• Latest

„Златното славејче“ ги олабави блокадите на приватните превозници?! Арсовска ја нема

December 2, 2022
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

„Златното славејче“ ги олабави блокадите на приватните превозници?! Арсовска ја нема

December 2, 2022 18:58
in ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Автобусите на приватните превозници од 6 часот утринава беа паркирани на булеварот „Илинден“ од семаформите после Влада до „МИ-ДА“. Како што беше и најавено, блокирана беше само десната лента од булеварот, пренесува 24инфо.

Околу 200 автобуси и 300 возачи и сопственици на автобуси од приватните превозници на „Слобода превоз“ и „Мак-експрес“ го парализираат главниот град поради неисплатениот долг од страна на ЈСП „Скопје“. Колони на возила може да забележат низ улиците на Скопје а поради блокадите на ,,Илинденска отежнато беше  движењето на сообраќајот и на Партизанска.

Приватните превозници се спремни да почнат со вршење на превозот оној момент кога ќе им биде расчистен долгот, односно барем некој дел од долгот за да може да се надмине целата оваа ситуација, изјави денеска директорот на „Слобода превоз”, Ленин Јовановски.

Тој пред просториите на Град Скопје кажа дека приватните превозници денеска се откажаа од намерата да го блокираат градот на повеќе крстосници од причина што добиле одредени сугестии од граѓаните кои, како што рече, „ги уважиле”, како и поради тоа што денеска се одржува манифестацијата Златно Славејче.

– Денеска одлучија да ја демантираат градоначалничката со нејзините изјави за кои што тврдеше дека приватните превозници имаат 70 автобуси. Тоа вчера го демантиравме на прес- конференција и со документи, а и тука, за да ги види во живо дека се тие околу 200, и, исто така, граѓаните да ги видат. Токму затоа и нема некоја посериозна блокада, туку, како што гледате, е дозволен проток на движење на возилата, рече тој.

Јовановски информираше дека на денешните средби со претставниците на приватните превозници разговарале за можните решенија да се извлече и Градот Скопје, и граѓаните да не страдаат поради ваква криза.

– Градоначалничката не ги прими ниту денеска приватните превозници да ги сослуша во нивните барања, да види дека не станува збор за никаков притисок, никакви закани или слично, како што беше наведено како изговор зошто не сака да седне и да се договори за проблемот, еве, вака, преку вас медиумите за да слушнат и граѓаните и таа дека приватните превозници се спремни да почнат со вршење на превозот оној момент кога ќе им биде расчистен долгот, односно барем некој дел од долгот за да може да се надмине целата оваа ситуација, посочи тој.

Директорот посочи дека доколку добијат некакви сигнали, одговор и решение, на нивниот предлог предлог, тогаш можеби ќе престанат и протестите.

-Во спротивно, оној протест кој што е најавен како помасовна блокада на Градот Скопје, кај Мавровка, Црвен Крст и Булеварот „Илинденска” ќе се реализира во понеделник, рече тој.

Покрај со „Макекспрес“ Градот Скопје го раскина и договорот со „Слобода превоз“ со што дефинитивно единствен автобуски оператор останува ЈСП.

И што од сето ова? Арсовска како да не сака позитивен исход со приватните превозници, им ги раскинува договорите за превоз на патници а они пак го блокираат градот, а во целата оваа лакрдија подебелиот крај го извлекуваат граѓаните на Скопје.

Ова мора и треба во најбрзо време да се реши, зошто со зачестените блокади на градот, освен што е отежнато движењето, невозможно е нормално работење и на институциите.

Градоначалничката со забрзано темпо ја губи поддршката од граѓаните. Скопјани не треба да размислуваат дали на време би стигнале на планираната дестинација. Освен најавените блокади на Илинденска денеска, беше блокирана и булеварот Кузман Јосифовски-Питу пред Народна банка без претходна најава, па така и сообраќајот во овој дел од градот беше закрчен.

Мајката на градот како што и самата сака да се претстави евидентно е дека не постигна ништо од најевеното, а ветуваше многу во предизборието, а се што направи е конфликт прво со ВМРО-ДПМНЕ, а сега со приватните првозници, односно со Јовановски како нивни лидер, а нејзин голем поддржувач пред изборите.

Во предизборната кампања за локалните избори Арсовска како да беше симпатизирана од страна на противкандидатите од помалите политички партии за разлика од својот најголем опонент тогашниот актуелен градоначалник на Скопје, Петре Шилегов.

Петар Георгиевски-Камиказа кои на локалните избори беше кандидат за градоначалник на Град Скопје поддржан од страна на политичката партија Левица во предизборните излагања суптилно и даваше поддршка на Арсовска, за сега по една година мината од изборите вели дека не
чувствува грижа на совест поради однесувањето на актуелната градоначалничка бидејќи таа и за време на вториот изборен круг ја немала неговата подршка.

„Никогаш не сум ја поддржувал. Еве, не можете да ме видите на ниту една фотографија со Арсовска како што е сега појава со тогашните поддржувачи, а кои сега се во кавга со неа. Дури, меѓу двата изборни круга многумина ми забележуваа што во знак на нејзина изборна поддршка не се фотографирам со неа. И тогаш им одговарав дека ќе се кандидирам за претседател на државата и зад мене не треба да стои ниту еден политичар зашто зад мене стојат моите животни успеси“

Во интервјуто за слободна ТВ Петар Георгиевски Камиказа оценува дека од политички аспект актуелната ситуација во Скопје е многу заматена и со неизвесен епилог.

„Видете, состојбата во градот е многу комплексна. Малку вина има во градоначалничката Арсовска, малку вина има во партијата што ја поддржа да стане градоначалничка. Ако партијата или членови на партијата што ја подржуваше ја финансираа нејзината изборна кампања, тогаш и нивните очекувања од неа се легитимни. Таа направи и уште прави грешки во чекори. Едноставно, со стилот на својата работа, Данела не може да се справи со тие кои и помогнале да дојде на местото градоначалничка на Скопје. На пример, тоа нејзиното „рачето во медот“, стана хит. Но, еве, партијата што ја подржуваше излезе од медот и сега – чие раче е во медот?

 

Tags: Град СкопјеДанела Арсовскаприватни превознициПротести
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ