• Latest

Повик до сите политички партии да ја споделат песната Инсиеме/Заедно на своите профили на социјалните мрежи

December 16, 2022

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ГРАЃАНСКА АКЦИЈА

Повик до сите политички партии да ја споделат песната Инсиеме/Заедно на своите профили на социјалните мрежи

December 16, 2022 14:30
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА АКЦИЈА, МУЛТИКУЛТУРА, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Цивил упати јавен повик до сите политички партии да ја поддржат иницијативата за општествено-политичко обединување за европска иднина на нашата земја. Тоа можат да го сторат на едноставен начин: на профилите на социјалните мрежи на партиите, ограноците или на партиските лидери, да го споделат линкот до песната од видео каналот ЈуТуб или од Фејсбук.

Партиите можат својата поддршка за проевропската иницијатива да ја изразат и преку соопштение до јавноста во која ја изразуваат поддршката за Иницијативата на Цивил за општествено и политичко обединување за европската иднина, изразено и преку продукција на македонската верзија на песната Инсиеме/Заедно.

Без оглед на разликите во политичките програмски определби, без оглед на разликите во ставовите и честите препирки во јавноста, најголем дел од политичкиот естаблишмент во нашата земја се согласува барем во едно, а тоа е членството во ЕУ.

Политичките лидери и претставнички и претставници на политичките партии треба да ја искористат можноста да им се придружат на музичките ѕвезди и граѓанското општество и јасно да го изразат својот став околу стратешкиот интерес на нашата држава – членство во ЕУ.

Северна Македонија долго чекаше на мигот кога ќе започне со преговори за полноправно членство во најмоќниот сојуз на демократските држави во светот – Европска Унија. Во таа определба, нашата земја ја ужива поддршката од најголемите и најсилните демократии во Европа и во светот.

Македонските граѓанки и граѓани заслужуваат да бидат дел од големото европско семејство. За да стасаме до целта побрзо, потребно е општествено-политичко обединување за македонската иднина во Европа.

По иницијатива на ЦИВИЛ – Центар за слобода, македонските ѕвезди деновиве создадоа македонска верзија од познатиот италијански хит „Инсиеме/Заедно“ со која Тото Кутуњо победи на Евровизија во Загреб 1990 година. За рекордно кратко време, со ретко виден ентузијазам и посветеност, македонските естрадни уметници го дадоа својот придонес – пееја за Европа.

Време е и политичките лидери да проговорат во еден глас – за Европа, за членство во ЕУ.

За европска иднина на сите граѓанки и граѓани на Република Северна Македонија.

ЦИВИЛ

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ЕУЗаедноинтеграцииобединувањеполитички партииЦивил
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result