• Latest
Фото: МИА

Ангеловска-Бежоска: Догодина постепено забавување на инфлацијата, структурни реформи за отпорност на економијата

December 31, 2022
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обнова: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски (фото извор: МДТ)

Денеска се промовира проектот „Везилка“: Центар за вештачка интелигенција вреден 6 милиони евра

June 24, 2026
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Ангеловска-Бежоска: Догодина постепено забавување на инфлацијата, структурни реформи за отпорност на економијата

December 31, 2022 13:57
in ЕКОНОМИЈА, ИЗЈАВИ
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Догодина очекуваме постепено забавување на инфлацијата, којашто на среден рок би се вратила на историските стапки од околу  два процента, вели гуверерката на Народната банка Анита Ангеловска Бежовска, во новогодишна  белешка, порачувајќи дека  се неопходни структурни реформи коишто ќе ја зајакнат отпорноста на економијата, како одговорно, стратешки и одржливо делување на носителите на политиките.

Таа потсетува дека годинава го одбележавме јубилејот 30 години монетарна самостојност и посочува дека во услови на бројни кризни епизоди и историски премрежиња во изминативе три декади, одржувањето на монетарниот суверенитет бараше голема посветеност, професионалност  и лидерство од страна на централната банка, но и поддршка од другите општествени чинители.

-Работејќи по принципот acta non verba, чекор по чекор ја градевме оваа институција, вложувајќи во нејзиниот човечки потенцијал, без што ќе беше невозможно да се зачува и да се јакне монетарната стабилност. Ја задржавме стабилноста на денарот, еден од симболите на нашата државност и сидрото на стабилноста на нашата економија. Но, секоја паричка има две лица, а секој период има и добри и лоши страни. Така и оваа 2022 година, за жал, во светската историја ќе биде запомнета како уште една кризна година ‒ година во која започна војна на европска почва, година на енергетска криза, година во која светот забележа една од највисоките стапки на инфлација во изминатите неколку децении. Токму поради тоа и сите централни банки, вклучително и ние, го променивме долгогодишниот курс на монетарната политика и започнавме со циклусот на нејзино затегнување, вели гувернерката на НБ.

Целта на овие промени, укажува, е да го стабилизираме растот на цените, да спречиме намалување на куповната моќ на граѓаните и да обезбедиме предвидливост во носењето на одлуките. Всушност, тоа го правиме успешно во изминатите три децении, период во којшто само во неколку наврати кај нас се забележани повисоки стапки на инфлација. Овие епизоди, како и сегашната,  објаснува гувернерката, во голема мера беа одраз на надворешни шокови коишто влијаеја врз нашата мала, отворена и енергетски зависна економија, но и на структурните слабости на економијата на кои во изминативе декади не им беше обрнато соодветно внимание. Низ годините, Народната банка успешно им одговараше на овие предизвици и со своите мерки и политики доследно се придржуваше кон своите цели – стабилна валута и стабилни цени.

-Будно ја следиме и оваа кризна ситуација и подготвени сме да преземеме натамошни чекори за да ја осигуриме среднорочната ценовна стабилност, којашто е предуслов и за одржлив економски раст и за подобар живот на граѓаните. Догодина очекуваме постепено забавување на инфлацијата, којашто на среден рок би се вратила на историските стапки од околу  два процента, вели Ангеловска Бежоска.

Според неа, годинава нѐ научи дека секогаш треба да мислиме и да делуваме еден чекор понатаму ‒ светот се соочува и допрва ќе се соочува со крупни промени, меѓу другите климатските и енергетските предизвици, но и дигитализацијата.

-Повеќе од очигледно е дека главниот акцент треба да се стави на одржливоста ‒ одржлива енергија, одржливо земјоделство, одржливи финансии. Затоа се потребни структурни реформи коишто ќе ја зајакнат отпорноста на економијата, па оттука сите ние кои сме носители на политики треба да мислиме и да делуваме одговорно, стратешки и одржливо. На сите ви посакувам успешна и многу подобра 2023 година!, наведува во новогодишната честитка гувернерката.

Tags: Анита Ангеловска Бежовскаинфлацијанародна банкареформи
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ