• Latest
Аматерска фотографија од протестите на Шарената револуција

Отфрлена аболицијата на Иванов, хибридни напади низ институциите и училиштата, ЕК со нов пакет санкции против Русија

February 16, 2023

Изборите завршија, новиот старт по грабање на јавните површини од моќници почнува веднаш

November 17, 2025
Фото: Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Ракетен удар на рф врз станбен квартал во Харкивскиот регион – 3 загинати, 10 повредени, меѓу нив и деца

November 17, 2025
Мурал од Бенкси

Меѓународен ден за толеранција: ЦИВИЛ бара почитување на принципите на толеранцијата, човековите права и меѓународното право – да се стави крај на насилствата и војните

November 17, 2025

Гаши ги распиша локалните избори за градоначалници во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуша и Центар Жупа за 11 јануари 2026

November 17, 2025

Обвинение против Љубе Темелков, советник на МААК во Неготино, за ширење омраза, расизам и дискриминација врз ромската заедница

November 17, 2025
Скриншот од видео на
Firstpost

Поранешната премиерка на Бангладеш, Шеик Хасина, осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025
Фото: ЦИВИЛ

Отворен јавен повик: Студентите добиваат ваучери за електронски уреди

November 17, 2025
Скриншот од видео на UNITED 24

По 39 години од нуклеарната катастрофа, нова трагедија предизвикана од Кремљ: Вдовицата на првата жртва од Чернобил  убиена во рускиот напад врз Кијив 

November 17, 2025
Фото: Фејсбук Јетмир Асани

Ноќна забрана за фрлање ѓубре: Скопје воведува казни од 50 до 1.800 евра

November 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

САД го означуваат венецуелскиот картел како странска терористичка организација

November 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Отфрлена аболицијата на Иванов, хибридни напади низ институциите и училиштата, ЕК со нов пакет санкции против Русија

February 16, 2023 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Аматерска фотографија од протестите на Шарената револуција

Аматерска фотографија од протестите на Шарената револуција

Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Судот во Стразбур ја отфрли аболицијата на Иванов

Европскиот суд за човекови права во Стразбур ја отфрли како недопуштена, жалбата за поништената аболиција на поранешниот претседател Ѓорге Иванов од 2016 година со која беа помилувани 56 лица осомничени и осудени во повеќе предмети што ги водеше Специјално јавно обвинителство, меѓу кои и поранешниот премиер Никола Груевски, министерот за транспорт и врски во неговата влада Миле Јанакиески, министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешниот директор на УЈП Сашо Мијалков и други тогашни државни функционери. ЕСЧП одлучуваше по жалбата поднесена од осумина граѓани на Република Северна Македонија од 2020 година.

Владата на Република Северна Македонија ја поздравува денешната одлука на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) која е во полза на државата и потврдува дека жалбите на апликантите во целост се прогласени за недозволени вклучително и во делот за наводните помилувања.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Спасовски: Безбедносните служби работат со полн капацитет за да се зачуваат мирот и безбедноста и спокојот на граѓаните

„Нападите на веб-страниците на институциите се дел од хибридната војна, исто како што се и лажните дојави за бомби во училиштата, трговските центри и институциите. Тие многукратно се зголемија после руската агресија на Украина… Тоа сугерира дека хибридните напади ќе бидат и многу пожестоки, а ако се согледа колкава разорна моќ имаат, може да бидат многу поопасни од конвенционалните. Овие напади се реалност не само што се случува кај нас, туку и пошироко. Истрагите кои се однесуваат на заканите за поставени експлозивни направи и оние кои се од ИП адреси за кои може да се докаже, веќе се изведени пред лицето на правдата. Очекуваме дека ќе ги обезбедиме сите докази за уште пет до шест случаи“, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Американскиот магазин Тајм објави насловна страна со фотографија од училишен подрум во селото Јахидне во регионот Чернихив, каде што руската војска затвори 368 локални жители во март 2022 година, а 10 од нив починаа потоа. Соодветната насловна страница Тајм ја објави на Твитер.

*

Европската комисија предложи дополнителни забрани за извоз во вредност од повеќе од 11 милијарди евра за да се лиши руската економија од критична технологија и индустриски стоки, изјавија  претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен и високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел, објавено на веб-страницата на Европската комисија

*

„Неколкунеделните неуспешни руски напади врз украинското упориште Вуледар ги обновија сомнежите за способност на руското раководство да ги оствари зацртаните планови и (не)успешноста на воената тактика на Кремљ да одржува големи копнени напади. Размерите на загубите на Москва во офанзивата на истокот на Украина дури сега почнуваат да доаѓаат во фокусот“, пишува Драган Мишев во „Фијаско на рускиот напад врз Вуледар: Само морони напаѓаат директно“.

ФЛЕШ ВЕСТИ

РЕКОНСТРУКЦИЈА Во Собранието веќе четврти ден се расправа за разрешување на тројцата министри од Алтернатива. Со реконструкцијата на Владата, во владината коалиција влегува партијата Алијанса за Албанците.

ЕКОНОМИЈА Се очекува во најкус период Законот за данок на солидарност да се најде пред пратениците на пленарна седница, откако власта го поднесе во Собранието по скратена постапка. За да биде усвоен, најпрвин треба да го помине филтерот во Комисијата за финансирање и буџет, но дел од членовите побараа текстот да се најде на поширока јавна расправа.

РОК Организациите регистрирани согласно со одредбите на Законот за здруженија и фондации кои нема да ги усогласат имињата и дејноста, се бришат од Регистарот, соопшти денеска Централен регистар.

ДОНАЦИИ Во Тетово хуманитарен кошаркарски натпревар, средствата од продадените билети ќе се донираат за Туркије и Сирија

РЕГИОН Силен земјотрес со интензитет од 5,3 степени по Рихтеровата скала во 10:47 минути го погоди островот Крк, каде бил и епицентарот, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

ЗЕМЈОТРЕС „Металика“ донира 250.000 долари за Туркије и Сирија

СЛОБОДНА ЗОНА

„Средства за капитални инвестиции треба да се бараат во внатрешните преструктуирања и намалување на корупцијата и сивата економија, зошто задолжувањето ќе биде сѐ поскапо и сѐ понедостапно. Намалувањето на државниот апарат е задача со чие решавање доцниме веќе деценија. Намалувањето на беспотребните административци ќе ослободи буџетски средства кои можат да се употребат во зголемување на нејзината ефикасност, а со тоа и подобрување на атмосферата за водење бизнис и пристојно функционирање на системот“, пишува Војо Маневски во колумната „Усогласување“.

„Се чини дека лидерот на опозициската ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски сепак беше во право кога тврдеше дека се врши притисок врз одредени пратеници во Собранието.  Само што притисокот не бил од страна на владејачкиот мнозинство, туку токму од неговата, веќе шеста години опозициска партија. Како прилог кон ова тврдење е неодамнешното напуштање на владејачката партија од големиот вљубеник во владини коалици, од било која страна и дадоаѓаат. Како Павле Трајанов, токму сега, кога се создава новото владино мнозинство, реши да го послуша вечниот опозиционер и да прејде на темната, пардон, губитничката страна во креирањето на евро-иднината на земјата?“, пишува Драган Мишев во „Со што ВМРО – ДПМНЕ го притисна Павле Трајанов да се откаже од власта?“

Б. Јордановска

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ