• Latest

Од кого акад. Катица Ќулавкова го брани македонскиот јазик?

February 14, 2023
Фото: Скриншот од видео на DW

Седуммина милитанти на Ал Шабаб облечени како војници упаднале во сомалиски затвор, владата тврди дека сите се убиени

October 5, 2025
Фото: Креирано со помпш на ВИ

Од Мароко до Мадагаскар, генерацијата Z го пренесува дигиталниот бунт на улица – каде сме ние?

October 5, 2025
Демонстрантите се соочуваат со агенти на ICE во Чикаго, Илиноис Фото: Скриншот од видео на ВВС

Трамп одобри распоредување на 300 војници на Националната гарда во Чикаго, федерален судија привремено го блокира распоредувањето на 200 војници во Портланд

October 5, 2025
Индустрискиот парк „Спароу“ во Лвив е во пламен по рускиот масовен напад. 5 октомври 2025 година. Фото: Андриј Садови/Телеграм

РУСКИ РАКЕТЕН ТЕРОР: Во масивен напад со 500 беспилотни летала и над 50 ракети врз Украина загинаа 5 лица, 16 повредени

October 5, 2025

Радев се заблагодари на Сиљановска Давкова за изразеното сочувство за жртвите од поплавите во Бугарија и понудената помош

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

Сирија ги одржува првите избори по падот на Асад, но не во сите провинции

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на Times News

Нетанјаху се надева на ослободување на заложниците во Газа во „наредните денови“

October 5, 2025
Поглед од воздух на аеродромот Вилнус, Литванија, на 17 октомври 2011 година. Фото: Треворт Моргондонт/Викимедија Комонс

Аеродромот Вилнус во Литванија беше затворен поради нарушување на воздушниот простор

October 5, 2025
Антивладините демонстранти се обидоа да ја нападнат претседателската палата. Фото: ВВС

Грузиската полиција се судри со демонстранти кои се обидоа да влезат во претседателската палата во Тбилиси

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Чешката популистичка партија АНО на поранешниот премиер Бабиш победи на парламентарните избори, загрозена помошта за Украина

October 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Од кого акад. Катица Ќулавкова го брани македонскиот јазик?

Со секој наш чекор поблиску до ЕУ, нервозата кај „бранителите“ на нашиот јазик и идентитет се зголемува. Знаат тие многу добро дека со зачленување во ЕУ секој официјален документ ќе биде преведуван на македонски јазик. И ќе пишува дека е македонски јазик. Без фусности, без додавки, без објаснувања. Чисто, прецизно, македонски јазик.

February 14, 2023 11:23
in АНАЛИЗИ, КУЛТУРА, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

АЦО ЛУКАРОСКИ

Академик Катица Ќулавкова, загрижена за статусот на македонскиот јазик, во едно интервју пред неколку дена ја критикуваше власта дека врши маргинализација на нашиот јазик. Ќулавкова или не е информирана за активностите што ги прави Министерството за култура за промоција на јазикот во светот, или свесно ги премолчува фактите.

Моќта на научната вистина за македонистиката секојдневно се потврдува во наставата и научната работа на над 20 странски универзитетски центри во светот на кои се изучува македонистика, од кои во повеќе од 10 има и лекторати по македонски јазик. Годинава повторно ќе се отвора Лекторат по македонски јазик на Универзитетот во Тирана, а македонскиот јазик ќе се изучува и на Педагошкиот факултет во Корча, Албанија. Се направија последните подготовки за отпочнување настава и учење на македонскиот јазик на престижниот Факултет за странски јазици на Универзитетот во Пекинг. Со Лекторат по македонски јазик, македонската приказна ќе се раскажува и во Кина. Од оваа година македонскиот јазик ќе се изучува и во Осло, Норвешка и за тоа веќе е добиено одобрение од надлежните норвешки институции.

Македонски јазик се изучува на Факултетот за литература на Истанбулскиот универзитет, а Катедра за македонски јазик и Лекторат по македонски јазик од оваа година започнаа со работа и на Факултетот за јазици, историја и географија на Анкарскиот универзитет. Македонистика се изучува на Универзитетот во Љубљана, на Факултетот за хуманистика во Сосновјец при Шлезискиот универзитет во Катовице, Полска, на унгарскиот универзитет ЕЛТЕ во Будимпешта, на Филозофскиот факултет при Универзитетот во Риека, кој заедно со Филозофскиот факултет во Загреб е еден од центрите на македонистиката во Хрватска.

Повеќе од 300 студенти на додипломски и постдипломски студии и докторанди по македонистика во светот го учат македонскиот јазик. Во неколку европски држави македонскиот јазик го има и како изборен предмет во основните и средните училишта. Постигнат е договор од оваа година македонскиот јазик да се учи и во школи во Италија. Во Австралија, македонскиот јазик се учи од забавиште до матура. Само во Викторија македонскиот јазик се изучува во пет државни училишта како дел од наставата и во пет центри на Викториското училиште за јазици.

Акад. Катица Ќулавкова има работено во Националниот институт ИНАЛКО во Париз, што е всушност француско-германски проект, па пред повторно да пишува за маргинализација на нашиот јазик, да ја потсетам дека пред неколку месеци во овој институт се одржа меѓународна конференција за македонистика и истата доби статус на научна дисциплина во Франција, со што уште еднаш се гарантира нејзината заштита и самостојност.

Во Грција официјално е регистриран „Центар на македонскиот јазик“. Овој чин ‘де факто’ значи признавање на македонското говорно население во Грција. Истовремено започна со работа и организацијата „Крсте Петков Мисирков“, којашто во Воденско и Сопотско организира учење на македонскиот јазик.

Минатата година, во јули, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје беше домаќин на триесетина учесници на славистичка школа што се организираше во рамките на меѓународниот „Еразмус+“ проект „Модерни славистички студии“. Оваа година ќе се одржи и јубилејната 50. Меѓународна научна конференција на МСМЈЛК.

Во август и септември, минатата година во Охрид, 60 странски македонисти и слависти од 17 држави учествува на Летната школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ. Меѓу семинаристите беа и универзитетски професори, значајни истражувачи од славистичкиот свет – лингвисти, книжевници, културолози и книжевни преведувачи.

Пред неколку недели се одржа и Зимска школа, со учесници од: Кина, Виетнам, Соединетите Американски Држави, Австралија, Турција, Полска, Словенија, Чешката Република, Унгарија, Грција, Бугарија, Романија, Молдавија, Руската Федерација, Хрватска, Србија и Босна и Херцеговина. Една од учесничките на школата, Карла Шкрлец од Хрватска, изјави: „Во животот имам учено многу јазици, но немам видено некоја држава вака да се грижи за оние кои сакаат да го научат нејзиниот јазик“.

Министерството за култура веќе подготвува нов Закон за употребата на македонскиот јазик, којшто ќе придонесе за подигање на јазичната култура, негување и заштита на македонскиот стандарден јазик и неговото кирилско писмо, како и почитување, унапредување и афирмација на јазичниот стандард. Од државниот буџет за оваа година се изводени еден милион денари за изработка на проект за реконструкција на старото школо во село Љубојно и за негова адаптација во Центар за промоција на македонскиот јазик. Сигурен сум дека Ќулавкова знае дека во последните 25 години, во Институтот за македонски јазик имало само едно вработување. И дека во текот минатата година се вработија 14 млади истражувачи.

Уште ли го бранат македонскиот јазик? И од кого го бранат? Уште ли ќе тврдат дека некој го продава јазикот? 30 години лицемерно собираат политички поени и одработуваат за ВМРО. Не мислам само на македонското, туку и на бугарското ВМРО. Тие две се единствените што прашањето за јазикот сакаат сè уште да го држат отворено. Со секој наш чекор поблиску до ЕУ, нервозата кај „бранителите“ на нашиот јазик и идентитет се зголемува. Знаат тие многу добро дека со зачленување во ЕУ секој официјален документ ќе биде преведуван на македонски јазик. И ќе пишува дека е македонски јазик. Без фусности, без додавки, без објаснувања. Чисто, прецизно, македонски јазик. И сите тие документи ќе мора да бидат потпишани од сите држави, вклучително и од Бугарија. Исто како што е и во НАТО.

И најважно, никогаш нема веќе да се дискутира на таа тема за нашиот јазик. Како што не се дискутира ниту за француски, чешки, грчки, или било кој друг јазик. Проблем со јазикот (ќе) постои само во главите на такви како акад. Катица Ќулавкова.

Извор: Рацин.мк

Print Friendly, PDF & Email
Tags: академиклекторатмакедонски јазикодбрана
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    151 shares
    Share 60 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    144 shares
    Share 58 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Прв приговор до ДИК: СДСМ Штип против Јорданов и ВМРО-ДПМНЕ за злоупотреба на јавни ресурси

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ