• Latest

Новинарите утре на протест за ослободување на Зоран Божиновски

August 31, 2016
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Новинарите утре на протест за ослободување на Зоран Божиновски

August 31, 2016 13:45
in ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Здружението на новинари на Македонија – ЗНМ ги повика новинарите на протест за ослободување на новинарот Зоран Божиновски, кој пред неколку месеци беше екстрадиран од Србија и се наоѓа во притвор во Шуто Оризари. Протестот е закажан за утре во 10 часот, пред Основниот суд во Скопје, во кој ќе се одржува и првото рочиште од судењето на новинарот за обвинувањата за шпионажа. Поддршка за утрешниот протест дојде и од Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и Институтот за комуникациски студии (ИКС). Овие професионални медиумски организации бараат фер и правично судење за притворениот новинар.

„Правниот систем во Македонија не смее да се користи за политичка одмазда и за пресметка со неистомислениците. Правото на фер судење е основно човеково право и државата треба да го обезбеди тоа право за сите граѓани на Република Македонија. Затоа, се приклучуваме кон утрешниот протест пред Основниот суд во Скопје во 10 часот, каде е закажано првото рочиште против Божиновски“, се вели во заедничкото соопштение на ССНМ, МИМ и на ИКС.

Според ЗНМ, има најмалку две причини зошто тие се убедени дека процесот против Божиновски е обична политичка конструкција на власта со злоупотреба на законите и институциите. Првата е дека институциите кои толку многу инсистираа да се екстрадира Божиновски од Србија, сега непотребно ја одлагаат постапката. „Ако Обвинителството имаше докази, тогаш зошто им беа потребни речиси четири месеци да го обвинат Божиновски? Какви докази бараше Обвинителството во меѓувреме, кога за предметот ‘Шпион’ веќе првостепено се осудени 19 лица? Очигледно е дека Обвинителството купува време затоа што нема цврсти докази да го поткрепи обвинението“, соопшти ЗНМ при објавувањето на повикот за протест минатата недела. Освен тоа, според здружението на новинарите, нема никаква рационална причина Божиновски четири месеци да биде држeн во притвор под исто образложение, дека постои опасност да ја напушти земјата и да влијае на истрагата. „Како е можно Божиновски да влијае на сведоците, кога за случајот веќе е донесена првостепена пресуда“, прашуваат од ЗНМ.

zoran_bozinovski-670x393

Претходно, на 11 август годинава, Специјалното јавно обвинителство побара од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција да го преземе и предметот со Зоран Божиновски, поради поврзаноста со случајот „Шпион“ за кој СЈО веќе има надлежност. Сепак, предметот за Божиновски, се додека не се изјасни Советот на обвинители, сè уште останува во надлежност на ова јавно обвинителство.

Минатата недела, осуда до институциите на земјава за случајот на Божиновски пристигна и од Меѓународната федерација на новинарите, која во јуни усвои ургентна резолуција и изрази целосна поддршка на новинарот.

Инаку, Божиновски во април годинава беше уапсен во Нови Сад од српските власти, како осомничен во случајот „Шпион“ по меѓународна потерница распишана во ноември 2013 година,  по што беше веднаш екстрадиран во Македонија. Претходно, за истиот случај, тој еднаш веќе беше уапсен па пуштен да се брани од слобода од властите на Република Србија.

Tags: Зоран БожиновскиМакедонијановинарствоПротестЦивил - Центар за слобода
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ