за ова и никому не му дал дозвола да го користи неговото лого“, се вели во соопштението на амбасадата.
После тоа и самата Ал Џезира потврди дека видеото што го шират пропагандните платформи е апсолутна лажна.


Подготви: Д. Мишев












































