• Latest

Конгресот на САД го измени Законот за броење електорски гласови

December 24, 2022

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
Фото: МИА

ЕУ подготвува нови правила за проширување: Построги услови, постепена интеграција и „заштита од тројански коњи“

August 25, 2026
фото: ВИ

Неплатените државни обврски се приближуваат до 700 милиони евра, над 315 милиони евра кон приватниот сектор

August 25, 2026

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Конгресот на САД го измени Законот за броење електорски гласови

December 24, 2022 10:35
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Американскиот Конгрес го смени законот стар речиси 150 години со кој се регулира официјализирањето на резултатите од претседателските избори. Потегот е преземен со цел да се спречат идни обиди за оспорување на изборните резултати, како што тоа го направи во 2021 година поранешниот претседател Доналд Трамп, пренесува МИА.

Претставничкиот дом синоќа ги усвои амандманите на Законот за броење гласови како дел од многу поголемиот законодавен пакет вреден 1,7 трилиони долари, кој претходниот ден беше усвоен од Горниот дом, Сенатот. Законот сега треба да го потпише американскиот претседател Џозеф Бајден, по што ќе стапи на сила.

Во соопштение Бајден го пофали вклучувањето на таа регулатива во законодавниот пакет и ја нарече „витална двопартиска акција што ќе помогне да се обезбеди изразената волја на народот“.

Измените во Законот за пребројување на гласовите се најзначајниот одговор на Конгресот досега на агресивните напори на Трамп да го поткопа легитимитетот на претседателските избори во 2020 година, кои ги загуби од Бајден.

Тој потег беше препорачан и од специјалниот комитет на Претставничкиот дом, кој спроведе истрага за насилниот упад на бунтовничката толпа во зградата на Конгресот на 6 јануари 2021 година. Законот за пребројување на гласовите, донесен во 1887 година, долго време беше критикуван дека е лошо напишан и конфузен. Неговите промени добија поддршка и од Демократската и од Републиканската партија на САД.

 

Tags: БајденгласовиКонгрес на САДТрамп
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ