• Latest

Системски решенија како одговор на глобалната криза со храна и енергија

December 21, 2022

Втор ден Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“: Заштита на демократијата и изборниот интегритет

October 9, 2025

Левица загуби во суд против АВМУ за тужбата за платено политичко рекламирање

October 8, 2025

Ѓорѓиевски ветува нов стадион и културен дом за Шуто Оризари; Митески носи соларна револуција во Аеродром; Касами вели дека по 20 години, Тетово конечно добива ново училиште; Меџити стартува кампус од 40 милиони евра во Чаир

October 8, 2025

Најстрога казна од три години затвор добија тројца обвинети за создавање диви депонии во Вардариште

October 8, 2025

Отворена онлајн база за евиденција на случаи на насилство во Србија

October 8, 2025

Уапсена жената на Зекирија Шахини – советникот на ДУИ во кој вчера беше пукано во Куманово

October 8, 2025
Фото: Фејсбук Христијан Мицкоски

Од цврсто НЕ за предвремени, до можност за избори по локалните – најави Мицкоски

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Insight 360 News USA

Најмалку 24 лица загинаа откако хунтата изврши бомбардирање со параглајдер на будистички фестивал во Мјанмар

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на
TODAY

Зетот на Трамп и специјалниот пратеник Виткоф се приклучија на мировните преговори за Газа во Египет

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на 24 Канал

Проукраинските партизани предизвикаа излетување од шините на возот со воен товар во руската Ленинградска област

October 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Системски решенија како одговор на глобалната криза со храна и енергија

December 21, 2022 13:01
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

На конференцијата со наслов „Поглед подалеку“, што се одржа денеска во Скопје во организација на Обединетите нации, претставници на повеќе агенции на ОН заедно со меѓународни експерти и претставници на владата дискутираа за клучните мерки што Република Северна Македонија ги презема и треба да ги планира во иднина со цел надминување на предизвиците во кризата со храна и енергија.

„Сегашната криза на многу начини е без преседан. Сепак, основните причини и двигатели не се ниту нови, ниту изненадувачки, и ја одразуваат нашата неспособност да дадеме доволно голем приоритет на унапредувањето на Целите за одржлив развој. Политичките решенија се сложени. Треба да одговориме на непосредните потреби за избавување на луѓето од сиромаштија, но исто така треба да ги поддржиме бизнисите со цел да се зачуваат работните места, со конкретни мерки за да обезбедиме најдобри можни резултати со расположливите ресурси. Најважно, политиките треба да бидат системски, одржливи и визионерски за да се осигура дека, и покрај предизвиците, ќе останеме силно фокусирани на одржлив раст и развој. За тоа се потребни навремени и точни податоци, соработка и координација“, рече Постојаната координаторка на ОН, Росана Дуџак на отворањето на конференцијата.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи за време на панелот истакна дека проблемите треба системски да се решаваат.

„Ако системски не се решаваат, проблемите се зголемуваат. Пример, сме зборувале за дигитализација со години, но, тоа било само , површински, а не суштински. Дигитализацијата бара суштинска промена на однесувањето на чинителите и на граѓаните. Ние не сме влегле во било кој сегмент да го решаваме проблемот на начин на кој треба да го решаваме“, вели Битиќи. „Во врска со енергетската криза сфаќаме дека производството е битно, но сме знаеле дека 35 отсто сме зависни од увоз на енергија. Тоа било убаво оти цената била добра. Штом доаѓа криза сите прашуваат зошто не се решава проблемот. Тој проблем не се решава преку ноќ. Проблемот е пак системски. Требало да почне да се решава пред 10 години и тоа во областа на алтернативните енергиии. Зелената енергија. Ние сега со малку интервенции се обидуваме да ги враќаме олдтајмерите во сообраќај. Но тоа не е решение. Решение е зелената енергија, транзиција кон зелена енергија“, додаде вицепремиерот за економски прашања.

Заменик претставникот на УНИЦЕФ, Артур Ајвазов, посочи дека шоковите од растот на цените несразмерно ги погодуваат домаќинствата со повеќе деца и посиромашните семејства, поради нивните пониски приходи и поголемото учество на потрошувачката на храна и енергија во буџетот на нивните домаќинства. Зголемувањето на цените на храната им остава на овие семејства многу малку средства за подмирување на другите основни потреби. Ајвазов посочи дека Владата треба да размисли за дополнителни мерки со цел  да го намали товарот врз децата и другите ранливи групи, вклучително и со проширување на пристапот и обемот на постоечките парични трансфери и да осигура дека буџетската криза нема да ги наруши основните услуги во здравствената заштита , социјална заштита и образование.

Во обраќањето на конференцијата, заменик регионалниот претставник на ФАО за Европа и Централна Азија, Набил Ганги, истакна дека од долгорочна перспектива, важно е да се разгледаат структурните причини за кризата со храна, а со цел подобар пристап во решавање на овој проблем треба да се прави разлика меѓу прашањата кои влијаат на пристапот до храна и прашањата кои се однесуваат на достапноста на храната. Во однос на пристапот до храна, ситуацијата е повеќедимензионална и ја одразува сложената меѓусебна поврзаност помеѓу кризата со храна, енергија и финансии. Според Ганги, за справување со предизвици со обезбедноста со храна, предизвикани од тековните кризи, потребен е пристапот на„земјоделско-прехранбени системи“, што ФАО го промовира во насока на дејствување надвор од вообичаените секторски рамки. Тоа е систематска комбинација на политики, инвестиции и решенија фокусирани на одржливи подобрувања во продуктивноста и ефикасноста, поголема отпорност и обезбедување на доволно здрава храна за сите.

„Емпириски истражувања покажуваат дека добро развиениот финансиски систем може да го зголеми растот и до 1 п.п., а уште поважно и да ја намали сиромаштијата. Финансиските системи придонесуваат за поттикнување на заштедите и нивно насочување во инвестиции кои се важни за зголемување на обем на капитал и продуктивноста коишто пак се главни детерминанти на долгорочниот раст“, изјави гувернерката на НБРСМ, Анита Ангеловска – Бежоска.

„Значењето на финансиите е особено големо во овие кризни околности кои ги потенцираат структурните слабости и потребата за зелена и дигитална трансформација на економијата. Кај нас позитивно е што кредитната поддршка за зелена трансформација расте, односно кредитите за ова намена во изминативе три години забележаа раст од 80%“, вели Ангеловска Бежоска.

Според Постојаниот претставник на УНДП, Армен Григорјан, кризата најверојатно ќе продолжи и во 2023 година и тешко е да се предвиди во која насока ќе се развиваат работите.

„УНДП и другите агенции на ОН во земјата, заедно со другите развојни партнери се тука да ги поддржат институциите и граѓаните и да придонесат за јавниот дијалог и градењето консензус околу конкретните политики и други мерки кои ќе придонесат за справување со тековните развојни предизвици и влијанието на глобалната криза. Меѓутоа, сега имаме подобро разбирање за ранливостите и основните причини за кризата, внатрешните и надворешните фактори и предлагаме системски патишта како одговор на кризата. Една од работите на кои треба да се посвети внимание е сивата економија, која според истражувањата изнесува некаде околу 35 отсто да влезе во системот, да се плаќаат даноци. Втора работа е поттик на малите и средни претпријатија и регионалната соработка“, рече Григорјан.

Цел на агенциите на Обединетите нации, УНДП, ФАО и УНИЦЕФ, е заедно со националните и меѓународните  партнери, да се изнајдат одржливи и долгорочни решенија кои ќе дадат одговор на потребите на ранливите групи и истовремено ќе подржат раст и развој, во услови на висока инфлација и скромни финансиски ресурси, се вели во соопштението на УНДП.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: енергијаконференцијакризаУНДП. УНИЦЕФФАОхрана
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    153 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    147 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украина ги прекинува дипломатските односи со Никарагва

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ