• Latest

Павловска: „Скопје 2014“ е налудничав перформанс!

August 26, 2016
Фото: Скринчот од видео на TRT world/ Instagram

Крајнодесничарски израелски министер провоцира молејќи се на најчувствителното свето место во Ерусалим, прекршувајќи го деценискиот договор за забрана на Евреите да се молат таму

August 3, 2025

„Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

August 3, 2025
Фото: Амбасадорката на Умраина во Северна Маледонија Лариса Дир / Х

Амбасадорката Дир: Благодарност до Општина Кавадарци и градоначалникот Јанчев за 2 недели мир, радост за украинските деца погодени од руските нападите

August 3, 2025
Фото: Демократска унија за интеграциа / Фејсбук

(ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

August 3, 2025
Фото: Здружението на палестинска црвена полумесечина сподели фотографии на кои се гледаат големи штети на неговото седиште.

Хуманитарна организација ја обвини израелска војска дека убила нејзин работник во напад врз седиштето во Газа

August 3, 2025
Украинските службеници за спроведување на законот приведоа осомничен за наводно вмешаност во шема за поткуп на високо ниво, откриена од антикорупциските агенции на 2 август 2025 година. Фото: Национално биро за борба против корупцијата / Телеграм

Украинските антикорупциски агенции открија шема за поткуп во набавката на дронови во која се вклучени пратеници

August 3, 2025
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Што беше тоа швенк?

August 3, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Републиканците го критикуваат Трамп за отпуштањето на шефицата на Бирото за статистика на трудот – не му се допаднале податоците за забавување на работните места

August 3, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Хамас одбива да се разоружа додека не се воспостави палестинска држава со Ерусалим како главен град

August 3, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Denver7

Нов силен земјотрес од 6,7 степени според Рихтер ги погоди Курилски Острови на истокот на Русија

August 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Павловска: „Скопје 2014“ е налудничав перформанс!

August 26, 2016 14:25
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Даница Павловска, архитект и експерт за просторно планирање, за ЦИВИЛ Медиа зборува за „естетиката“ на проектот „Скопје 2014“, како „една грда разгледница“, од која, постои опасност, граѓанинот да остане рамнодушен. Тргнувајќи од тезата дека за „Скопје 2014“ се трошат ресурси и средства кои државата Македонија ги нема, Павловска смета дека треба да се повикаат и казнат оние кои го замислија и спроведоа овој проект, но и дека, за жал, „живеењето со таа квазиестетика, нашиот човек ја прима како нужност!“

ЦИВИЛ Медиа: Каков е вашиот став за проектот „Скопје 2014“?

ПАВЛОВСКА: Најкраток опис – тоа е  еден налудничав перформанс! Толку е апсурден што е тежок и за разбирање, не само  затоа што ја нема својата суштина која би требало да се толкува, туку затоа што и неговата појава во последните седум години станува толку банална, што граѓанинот за кого проектот треба да постои, станува рамнодушен. Тоа подразбира дека не мора да не го сака, туку, дека не може ни да го мрази! Живеењето со таа квазиестетика, нашиот човек ја прима како нужност! Се надевам дека ќе се потруди тоа да се смени. Нормално, во целата оваа приказна стручноста досега е одбегнувана, а јас, како репрезент на архитектите, навистина сметам дека утре ќе бидеме сослушани.

„Скопје 2014“ нема ни географски, ни временски, ни економски контекст… Нема ни културолошки, ни социолошки, тој е едноставно, еден обид да се смени идентитетот на македонскиот народ, затоа што има претензии да даде таква порака, но не е прифатен никако во таа смисла. Смешно е да се брише историјата и да се испишува некоја друга! И не е одговорно. Затоа, мислам дека треба да се повикаат и казнат оние кои тоа го направија.

За мене, последиците се најстрашни во културолошка смисла. Има чудна порака, но уште почудна појавност, а најчудно во таа  смисла е влијанието кое го има врз нашиот човек, во културолошка смисла. Тој не смее оваа наметната естетика да ја прифати. Тоа е зло, а јас гледам дека на новите генерации им се нуди како нешто што треба да го осознаат и да го примат како критериум. Тоа не смее да се случи! Секако, мислам на иднината на нашиот човек, но мислам и на градбите. Тие мора да претрпат ре-архитектура, иако јас  таквото нешто не го именувам како архитектура. Тоа е една материја, но во вештите раце, во промислените глави, ќе се најде нешто избавувачко од овој процес, кој сé уште трае и не води од ден – на ден, во нов културен шок. Дури не сакам да ги именувам нештата како Панорамско тркало или некаквo спомен-обележје на Мајка Тереза, коeшто тоа не е, или нешто што во скоро време е така нафрлано, во една грда разгледница за Скопје.

ЦИВИЛ Медиа: Како се градеше „Скопје 2014“? Како во таа „плејада“ на нови споменици, мостови, спомен-обележја и згради, подоцна се вселија и институции, министерства, музеи…?

ПАВЛОВСКА: Мешање на функционалните содржини во нашата струка е нешто што мора да има логичен редослед. Ова што е направено во проектот е апсолутно нелогично. Најмногу за корисниците на просторот, што значи, и за објектите и нивното опкружување е јасно дека има неспоиви содржини на едно исто место и тие тешко или воопшто не функционираат. Затоа и постојат урбанистичките планови кои тоа до детаљ го обмислуваат и затоа е и лошо што уште во процедурата, кога се донесуваше одлуката, не се направи соодветна урбанистичка документација, туку подоцна, без никаква научност. Тие случајни одлуки во однос на градбите, нивното лоцирање, обликување, па дури и нивната содржина, направија една папазијанија

ЦИВИЛ Медиа: Колку граѓанинот понатаму ќе одлучува што ќе се случи со „Скопје 2014“, а колку ќе се прашуваат стручните лица?

ПАВЛОВСКА: Нашата јавност, општата, но и стручната јавност, нема критична маса за покренување на вакви големи прашања. Дури и граѓанскиот сектор, каде јас сум активист, со сето она што го правевме како процес за заштита на ГТЦ. „Го сакам ГТЦ“ беше движење за заштита на комплексот кој има универзални вредности, дури и тој бледнееше во перцепцијата на нашиот граѓанин. Таа апатичност ги опфаќа не само стручните слоеви, туку и обичниот граѓанин кому му пречи немоќта. Вистинската моќ е во негови раце, само треба да постои некоја повисока свест за тоа. Немоќта произлегува од режимот којшто владее. Режимот се менува и треба да се промени. Затоа е добро граѓаните да знаат дека е во нивни раце следното политичко одлучување во однос на сé она што е во нивен интерес, а особено за јавниот простор. Во таа смисла, очекувам граѓанинот да биде поагресивен, промислен, продлабочен… Пожелно е да се прочита, да се препознае намерата на политичарите кога се трудат да освојат власт и нудат некакви проекти.

Нашиот законодавен систем, од друга страна, не е совршен и тој допрва треба да созрева, за да ги следи демократските процеси на овие простори. Оваа наша земјичка, колку е нова, толку е и млада, и во таа смисла, деструкцијата е многу пострашна. Ако во првите десет години од постоењето на оваа држава сме направиле некаков исчекор, многу е болно да се враќаме наназад во следните дваесет години. Особено ни е тешко нам, на генерациите кои сме вложиле во тоа, затоа што се има впечаток дека на помладите ја оставаме државата  во бедна состојба.

ЦИВИЛ Медиа: Постои ли можност „Скопје 2014“ да ни остане како спомен и наследство од овој период? Дали ќе можеме до темел нешто да промениме и да го смениме ликот на градот или ќе ни остане како црна дамка?

ПАВЛОВСКА: Јас како вљубеник во Скопје сметам дека ликот на градот постојано ќе се менува. И оваа промена е некаква судбинска, која ни се случува и која ќе ја одживееме зависно од нашиот однос кон градот како субјект. И ќе ја надминеме на начин којшто, се надевам, ќе биде доволно коректен и цивилизациски. Како што настануваше тој проект, без никаква аналитика, студии, без соодветна визија и без обнародување што е многу битно, така сметам дека следните чекори треба да бидат на ниво на проценка што е тоа што треба да се оттргне, што ни штети, а што од тоа ќе треба да остане. Има некои последици кои едноставно се непоправливи. Таа девастација на простор, како ние што ја нарекуваме во нашиот речник, значи – просторот ги нема веќе референците што ги носи, не е употреблив е најочигледна во регулацијата на реката Вардар, каде никнаа нови објекти кои се исто толку бесмислени. Едноставно, тие не мораат, не треба да бидат на тоа место и такви кави што се. Тешко е да се каже дека регулацијата на реката Вардар ќе биде во функција по овој атак што е направен со овие градби. Остануваат лузни, со кои мене Скопје пак ќе ми биде убаво.

ЦИВИЛ Медиа: Можно е природата да си го направи своето, да направи бришан простор?

ПАВЛОВСКА: Во однос на времето или забот на времето, да – постои можност. Поради материјалите со кои се изградени. И за тој термин се прашувам, зашто многу често го употребуваме изразот сценографија што асоцира директно на многу слаб квалитет на материјалите. Очекувањата се тие да бидат многу бргу разбиени, разорени, уништени или ќе бараат огромни средства за да се одржуваат. Секоја стиропорска облога, така поставена, брзо ќе се амортизира. Истовремено, таа преставува многу висок ризик од пожар. Тие материјали се лесно запаливи, а ние како фела, навистина апелиравме дека е опасно. Имаше еден пожар уште во градбата и тоа нешто требаше да сугерира да се застане со реализација. Мојата конечна теза е монаториум на проектот „Скопје 2014“! А, тоа значи стопирање, еве, ќе видиме што е направено и како е направено досега, но не повеќе. Ако може да се застане, наједноставен е чинот на преиспитување, ќе видиме што понатаму, но да не се гради, да не се вложува повеќе… Тоа е болниот момент за нашата сиромашна држава. Немаме ние таков буџет да си дозволиме над 600 милиони евра за декор.

Биљана Јордановска 

Камера: Атанас Петровски

Print Friendly, PDF & Email
Tags: архитектураГТЦМакедонијаСкопје 2014Цивил
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

    Збрка и будалаштина

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • (ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • „Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • УЈП привремено затвори пет субјекти во државата, за други пет даночни обврзници привремена забрана за вршење дејност

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Пропагандата гази и преку мртви тела: Две човечки жртви во пожарите, за ВМРО-ДПМНЕ се – нула

    87 shares
    Share 35 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ