• Latest

Повик за субвенции за нови авиолинии, „чобане врати се“, нема реална закана за безбедноста на државата

December 20, 2022
Фото: Глобус

Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

November 16, 2025

Трајниот геноцид на кремљовскиот режим

November 16, 2025
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Повикување во живот

November 16, 2025
Фото: Wikimedia commons

Велика Британија испраќа војници во Босна: Јасна мисија и силен сигнал до Балканот

November 16, 2025
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Повик за субвенции за нови авиолинии, „чобане врати се“, нема реална закана за безбедноста на државата

December 20, 2022 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Повик за субвенции за нови авиолинии, 7 евра по патник од Скопскиот, 4,5 евра од Охридскиот аеродром

Државата ќе доделува субвенции од седум евра по патник за нови авиолинии што ќе бидат воведени на Скопскиот аеродром и по 4,5 евра по патник од аеродормот во Охрид, со јавниот повик за финансиска поддршка за наредните три години, што го објави денеска Министерството за транспорт и врски, а на кој за разлика од претходно ќе можат да се изберат повеќе авиокомпании.

За следната година, во буџетот се предвидени 1,1 милион евра за оваа намена.

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски на прес-конференција рече дека повикот е различен од претходните и на него можат да се изберат повеќе авиокомпании, како и дека е во согласност со политиките на фер и конкурентски услови согласно регулативата на Европска Унија.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

„НАТО не е само безбедност, туку и економска шанса. Со членството во НАТО се создаде една голема можност компаниите од нашата земја да учествуваат во нивните тендерски постапки и да понудат производи кои би можеле да ги испорачаат за потребите на НАТО алијансата. Се работи за еден значителен буџет, којшто се мери во милијарди евра“, рече министерката за одбрана Славјанка Петровска на денешната промотивна средба одржана во Комората. Таа истакна дека до сега постапка за регистрација за учество на НАТО јавните набавки имаат направено 23 компании, и ги охрабри и другите компании да ја искористат оваа можност, и со тоа заеднички да придонесеме за јакнење на економијата во државата.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ЕКОНОМИЈА Инфлацијата и цената на енергенсите се најсериозни ризици за работењето на компаниите во 2023 година. Деведесет и четири проценти од компаниите сметаат дека се потребни нови финансиски мерки за ублажување на последиците од енергетската и економска криза, а 53 отсто сметаат дека инфлацијата расте, покажува анкетата на Асоцијацијата на странски компании со технолошко напредно производство.

СТРУЈА Ќе испратиме јасен сигнал до потрошувачите кои штедат, дека ќе имаат намалени трошоци на електрична енергија, истакнува за МИА претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги Марко Бислимоски по состанокот на 53-от Борд на регулатори на Енергетската заедница што се одржа во Атина.

БЕЗБЕДНОСТ Во овој момент нема реална закана за безбедноста на државата и тоа е она што граѓаните треба да го знаат. Не оставаме ништо на случајност и службите, секоја во своја надлежност преземаат дополнителни мерки за гарантирање на безбедноста, вели министерката за одбрана Славјанка Петровска.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Окупаторите во Мелитопол го повторуваат сценариото за повлекување од Херсон, над 200 тела допрва треба да се идентификуваат во деокупираниот регионот Харкив.

*

Руската пропаганда сервира лажни вести пред Божиќ. Русија се обидува да ги натера Украинците кои зборуваат руски да немаат доверба во Православната црква на Украина. На руските информативни сајтови и каналите на Телеграм кружи фото „објава“, наводно објавена на вратата на храмот на Православната црква на Украина.

СВЕТ

Комитетот на Претставничкиот дом што го истражува нападот на Капитол од 6 Јануари, го обвини Доналд Трамп за поттикнување бунт, заговор за измама на САД и уште две федерални злосторства. Комитетот препорача тој да се соочи со кривична пријава – првпат во историјата на САД Конгресот упатува поранешен претседател на кривично гонење, пренесува Њу Јорк Тајмс.

*

Поранешна секретарка на ЕсЕс командантот на концентрациониот логор „Штутхоф“, Ирмгард Фурхнер најверојатно ќе биде последна на која и се суди за нацистички воени злосторства.

На 97-годишната Фурхнер (97) ѝ се суди повеќе од една година, а пресудата треба да биде изречена денеска. Таа е обвинета за учество во 11.412 убиства за време на нејзината работа во логорот „Штутхоф“, којшто се наоѓа близу денешен Гдањск, Полска.

РЕГИОН

(ИЗБОР) Албански медиуми: Српски тензии со руски корени, ердоганизмот како храна за рамизмот и беришизмот, Латинка Перовиќ за Косово е повеќе од почит и сеќавање

СЛОБОДНА ЗОНА

„Јавното мислење е силна јадица и за навигација на политиките и за медиумите.

Па, медиумите секако анкетата ја употребија како одличен „спин колач“ што го расекоа според сопствените апетити за „слатко“. Па, така, иако станува збор за бројки и факти, процентите ги нивелираа во привлечни наслови за потребната цел“, пишува Ана Василевска во колумната „Pastor, vuelva pastor es que ovejas no pueden ser sin te, или како овците го љубат овчарот кој им овозможува да го хранат“.

Д. Муратов

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ