• Latest

Гир: На Северна Македонија и е потребна стручна, независна и професионална администрација

January 25, 2023
Роџер Касале

Демократијата мора да биде нешто што го правиме

September 15, 2026
Проф. д-р Ана Чупеска

За да се испорача демократијата, мора да го заштитиме правото на вистина!

September 15, 2026
Бранко Тричковски

Нема човеци за демократија, ниту демократија за човечките деформитети

September 15, 2026
Проф. д-р Александар Иванов

Циркус за нула денари и затруена вода: Како демократијата стана депонија за гласови

September 15, 2026
A group of protesters raise their fists in the air. The concept embodies unity, strength, and the fight for justice. Generative AI.

Медиумската платформа на ЦИВИЛ е отворена за авторски текстови и видеопораки за демократијата

September 15, 2026

DDGI и WA4U по повод Денот на демократијата: Да се брани демократијата значи да се стои со Украина

September 15, 2026
Фото: Џ. Дерала

НАТО собори дрон над Литванија по навлегување во воздушниот простор од правец на Белорусија

September 15, 2026
Порака на кампањата на ЦИВИЛ по повод Меѓународниот ден на демократијата, 15 септември 2026.

ЦИВИЛ на Меѓународниот ден на демократијата: Твојот глас. Твојата слобода. Нашата демократија.

September 15, 2026
Марш за слобода, Приштина, 12 септември 2026 (фото: LIRIA KA EMËR)

Двојна стапица: Зошто било каква одлука од Хаг ќе послужи како политичко оружје

September 14, 2026
Европска централна банка (фото: Wikipedia)

Каматите не ги диктира само Франкфурт: Колку е точна приказната дека кредитите мора да поскапат?

September 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Гир: На Северна Македонија и е потребна стручна, независна и професионална администрација

January 25, 2023 13:07
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Евроамбасадорот Дејвид Гир денеска порача дека на земјава и е неопходна стручна, независна и професионална јавна администрација. Без тоа, како што нагласи, нема раст и развој.

Не може да се каже, рече Гир, дека нема резултати во однос на реорганизацијата, но системот има и слабости кои се секако нотирани, а евидентно е и премногу силно партиско влијание во одредени делови од администрацијата.

-Она што сакаме да видиме е зајакнување на администрацијата, да се осигураме дека има ексепртиза, независност и професионалност. Секогаш е тешко, има фискални притисоци, нема само една криза, туку низа кризи. Ние секогаш ја нагласуваме важноста на тоа да се осигури дека администрацијата може да ангажира, да задржи, промовира и унапреди лица кои ја имаат потребната стручност да се заврши работата. Тука се вклучени надоместоците, платите и тоа е важен елемент.

Нема да коментирам за различните одлуки во однос на политиките што ќе ги донесе Владата во конкретни области, но како општ принцип, односно нашиот принцип е дека треба да имате стручна јавна служба способна да ги спроведе реформите, со помош. Без тоа не може земјата да се развива и да расте. Тука има неколку апсекти – финансирање, партиско влијание кое е премногу силно во одредени делови на администрацијата, но, потребно е да имате јавна, државна служба која може да испорача она што треба. Многу работа има да се зајакне јавната служба, истакна Гир, одговорајќи на новинарски прашања по потпишувањето на договорите за проектот за градење отчетни институции за управување со јавните финансии.

Според него, администрацијата треба да се прилагоди на актуелните потреби и да ги следи промените во светски рамки.

-Има големи слабости во системот, тие се идентификувани во нашиот Извештај за земјата, но ние тесно соработуваме со државната служба во насока на градење на нејзиниот капацитет зашто без ефективна државна служба нема никаде да стигнеме. Затоа, тоа е и приоритет. И затоа, во пристапувањето има она што се нарекува основи – прашања кои се многу важни и мора да се оценуваат во секој момент од процесот, од почетокот до моментот на приклучување во ЕУ.  Не би кажал дека нема резултати.

Она што го имате е систем што треба да се прилагоди на сегашните потреби, на светот што се менува и на процесот на пристапување во ЕУ за да може да ги ужива придобивките од членството во ЕУ и да биде отпорен во таа смисла. Ние сме ангажирани во долгорочен процес на поддршка во надградување на државната служба, а тоа вклучува и долгорочна дискусија. Сме обезбедиле експертиза на прашањето за реорганизација за да се осигури дека администрацијата е колку што е можно подобра, вклучително и практики од ЕУ. Ги следиме од многу блиску рефомрите во јавните администрации. Ова е есенцијално зашто се работи за спроведување на реформите, на значителната помош што ја обезбедуваме и на подготовката на земјата да управува со работи како што се структурните фондови, подвлече Гир.

Министерот за финанси Фатмир Бесими дополни дека бројот на администрацијата, особено последните две години, се намалува.

Tags: ЕУинтеграцииреформи
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ