• Latest

ВМРО-ДМНТР, односно демантирана, продолжува да го шири вирусот на лаги

January 17, 2023

24 ЧАСА: Обвинителниот акт за случајот „Онкологија“ одобрен во целост; нема да има промена на цената на струјата; Русија се приближува до 1 милион жртви во војната; САМО НЕШТО ДА ПРАШАМ: За 4-та економија во Европа

June 5, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Дали треба да гласа дијаспората?

June 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на BBC News

Задржани под закана со оружје: Тимот на Би-Би-Си приведен од израелските сили во јужна Сирија

June 5, 2025
фото: ВИ

РЕАКЦИИ: Граѓаните бараат една изборна единица и пофер изборен модел: Дијаспората надвор од гласачките кутии?

June 5, 2025

Додик повторно без проблеми премина граница, овој пат до Будимпешта

June 5, 2025
Фото: Скриншот МИА

Салиу: Лично со душа и со срце тврдам, дека немам апсолутна вина за пожарот во Кочани

June 5, 2025
Украинските сили започнаа ракетен напад насочен кон концентрација на руски ракетни трупи во руската област Брјанск на 5 јуни 2025 година. Фото: Скриншот од видео на Генералштаб / Телеграм

Украинските сили ја нападна руската ракетна база во Брјанската област, уништувајќи и оштетувајќи лансери „Искандер“

June 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американските Евреи се плашат за својата безбедност по насилните антисемитски напади во САД

June 5, 2025
Фото: МОН

Јаневска: Новата Национална стратегија треба да обезбеди дигитални вештини и компетенции кои ќе одговорат на глобалните промени

June 5, 2025

Клековски: Одговорно тврдам дека имаме капацитет за лекување на пациентите од трагедијата во Кочани

June 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

ВМРО-ДМНТР, односно демантирана, продолжува да го шири вирусот на лаги

January 17, 2023 16:13
in АНАЛИЗИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, КУЛТУРА, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЗОРАН БОЈАРОВСКИ

Не требаше многу време да помине за ВМРО-ДМНТР, односно демантирана, да продолжи со својата политичка и стратешка определба да шири лажни вести.

Уште на 5 јануари во новата 2023 година Комисијата за култура на ВМРО – ДПМНЕ ја продолжи со својот омилен спорт да измислува невистини и објави соопштение со наслов „Целокупните заложби и вграден минат труд со кои ВМРО-ДПМНЕ ги зацврстуваше културните темели на македонската државност, СДС(М)-ДУИ сериозно ги урива, ги продаваат ли Браќата Манаки?“.

Од ВМРО – демантирана објавија дека “фотографската граѓа на Браќата Манаки во сопственост на Државниот Архив на Република Македонија, како значајно и огромно македонско културно богатство, кое денес се третира како загрозена архива, по процесот на дигитализација, ќе биде online поставена на платформата на Британската библиотека во програмата за загрозени архиви (Endangered Archive Program)“ и прашаа „зошто македонското културно и историско наследство треба да го обработуваат и презентираат странски институции?  Зошто пред очите на македонската и на светската јавност ќе се прикажеме како држава која е неспособна да се грижи, да го негува и да го презентира своето наследство?“.

Државниот архив на Северна Македонија и Архивот во Битола остро реагираше на, како што ги нарекоа „неточните податоци, измислици и лаги изречени од страна на комисијата на ДПМНЕ“.

Во демантот на овие две институции се разобличени лагите на ВМРО-ДМНТР со информација дека архивскиот фонд ,,Браќа Манаки” не оди никаде под кирија и дека останува засекогаш во Државниот архив и тоа сега како културно наследство.

Целокупното постоечко фотографско дело на браќата Манаки ќе биде дигитализирано до крајот на август 2024 година со обезбеден грант од програма што ја администрира Британска библиотека и ќе биде трајно заштитен и достапен преку платформата на оваа институција за целиот свет.

За да биде демантот уште поцврст, аргументиран и да одговара на вистината, Државниот архив објави дека не станува ниту најмалку за отстапување на никави права околу користењето на Фондот ,,Браќа Манаки” на ниту една друга институција, ниту на Британската библиотека.

Напротив, со соработката со Британската национална библиотека, Државниот архив на Северна Македонија и Архивот на Битола ги зацврстуваат своите, односно правата на македонската држава за презентација на транснационалното фотографско и филмско богатство на браќата Манаки пред целиот свет и коешто ги вклучува видеофотографските записи за сите етникуми на Балканот.

„Со овој проект на Британската библиотека, освен дигитализацијата, која што е примарна цел, ќе се овозможи и физичка заштита на архивскиот материјал, ќе биде изградена посебна просторија во депото на битолскиот архив каде што ќе продолжи да се чува според најсовремени архивски методи“, изјави Гоце Стојановски, раководител на Државниот архив – Одделение Битола.

Инаку изложбата „Милтон – 140 години од раѓањето на Милтон Манаки” веќе ги освојува европските културнин простори откако беше отворена во рамките на Интернационалниот фестивал на филмска камера – Браќа Манаки во Битола во август лани, во декември беше изложена и во Нови Сад, град европска престолнина на културата за 2022 година, а наскоро изложбата ќе биде презентирана и во Букурешт, Романија, во Советот на Европа во Стразбур, Франција, како и во други европски центри.

„Со тоа се промовира не само проактивната и уметничка фотографија на браќата Манаки, туку воопшто и македонската култура и уметност од почетокот на 20-от век“, вели Емил Ксртевски, директор на Државниот архив на Северна Македонија.

Навиките да се шират невистини и дезинформации од центарот за пропаганда на ВМРО-ДМНТР, очигледно ќе продолжат и во оваа година затоа што веднаш после оваа лага за филмскиот фонд на браќата Манаки дојде и нова од пустата желба да се извалка МВР и министерот за внатрешни работи за случајот со бегство на осуденик на издржување на долгогодишна казна.

Министерството за внатрешни работи веднаш ги демантираше тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ, читај демантирана и ги нарекоа „свесно лажење или комплетна неписменост и недоветност, затоа што и полуписмен човек знае дека МВР нема врска со затворската полиција, туку таа е во склоп на Министерството за правда односно Управата за извршување санкции. Оттаму министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ниту можел ниту има било каква врска со именувањето командири во затворот Идризово, затоа што буквално нема никаква надлежност за тоа“.

Се разбира, ВМРО-ДМНТР не се извини и не ги повлече ваквите „лаги“ како што ги нарекува МВР во своети соопштение.

Оваа листа на дезинформации или лаги на ВМРО-ДМНТР може да се продолжи наназад со многу примери како што беше онаа дека за нов командир на Граничниот премин Ќафасан било поставено лице со отслужена затворска казна за криумчарење, што беше демантирано со вистината дека на тој граничен премин веќе подолг период командир е лице кое е докажан професионалец со одлични резултати во работењето.

Потоа секако се сеќавата дека ВМРО-Демантирана тврдеше дека банкротирана американска фирма (Дура) инвестира во Македонија, а всушност вистината беше дека оваа, една од најголемите компании за автоделови во светот, покрај првата, ќе отвори уште две нови фабрики.

Или хистеријата која што оваа партија демантирана ја ширеше за македонскиот јазик во ЕУ и во протоколот на соработка со Бугарија којашто беше разобличена, исто како и она нивно тврдење дека Софија и бугарската влада ќе правеле ревизија на историјата и дека таму ќе се пишувале учебниците.

Ни срам, ниту „перде“, ниту одговорност за штетите и последиците што овие континуирани лаги ги предизвикуваат меѓу граѓаните и општествената јавност. Но, зошто би се срамеле или покривале со перде кога тоа, очигледно, им е единствената цел – да ја доведат под прашање општествената кохезија и кредибилноста на институциите. Истата цел што си ја имаат поставено и пропагандните центри надвор од земјата.


Текстот е личен став на Авторот. Избор на фотографии: Авторот. Колаж: Редакција. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0. | Извор: CivilMedia

Print Friendly, PDF & Email
Tags: архивБраќа МанакидемантдигитализацијаКУЛТУРАлажни вести
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бранимир Јовановиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Македонија навистина е четврто место во Европа по економски развој – ама од позади!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Осумнаесетгодишниот син на Блерим Беџети од ДУИ примил 12.000 евра од Комунална хигиена – Скопје за „интелектуални услуги и совети“ за заштита на животната средина

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украинските дронови погодија над 40 руски стратешки бомбардери во шокантен напад далеку зад линиите на фронтот

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Поранешниот командант на ОВК, Бреза, уапсен по 22 години бегство

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Брисел насетува оти Мицкоски е подготвен да го жртвува и Извештајот во ЕП

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ