• Latest

Полицијата ја брише историјата

September 15, 2016

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026

Одма боље видиш

May 31, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Математиката не лаже, политиката притиска: Случајот „Мазут“ се распаѓа пред фактите

May 30, 2026

Путин сакаше ослабено НАТО, но може да добие многу поопасна и понепредвидлива Алијанса

May 30, 2026

Новиот Европски граѓански форум отвора ново поглавје во Берлин

May 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Полицијата ја брише историјата

September 15, 2016 14:39
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Контра-протестот на ГДОМ пред домот на граѓанскиот активист од Битола, Илија Балтовски, се случи на 11и мај 2016. Тој настан не е регистриран во извештајот на битолската полиција!

Ова не е единствен настан што е изоставен од официјалниот документ кој треба да ја отсликува реалната состојба на безбедноста во општина Битола.

untitledpngkchoi-500x293

Контра-протест на ГДОМ во Битола

Извештајот ги содржи активностите на Шарената револуција, протестите кои беа организирани пред зградата на Општината, блокирањето на патиштата во градот, како и протестот пред домот на градоначалникот Владимир Талески, но во делот посветен на јавниот ред и мир не се евидентирани контра- протестите во организација на ГДОМ.

14302722_10154657301097722_1955713157_n

Контра-протест на ГДОМ во Битола

Во периодот кога речиси секојдневно се одржуваа протести на Шарената револуција, се организираа и собири на контра-демонстрантите на повеќе локации во градот: на плоштадот „Магнолија“, пред зградата на СДСМ, пред Офицерскиот дом и пред домот на градоначалникот Талески, како знак за поддршка за Специјалното јавно обвинителство, по објавувањето на веста дека му е одредена мерка притвор. Сепак, тие не се регистрирани во овој извештај.

На 54-та седница на Советот на Oпштина Битола, советниците требаше да го изгласаат извештајот што го достави Полициската станица.

Советниците од опозицијата, ги посочија недоследностите во извештајот, и побараа одговор од командирот Иван Блажевски кој го потпишал извештајот, но поради негово отсуство на седницата, одговор зошто поднесен е половичен извештај – не добија.

дсф

Благојче Котевски, советник во општина Битола

ЦИВИЛ Медиа побара изјава од Благојче Котевски, советник од редовите на СДСМ, кој го покрена прашањето за бришењето на информации во полициските извештаи.

„Овој извештај уште еднаш во целост ја потврдува констатацијата на опозицијата и на меѓународните фактори – за целосна партизација на полицијата во Македонија. Оваа констатација ја потврдува и Информацијата на полициската станица. Информацијата е крајно селективна и партиски ишарана во боите на МВРО. Во истата се нотирани само протестите на Шарената револуција, а не се нотирани протестите кои ги имаше здружението ГДОМ. Не е забележан собирот пред партиското седиште на СДСМ, ниту оштетувањата направени на фасадата, скршениот прозорец и реклама“, вели Котевски.

„Што сакате да постигнете со овој извештај? Дали ова значи дека овие настани некој сака да ги избрише од колективната меморија? Дали ова значи дека некој сака да ја фалсификува нашата сегашност, а со тоа и нашата историја? Дали тоа значи дека имаме двојни стандарди за граѓаните кои се дел од власта и за граѓаните кои не припаѓаат на истата?“, се прашањата кои Котевски ги постави пред советниците во Општина Битола, пред изгласувањето на извештајот.

И покрај укажувањата на повеќе советници од опозицијата дека станува збор за извештај кој не ја отсликува реалноста, извештајот беше изгласан со 11 гласови – за и 9 – против.

Tags: Битолаисторијаконтра протестМакедонијаМВРОполицијаПротестЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ