• Latest

Ахмети: Со самото членство во ЕУ ја запираме миграцијата од нашата земја

February 1, 2023
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025

До ДИК се поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 5, 2025

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ахмети: Со самото членство во ЕУ ја запираме миграцијата од нашата земја

February 1, 2023 23:00
in ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети, вечерва ги продолжи средбите со граѓаните во општина Брвеница. Пред присутните, покрај претседателот Ахмети, се обратија и првиот вицепремиер Артан Груби, генералниот секретар на ДУИ Фатон Ахмети, министерот за надворешни работи Бујар Османи, како и претседателот на огранокот на ДУИ во Брвеница, Аркин Јахији.

Али Ахмети – претседател на ДУИ

Секоја добро организирана политичка партија прави програма за тоа како ќе ги води и исполни сопствените платформи за кои разговара со стручни тимови, се со цел да не останат неисполнети ветувањата од програмите кои биле презентирани. Вечерва овде имам многу колеги со кои отпочнав темелна работа во партијата. Овие луѓе кои беа на нашите почетоци, денес ја носат палката на идните млади генерации. Овие средби ни помагаат директно да разговараме и да ги образложиме нивните барања, затоа јас сум тука повеќе од сите министри, заменици и директори да давам одговори. Дваесет години сме носители на процесот, тоа е морална и национална одговорност за она што го постигнавме и што мораме да го постигнеме во иднина, бидејќи политиката е хуманост, етика, морал и наука. Излеговме за заедничкиот фронт за Европа, бидејќи денес е вистинскиот и одлучувачки момент, затоа го започнавме скринингот кој завршува во ноември и меѓувладината средба мора да продолжи за да започне полноправното членство на нашата земја во ЕУ. Со самото членството во ЕУ ја запираме миграцијата од нашата земја и помагаме младите генерации да не не напуштат. Имаме морална и национална обврска да ја запреме миграцијата, да ја обезбедиме иднината и да ги помириме луѓето. Да го оставиме минатото зад нас и да гледаме кон иднината за идните генерации да не се занимаваат со детали и препреки, да се потсетиме на крвта на оние кои се жртвуваа за оваа земја, па да се обединиме за ЕУ. И во минатото бевме во тешки периоди на војна. Кризата низ која поминавме со корона вирусот и сегашната криза што ја имаме, за која  мислев дека ќе биде полоша, но благодарение на нашите прекрасни тимови имавме супер менаџмент и подобро се справуваме за разлика од соседните земји. Регионот има нерешени проблеми кои мора да се решат, бидејќи во спротивно предизвикуваме нестабилност, па без затворање на проблемот со Косово не можеме да кажеме дека имаме стабилен Балкан, како и без затворање на кризата во Црна Гора и Босна. Кремљ е заинтересиран за поттикнување и активирање на конфликтни вулкани во нашиот регион, затоа мора да работиме за доброто на нашата земја, да изградиме проевропски фронт. Албанците и нивните сограѓани ја испратија државата во НАТО, па сега треба да ја испратиме и во ЕУ, но само со мудра и обединувачка политика. И покрај ризиците, ќе стигнеме до целта бидејќи никогаш не сме го изгубиле патот до некоја дестинација ако сме со добра намера, потенцира Ахмети.

Артан Груби – прв вицепремиер

За две недели се одржаа осумнаесет средби на кои лично многу ми се допаѓаат разговорите со граѓаните. Денеска имавме три владини седници, а вчера од Врапчиште соопштив една голема вест дека утре ќе се потпише договорот за Коридорот 8. Настанот ќе биде во 9 часот, а веќе следниот ден комисијата ќе се состане за да ги започне преговорите со „Бехтел Енка“ за да отпочнат работите. Денеска во Владата ја одобривме одлуката за формирање на Музичкиот театар и со тоа се заокружува институционалниот културен живот во нашата земја.Три седници на Влада, а ниту една минута отсуство од министрите на ДУИ. Денеска ги одобривме и програмите за образованието, животната средина, транспортот и поврзувањето како и сите други програми кои се очекува да се реализираат оваа година. Имаме извонреден тим од министри, заменици министри, државни секретари, директори, заменици директори итн, тимови чија цел е реализација на проекти. Денеска имаме Албанци насекаде, на државни функции кои некогаш беа само сон за Албанците. Го имаме спикерот на Собранието, Талат Џафери кој веќе е во вториот мандат. Сега имаме целосен консензус, ниту една одлука не била против Албанците, ниту антиалбанска, го направивме и пописот на населението по дваесет години, каде Албанците изнесуваат 19,5 отсто. Вие самите сте сведоци колку се спроведува и колку е успешна програмата на ДУИ, но гледам дека има забелешки за овој успех на ДУИ. Вакви кампањи имало секогаш, особено во клучни моменти за државата. Сега кога сме на прагот на уставни измени, има напади од Мицкоски со фотографии и Апасиев кој се занимава со ДУИ. Зошто ДУИ? Бидејќи ДУИ е гарант на мирот и евро-американски партнер, а токму претседателот Ахмети е тој кој го одржа во живот патот на дијалогот и решенијата за доброто на државата, НАТО се направи со Али Ахмети. Денеска претседателот ја започна оваа кампања за да се потенцира целокупната важност на членството на земјата во ЕУ. Ние сме на вистинскиот пат бидејќи сме на патот на Али Ахмети, изјави Груби.

Фатон Ахмети – генерален секретар на ДУИ

Ова е 18-та средба по ред што ја одржуваме со нашето членството, а ова масовно присуство и разговорите на средбите ја покажуваат вашата поддршка да го исполниме следниот чекор, а тоа е интеграција на земјата во ЕУ, рече Ахмети.

Бујар Османи – министер за надворешни работи

На средбите што ги имаме со претставници на странски земји и меѓународни организации во Брисел, тие велат дека ова е несекојдневна година за Македонија. Оваа година е извонредна во однос на вниманието што Европа го има кон Западен Балкан. Следната година ќе биде доцна, затоа не треба да ја пропуштиме оваа можност да го продолжиме патот кон интеграцијата на земјата. Многу е добро што се одвиваат овие разговори, бидејќи во крупните процеси се потребни што повеќе размислувања и идеи, затоа треба да се прават проевропски политики. Се наоѓаме во период на политичка транзиција, од квантитет кон квалитет. Приоритетите се веќе променети, еднаш Албанците во ОБСЕ го презентираа насилството што беше вршено врз нив, а денес јас го водам ОБСЕ. Ова се моменти каде што е потребна решителност, бидејќи ние веќе не сме маргинализиран народ туку носители на важни одлуки. Порано имавме слаба застапеност во државната администрација, немавме универзитети, училишта или доктори, па сега не ни требаат бројки што не претставуваат, туку ни треба квалитет и професионализам. Оваа мисија е постигната заедно, па да го искористиме овој историски момент. Македонија повеќе не може да се гледа како центар на конфликти, бидејќи политиката на Али Ахмети ја промени таа слика враќајќи го мирот и дијалогот, појасни Османи.

Аркин Јахији – претседател на огранокот на ДУИ во Брвеница

ДУИ на 19.06.2022 година одржа внатрепартиски избори по принципот еден член еден глас, на кои беа избрани сите партиски органи, откако уверенијата ги подели лидерот Али Ахмети кој ни нареди да бидеме во служба на граѓаните, да работиме, а не да правиме разлики. За ова време ги слушав грижите и барањата на нашите жители и иселеници. Барањата се препратени до органите на партијата да се надоврзат со поддршка во локални проекти, било да е тоа патна инфраструктура, инвестиции во училишта или други проекти. Твојата иницијатива за заеднички фронт е многу легитимна, дваесет години се обидуваа да те освојат но не можеа, затоа треба да се постројат до тебе. ДУИ има простор за сите, за оние кои сакаат подобро општество. Ние новите генерации ја почитуваме партиската хиерархија, бидејќи вашата визија ни ја врати гордоста, затоа што вие самите сте гордост на Албанците, така што ќе ја имате поддршката од Албанците до крајот на животот, оцени Јахији.

Tags: Али АхметиБрвеницаДУИмиграција
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ