• Latest

ИНФОГРАФИК: Просечната плата за само три години порасна за 7.000 денари

January 24, 2023

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

ИНФОГРАФИК: Просечната плата за само три години порасна за 7.000 денари

January 24, 2023 16:51
in АНАЛИЗИ, ЕКОНОМИЈА, ИЗЈАВИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Зголемувањето на минималната плата  директно влијае на зголемувањето на просечната плата, според податоците на Државниот завод за статистика просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември 2022 година изнесува 33.011 денари, а во истиот период износот на минималецот е 18.000 денари.

За споредба, пред само десет години, во ноември 2012-тата година, просечната плата била 20.857 денари, додека пак минималната 8.050 денари. Оттогаш започнуваат иницијативите на Сојузот на синдикатите за утврдување минимален износ на плата, кога во првичната верзија на законот минимална плата е дефинирана како најнискиот месечен износ на основна плата која работодавачот е должен да му ја исплати на работникот за работа извршена за полно работно време и исполнет нормиран учинок.

Во оваа прва верзија на законот, минималната бруто плата изнесува 39,6 проценти од просечната бруто плата во македонската економија за претходната година.

Сепак, со измените на законот во 2014 година се напушти определувањето на минималната плата како процент од бруто-платата, и наместо тоа беа дадени конкретни износи за висината на минималната плата. Така, минималната нето-плата на ниво на целата економија беше утврдена да изнесува 8.800 денари во 2014 година. Во ноември 2014-тата година просечната плата изнесува 21 588 денари, што е незначителен раст од помалку од една илјада денари од истиот период во 2012-тата година.

Законски измени во 2017 година

Со законските измени од 2014-тата година, по кои оттогаш почна да се пресметува минималната плата, таа стигна до износ од 12.000 денари во 2017-тата година, кога просечната се искачи на 23.196 денари, што е раст помал од три илјади денари за период од четири години.

Во меѓувреме, беше усвоено најголемото зголемување на минималната плата во Северна Македонија кое досега е направено со измените на законот во 2017 година, кога во нето износ таа беше зголемена за 19 проценти. Износот на минималецот беше утврден на 12 илјади денари.

Овој процес на зголемување на минималната плата го започна тогашниот премиер Зоран Заев, кој уверуваше дека растот на минималецот ќе предизвика спирала, која ќе влијае на зголемување на просечната плата.

Со измените на законот во 2017 година беше дефинирано и дека усогласувањето на минималната плата ќе се врши секоја година и тоа една третина од порастот на просечната исплатена плата, една третина од индексот на трошоците на живот и една третина од реалниот пораст на бруто-домашниот производ за претходната година.

Утврдена нова технологија на премсетување плати

Владата во дијалог со бизнис заедницата, синдикатите и сите засегнати страни постигна договор за зголемување на најниските плати, а утврдена е и методологија со која истата континуирано ќе расте.

Второто позначајно зголемување на минималната плата е остварено со измените на законот во 2019 година кога минималната нето-плата во периодот ноември  2019 – март 2020 година е поставена на 14.500 денари, што претставува зголемување за 15.9 проценти.

Тогашниот премиер ЗоранЗаев  изјави дека, според податоците, како резултат на зголемување на минималната плата, просечната плата се зголемила за 6,6 отсто во февруари 2019, споредено со август 2017, пред покачувањето на минималната плата.

Во ноември 2019 година просечната плата изнесуваше 25.787 денари, а сега откако минималецот порасна на 18.000 денари, после само три години растот тежи повеќе од 7.000 илјади денари, за да се дојде до просечна плата од 33 011 денари.

Од 2022 година минималната плата порасна на 18.000 денари

Со измените на законот, како што анализира Сојузот на синдикати на Македонија, минималната плата изнесува 18.000 денари, а се менуваат и критериумите за годишно усогласување на минималната плата со 50% од годишниот раст на просечната плата и 50% од растот на трошоците за живот, согласно податоците од Државниот завод за статистика.

Од први април 2022 година, за 80.000 вработени, работници во различни дејности и индустрии, па така минималната плата порасна на 18.000 денари според последните законски измени и дополнувања за раст на минималната плата.

Процентуално во периодот 2012-2016 година минималната плата е зголемена за 25,2%, а за периодот 2016-2022 година 78,6%.

Со новата методологија за пресметување на минималната плата ново покачување ќе има во март, па така, најниското примање на работникот во државава ќе биде нешто над 20 илјади денари.

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во емисијата Економски магазин на Алсат ТВ, зборуваше за растот на минималната плата,

„Со измените на законот за минимална плата, донесени во март 2022 година, се воспостави нова методологија, која е системско решение и кое значи постојан раст на минималната плата“, посочи Тренчевска.

Таа појасни дека секоја година во месец март минималната плата ќе се усогласува согласно податоците од Државниот завод за статистика, и тоа 50% од порастот на  трошоците за живот и 50% од порастот на просечната плата од измината година.

Според првичните проекции, појасни Тренчевска, порастот на минималната плата ќе биде 12%-13% и ќе надмине 20 илјади денари, мартовската плата ќе биде повисока за околу 2000 денари.

Соња Танеска

Tags: владаЗакон за минимална платаминимална платапросечна платаТренчевска
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ