• Latest
Фото/ Еди Рама од неговиот Фејсбук профил со лидерите на албанските политички партии

Заврши средбата во Тирана – „Вечера за почеток на новата година“

January 11, 2023
Кијив, 14 октомври 2026

Руски ракетен терор врз домовите и електраните: Четворица загинати во Кијив, стотици илјади без струја по руските напади

October 14, 2026
Зеленски - Трамп во Овалната соба, 28 јули 2026

Occupy Democrats: Зеленски го прозва Трамп поради стопирањето на предупредувањата за руските ракетни напади

October 14, 2026

Банките заработија над 1,1 милијарда евра за пет години: Кој и колку добива од рекордните профити?

October 14, 2026

Груби излезе од куќен притвор, пасошот останува одземен – судењето за „Лотарија“ продолжува

October 14, 2026

Четворица загинати во Харкив, балистички ракети врз Кијив – рускиот терор продолжува и по најавеното примирје

October 13, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Се снајде на туѓа сметка

October 13, 2026
Михаил Звинчук, аеродром Шереметјево, Москва, 11 октомври 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Звинчук се врати во Москва: „Рибар“ најавува продолжување на активностите на Балканот – се открива улогата на руските разузнавачки служби и „Ростех“

October 13, 2026
Ива Михаилова (фото извор: МРТ)

Случајот „Ива Михаилова“: Меѓу правото на лекување, бегството од правдата и политичкото профитерство

October 13, 2026

ВОЈНАТА СÈ ПОБЛИСКУ – Црното Море, бојно поле пред портите на НАТО: Дронови потопуваат бродови, Бугарија бара одговори од Москва и помош од НАТО и ЕУ

October 13, 2026

Безглави агенти

October 12, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ТОП 5

Заврши средбата во Тирана – „Вечера за почеток на новата година“

January 11, 2023 01:49
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Фото/ Еди Рама од неговиот Фејсбук профил со лидерите на албанските политички партии

Фото/ Еди Рама од неговиот Фејсбук профил со лидерите на албанските политички партии

Share on FacebookShare on Twitter

Доцна вечерва заврши средбата меѓу лидерите на албанските политички партии во Северна Македонија со премиерот на Албанија Еди Рама која се одржа во Тирана. На средбата, освен албанскиот премиер Рама присуствуваше и министерката за Европа и надворешни работи, Олта Џачка. Рама на Фејсбук објави фотографија од средбата со новогодишна честитка до сите Албанци, како што наведува, каде и да се.

По средбата, лидерите на партиите на Албанците оценија средбата како братска, релаксирана во чиј фокус била заедничката европска иднина на двете земји.

Претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети по средбата со премиерот Рама даде изјава, каде рече дека главното прашање на разговорот била соработката меѓу Северна Македонија и Албанија за членство во ЕУ како единствен начин да се запре заминувањето на граѓаните.

„Целото внимание беше насочено кон заедничките случувања. Имаше некој вид предавање на премиерот Еди Рама за предизвиците и заедничките напори што се направени, како и за напорите што мора заедно да се направат кон отворањето на првото поглавје за членство во Европската Унија.  Значи, двете земји мора да се координираат за да го скратат патот кон членството во ЕУ за да ја запрат големата имиграција од нашите две земји. Се споменуваше и примерот на Шпанија и Португалија, бидејќи во моментот кога тие станаа членки на ЕУ, огромното мнозинство Шпанци и Португалци беа вратени нивните земји. Тоа беше суштината на разговорот. Напуштањето на земјата може да се спречи само со приближување на западните стандарди. Тоа беше суштината на разговорот“, изјави Ахмети за медиумите во Тирана.

На новинарско прашање дали оваа средба може да биде злоупотребена од македонската опозиција, Ахмети изјави дека нема причина за тоа.

„Мислам дека нема причина да се злоупотреби оваа средба, бидејќи разговаравме за заедничките судбини на нашата земја и на Албанија“.

Што се однесува до бојкотот на Движењето Беса на оваа средба, Ахмети рече дека претставниците на оваа политичка партија покажале политичка незрелост со тоа што не учествувале.

„Движењето Беса покажа политичка незрелост, таква средба не требаше да се избегне, било во Тирана или во Скопје. Добро е луѓето да не видат заедно“ – додаде Ахмети.

Таравари: Нема дилеми дека албанските партии се за евроинтеграции

По средбата, првиот човек на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари изјави дека средбата повеќе наликува на вечера за почеток на новата година.

Тој нагласи дека на средбата се разговарало за предизвиците што ги очекуваат нашите две земји на патувањето кон ЕУ и оти го уверил премиерот на Албанија дека не постои албанска партија која е против интеграцијата на земјата во ЕУ и со тоа дека се за уставни измени.

„Средба за почетокот на годината. Општа анализа на ситуација во Северна Македонија и Албанија и во регионот. Анализа на руската инвазија врз Украина. Економската состојба во Македонија и Албанија. Разговаравме и за заедничката иднина на Албанија и Македонија во насока на Европската Унија. Имавме и поминавме заеднички предизвици. Сега како две земји од НАТО посакуваме и се надеваме, беше заеднички заклучок да ги започнеме и продолжиме преговорите за Европската унија. Истовремено да се приклучиме во Европската унија. Сите албански политички партии кои беа тука апсолутно ја поддржуваат оваа идеја и се на оваа линија. Кај ниту еден партиски лидер нема сомнеж дека Македонија треба да го следи патот кон Европската унија“, рече Таравари во изјава пред медиумите која ја објави на социјалните мрежи.

За тоа дали се разговарало за уставните измени што треба да се случат во Северна Македонија, Таравари рече дека нема албанска партија која е против уставните измени.

Тој додаде дека нема усвоени заклучоци од средбата, дека повеќе се разговарало за досега постигнатото.

Тачи: Разговаравме за нашата заедничка иднина во ЕУ

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, по оваа средба изјави дека не разговарале за ништо конкретно, освен за заедничката иднина на двете земји во Европската унија.

„Братска средба си посакавме една на друга и на сите Албанци нова година. Зборувавме за нашата заедничка иднина на патот кон Европската унија, а не за нешто поконкретно. Ви благодарам! Среќно!“, рече Тачи, пренесува ТВ21.

Гаши објави фотографија од заедничката средба

Претседателот на Алтернатива Африм Гаши на својот профил од социјалната мрежа Фејсбук објави фотографија од средбата со порака “За добра европска година за нашата нација и за нашите две земји!

Н.Абдурахмани

Tags: Али АхметиАфрим ГашиЕди РамаМендух Тачи
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ