• Latest
Бранко Тричковски

Фрагменти

January 30, 2023

Втор извештај на ЦИВИЛ: Починати лица во Избирачкиот список, повреда на тајноста на гласањето, пријави за притисоци и непристапни избирачки места

November 2, 2025

ДИК: До 15 часот излезеноста 30,26 проценти, за Скопје 29,94 отсто

November 2, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

Неочекувана главоболка за Орбан – Трамп во офанзива против руската енергија

November 2, 2025

ДИК им ги одзеде акредитациите на осуммина домашни набљудувачи поради агитирање пред гласачко место

November 2, 2025
Скриншот од sec.mk

ДИК: Излезеноста до 13 часот е 19,96 проценти, во Скопје 15,28 отсто

November 2, 2025

Прв извештај на ЦИВИЛ: Изборниот молк масовно се крши, изборниот ден почна мирно

November 2, 2025
Скриншот од ТикТок

Aзискиот моден гигант Шеин обвинет за продажба на „с*кс кукли со детски изглед“ во Франција

November 2, 2025
Фото: sec.mk

ДИК: Излезеноста до 11 часот е 9,21 проценти, најголем е одзивот во Пробиштип со 22 отсто, најмала во Сарај – 1,86 отсто

November 2, 2025
Скриншот од видео објавено од министерот за одбрана Пит Хегсет на Х, на која се прикажани два брода кратко пред да бидат погодени од ракета, во Источниот Пацифик на 27 октомври 2025 година.

САД нападнаа уште еден наводен брод за трговија со дрога во Карибите, при што загинаа 3 лица

November 2, 2025
Скриншот од видео на
The White House

Трамп му нареди на Пентагон да „се подготви за можна акција“ во Нигерија

November 2, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Фрагменти

January 30, 2023 08:22
in ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА
Бранко Тричковски

Бранко Тричковски

Share on FacebookShare on Twitter

БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Македонската историја е збирка на фрагменти од пошироки целини. Југословенската, српската, бугарската, турската, европската и светската. Во тие фрагменти, се разбира има македонска супстанца, но тоа не ја негира нивната фрагментарна природа. Проблемот кај нас, а и не само кај нас, е во тоа што историографијата и поголем дел од јавноста гледаат на тие фрагменти како на оригинални целини. Тие мислат дека нивната Милоска Венера не е без екстремитети, туку дека е комплетна убавица. Што, се разбира, не е точно. Повеќе такви Венери како фрагменти, нашата историографија има извадено од бугарскиот историски трезор. Од невнимание или од брзање, или просто затоа што така се случува со фрагментирањето на историјата, екстремитетите односно цели парчиња се останати таму.

Во Софија.

Вмро, да речеме.

Тоа што ние го земаме како историска легитимација и основа на ослободителната борба, е бугарски фрагмент кој на неверојатен начин ја искривува претставата за нашата целина и како резултат на тоа искривување низ целата транзиција, денеска особено, имаме страшни и речиси нерешливи проблеми.

Проблемите со идентитетот не се во (не)посебноста туку во апсолутизирањето на фрагментот како целина, односно на хендикепот на фрагментот да ја признае и осознае целината.

Притоа тој, идентитетот, односно Македонија, мислат дека така се бетонираат, но, во суштина, се проблематизираат самите себе.

Така е и со многу други работи.

Од Југославија земаме само фрагменти.

Македонската транзиција е време на дистанцирањето и најбезочното зашлакување на единствениот светол, реално еманципаторски и ослободувачки, јас би рекол ренесансен период во тоа што може да се нарече историја на македонскиот народ.

Не без врска или од некаков каприц, туку со идеја дека ослободувањето од Југославија полесно ќе нѐ турне во прегратките на Бугарија.

Тоа беше и е мисијата на вмро-дпмне.

Ова со антиасимилаторските и антибугаризаторските и антиевропските протести и хистерии, е провев на сонце, кој има за цел да ги исуши македонските јуфки за да може убаво да се изедат.

Луѓето што ги поддржуваат тие хистерии со надеж дека ќе се спасат и себе и Македонија, на крајот ќе мора да се изедат самите себе.

Тоа е.

Фрагментарната природа, односно слабоста на Македонија, дојде до израз по уривањето на историскиот и геополитички контекст во кој успеа да се афирмира, имено, преку свеста за својата фрагментарност. Во Југославија како целина.

И вистина.

Задоцни да си обезбеди друга целина во Европската унија и остана да виси како фрагмент на балканската ветрометина.

Бугарија исто така ја негира сопствената фрагментарност во однос на османлиското или на руското и советското време, конечно, на регионалното и на европското и светско време, од периодот на големите војни, и живее во илузијата дека е целина која може од себе да ги отстрани неповолните фрагменти, како што се фашистичките парчиња од сопствената историја, а да припои други фрагменти, кои мисли дека историјата ѝ ги има откинато.

Македонија, на пример.

При што сакаат да го наметнат наративот дека македонскиот фрагмент е резултат на сакатењето на историјата, а не нова вредност на историјата.

Како што е.

И уште да го наметне чувството на вина кај луѓето што успеале да се вообличат себе во посебна нација.

На грижа на совеста.

А најмногу на страв дека нешто страшно згрешиле и дека се велепредавници на бугарската, односно на вморонската кауза!

Хахаха!

Срѓа Поповиќ на времето викаше дека малите народи немаат своја историја туку дека се резултат на пошироките и подлабоки историски процеси.

Јас мислам дека човекот беше во право.

Без руско-турската војна, без балканските војни и без двете светски војни, Бугарија би бил сосема поинаков фрагмент, таа е последица на тие процеси, а не автор на процесите, во таа смисла, би морале во Софија да бидат поскромни.

Како и ние тука.

Без југословенската народноослободителна и антифашистичка епопеја, тука веројатно ќе се свиреше друга песна. Повеќе сме ние резултат на историјата, отколку што е историјата резултат на нас.

Мојата заложба е фрагментот во македонската историја или македонската историја како фрагмент, да се стреми да ја осознае својата фрагментарност наместо да се пумпа со целината која ѝ фали, да се види себе си како Милоска Венера на која ѝ фалат рацете и да проба да ги најде таму откај што убавицата ја зела, да стане цела жена, односно субјект. Тоа не е преточување во поголемиот формат туку збогатување со димензиите на целината. Како што целината која тоа е или мисли дека е, мора да ги сфати аспектите на фрагментацијата и како сопствени пласмани, а не само како некакво разградување, односно да се препознае себе во фрагментот, без да го бута во себе или во бездната.

Второто би било така глупаво.

А првото – епохален исчекор и на Бугарија и на Македонија.

И на Европа.

Мислам дека тоа е таа реинтерпретација на минатото на начин кој може да произведе подобра иднина, отколку што тоа може да се очекува врз основа на сегашните преовладувачки мислења за минатото и за иднината.

И тука и во Софија.

Мислам дека такви елементи веќе има во преговорите на двете страни, со забелешка дека во историскиот дел тоа мора да се реши со еден, два или три широки откоси, а не со детални расправи за секоја историска будала која во меѓувреме е произведена во личност од национално значење.


Текстот е личен став на Авторот. | Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0. | Извор: Frontline
Tags: БалканБугаријаЕУисторијаСеверна Македонија
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ