• Latest

Германија на жртвите од земјотресот во Туркије и Сирија ќе им понуди брза опција за виза

February 12, 2023

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026
Насер Селмани

Случајот Селмани пред Уставниот суд: Јавна расправа за слободата на изразување

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Повик за помош на амбуланта во близина на фронтот

October 27, 2026

Горивата во Македонија пред нова ценовна одлука по турбуленциите на светските пазари

October 26, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Лула повторно претседател на Бразил, нов предизвик за Трамп во Латинска Америка

October 26, 2026

Бугарија оди во втор круг: Јотова во водство, Ѓуров ја бара поддршката за пресврт

October 26, 2026
Александар Вучиќ го призна поразот( Фото: Скриншот од видео на EuroNews Србија)

По поразот на Вучиќ: Реакции од регионот и Европа

October 26, 2026

ИЗБОРИ ВО СРБИЈА | КЛУЧНИ МОМЕНТИ: Постизборна дискусија на ЦИВИЛ – Вучиќ падна – што се случи и што следува? (ВИДЕО)

October 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Германија на жртвите од земјотресот во Туркије и Сирија ќе им понуди брза опција за виза

February 12, 2023 10:40
in ВЕСТИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Граѓаните на Туркије погодени од земјотресот ќе имаат можност привремено да ги посетат своите роднини во Германија, чии службеници се подготвуваат да го забрзаат издавањето визи и да ја намалат потребната бирократија, јави ДПА.

Берлин сака да обезбеди помош откако бројот на загинати во Туркије и Сирија вчера надмина 25.000, само неколку дена откако силните земјотреси го погодија регионот.

Германските министерства за надворешни работи и за внатрешни работи најавија планови да им се дозволи на Турците кои имаат роднини во Германија да дојдат кај нив.

Десетици илјади луѓе во Германија имаат турски корени, а Турците се најголемата имигрантска група во земјата, поради политиката на гастарбајтери усвоена од германската влада во 1950-тите.

– Како германска Влада сакаме да им помогнеме на семејствата во Германија да можат привремено да ги примат роднините погодени од земјотресот, доколку веќе немаат покрив над главата или имаат потреба од лекување, рече министерката за надворешни работи Аналена Бербок.

Двете Министерства формираа работна група која ќе почне со работа викендов.

– Целта е да се намали бирократијата во визниот процес за овие случаи, објасни Бербок.

Таа, исто така, рече дека нејзиното Министерство го зголемило бројот на персоналот во своите мисии во странство и го прераспоредил капацитетот во центрите за обработка на визи во Туркије.

„Се работи за итна помош. Сакаме да им овозможиме на турските или сириските семејства во Германија да донесат блиски роднини од регионот погоден од катастрофа без бирократија“, објави министерката за внатрешни работи Ненси Фезер на Твитер. Таа додаде дека тоа ќе се прави со редовни визи, кои ќе се издаваат брзо и ќе важат три месеци.

– Во тагата и ужасот на илјадниците загинати по земјотресот, трошка надеж е огромната посветеност на луѓето во нашата земја кои наоѓаат начини да им помогнат на жртвите со различни донации, рече Бербок. Многу луѓе во Германија имаат роднини во Турција кои би сакале да ги примат и за кои се подготвени да гарантираат, додаде таа.

Забрзаните и приоритетни визи се наменети за луѓето кои се поединечно особено погодени од катастрофата, кои може да бидат изложени на ризик да станат бездомници или кои претрпеле повреди кои бараат третман, дознава ДПА.

Тие ќе бидат достапни за жртвите од земјотресот кои сакаат да побараат засолниште во Германија и да престојуваат со членови на семејството од прв или втор степен на сродство, кои се германски државјани или кои имаат постојана дозвола за престој.

Tags: ГерманијаземјотресСиријаТуркије
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ