• Latest

Црнина за правата на жените

October 3, 2016
ПОСЛЕДНИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ПОТПИС | Александар Вучиќ, 27 септември 2026 (фото: ФБ / Александар Вучиќ)

Србија пред избори: Вучиќ во трка за премиер, студентите со сопствена листа, опозицијата во повеќе колони

September 30, 2026
Олешки, Украина, 2026

Олешки на работ на хуманитарна катастрофа: Глад, блокада и пропаганда под руска окупација

September 30, 2026
Урсула фон дер Лајен - Христијан Мицкоски, октомври 2025

Фон дер Лајен доаѓа во Скопје: Мицкоски нуди дијалог, ЕУ останува на условот за уставни измени

September 30, 2026

(ИНФОГРАФИК) Двете точни бројки на Мицкоски и контекстот што го менува заклучокот

September 30, 2026

Пендрекот може да ја растури тезгата на Бит-пазар, но не и сиромаштијата

September 30, 2026

Невести бегалки или нови структури: Политиката зад банкарството

September 30, 2026
Кијив, 30 септември 2026 (ДСНС)

Руски терор во Украина: Ракети и 188 дронови, меѓу загинатите и дете

September 30, 2026

Бабин Јар, 85 години подоцна: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026
Одеса, 29 септември 2026 (ДСНС)

Деноноќен руски терор врз Украина: Напади врз Кијив, Одеса, енергетика, железница, домови и цивилна инфраструктура

September 29, 2026
Христијан Мицкоски, Брвеница, 28 септември 2026 (фото: ФБ / Христијан Мицкоски)

Инфлацијата навистина е пониска од европската, но што премолчува Мицкоски?

September 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Црнина за правата на жените

October 3, 2016 16:50
in ОПШТЕСТВО, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Црн понеделник за жените во Полска. Под влијание на силното лоби на Црквата, Владата во Полска подготвува закон за целосна забрана на абортусот. Предвидената казна за ова „дело“, е пет години затвор, а абортусот ќе биде дозволен само во случаи на силување, или доколку е загрозен животот на фетусот. Во знак на протест, денес жените во Полска не одат на работа, на факултет, во училиште…, се откажуваат од домаќинските обврски… И носат црно! И жените во Македонија, денес ќе носат црно во знак на поддршка, особено поради тоа што пред некоја година, го доживеаја истото. Социјалните мрежи се преполни со коментари и фотографии кои јасно говорат за ставот на жените за едно од најважните женски прашања…

IMG_5099 (1)
Пишува: Маја Ивановска

Понекогаш, ми се чини дека оние кои се противат на абортусот, всушност, не размислуваат премногу за живите. Повикуваат на совеста на жените, зборуваат за тоа дека тоа е нивно дете, нивна крв, плод на нивната утроба, или уште подобро, дека матката му припаѓа на детето, ане на жената. Мажите, пак, ретко се споменуваат. Жените се виновни, тие се секогаш виновни! На крајот, тие се оние кои остануваат бремени.

Живееме ли во 21-иот век, или сме заробени во педесеттите години на минатиот? Кои сме ние да судиме некому? Ако не сме подготвени да ја отвориме својата врата на дете чија мајка сакала да абортира, или на едно од илјадниците деца кои животот го минуваат во домови, кои сме ние да кажуваме што било?

Не, абортусот не е лесна работа. Сите ние се надеваме дека никогаш нема да се одлучиме на тој потег. Но, ако мораме, добро е да се знае дека постои избор. Последното нешто што ни треба во таков момент, е молитва за неродениот Петко од десетина душегрижници пред болниците, со пароли кои би требало да поттикнат некакви емоции и да ја променат и онака тешко донесената одлука. Последно што ни треба се кампањи за многудетни семејства, за абортусот како убиство, за „животот е убав“…  Особено, во земја каде смртноста на новороденчињата вртоглаво расте секој месец. Во земја во која многу жени немаат гинеколог. Во земја од која младите бегаат со желба за подобар и подостоинствен живот. Во земја во која жените се враќаат векови наназад. Во земја во која се живее од ден – за ден…

10322700_10203769587020587_513889364437144937_n

Интересна ми е борбата за нероден живот. Се дрзнувам да претпоставам дека поголемиот дел од оние кои се борат за тоа – мојата утроба да не биде мое право, туку право на моето неродено дете – нема да се борат за истото, ако тоа биде лице со посебни потреби, ако е родено или подоцна заболи од некоја тешка болест или, не дај Боже, ако биде геј. Можеби радо би го пратиле на лечење од хомосексуалност, би му ги одземале сите права, би го отфрлиле од заедницата… Таквите, веќе стопати тврделе дека мојот нероден хомосексуалец влијае на квалитетот на нивниот брак, па би му забраниле да биде во брак. За него таков, не би се бореле. Не би им било важно дали е жив. Исто, како што не им се важни сите оние деца за кои секојдневно бараме донации да ги одржиме во живот. Исто, како што не им се важни сите оние деца кои живеат во супстандардни услови. Но, им е многу важно да дојдат на свет. Значи ли тоа дека животот за некого е поважен додека е во утробата? Затоа што, кога ќе се роди, нивната цел е постигната. Потоа, критериумите за важност и еднаквост се поинакви.

Оставете го изборот на жената во нејзини раце, и онака, одлуката е претешка за носење. И сетете се дека последниот пат кога ги помешавте религијата и политиката, луѓе гореа на клади. Ако не се согласуваш со абортусот, едноставно не го спроведувај!

Tags: абортусизборМакедонијаПолскаЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ