• Latest

Спасовски: Безбедносните служби работат со полн капацитет за да се зачуваат мирот и безбедноста и спокојот на граѓаните

February 16, 2023
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА

Спасовски: Безбедносните служби работат со полн капацитет за да се зачуваат мирот и безбедноста и спокојот на граѓаните

February 16, 2023 14:06
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Нападите на веб-страниците на институциите се дел од хибридната војна, исто како што се и лажните дојави за бомби во училиштата, трговските центри и институциите. Тие многукратно се зголемија после руската агресија на Украина, порача денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

– Тоа сугерира дека хибридните напади ќе бидат и многу пожестоки, а ако се согледа колкава разорна моќ имаат, може да бидат многу поопасни од конвенционалните. Овие напади се реалност не само што се случува кај нас, туку и пошироко. Истрагите кои се однесуваат на заканите за поставени експлозивни направи и оние кои се од ИП адреси за кои може да се докаже, веќе се изведени пред лицето на правдата. Очекуваме дека ќе ги обезбедиме сите докази за уште пет до шест случаи, рече Спасовски во одговор на прашање при денешната посета на реновираната кујна на Единицата за брзо распоредување во Полицискиот центар „Ѓорче Петров“.

Тој нагласи дека безбедносните служби работат со полн капацитет за да се зачуваат мирот и безбедноста и спокојот на граѓаните и преземаат низа на активности за кои рече дека би можеле да бидат решение на проблемот.

– Се формираше посебен оперативен тим, кој даде одредени препораки кои се веќе усвоени на Влада и се стартува со нивна имплементација по сите институции во делот на хибридните закани. Во Фондот за Здравство се работи за хибриден напад со кој е влезено во нивниот систем. Веќе има пријава од Фондот и нашиот Оддел за кибер криминал работи интензивно на тоа во делот на истрагата, а бараме и поддршка од меѓународните партнери со цел да го заштитиме системот максимално за да може да продолжи да функционира и понатаму, рече Спасовски и додаде дека во моментов нема упади во други институции.

Имаше неколку обиди, но на секого, додаде министерот, мора да му биде јасно дека сите треба да бидеме дел од заштитата на тој систем и да посветиме многу поголемо внимание на овие кибер напади за да се зголеми отпорноста на институциите во делот на превенцијата.

– Не реално е да се очекува дека една институција може да ги штити сите институции. Секоја институција ќе мора да има соодветни заштити на својот електронски систем и да има експерти кои тоа ќе го прават. Системот на заштита треба да зајакнува и да се градат капацитетите. Процесот на електронски развој е динамичен и не можеме да си дозволиме да мислиме дека ако денеска имаме систем на заштита дека тој ќе биде релевантен и по шест месеци или година. Тој постојано треба да се обновува. Како МВР створивме услови во новиот ИКТ центар во Прилеп во кој сите институции може да имаат бекап на своите електронски податоци и веќе почнуваме да соработуваме со институциите, прецизира Спасовски.

Тој посочи дека голем број од институциите имаат консолидиран систем на заштита и успешно беа одбиени обидите за упад во нивните системи.

– Не се дозволи напаѓачите да влезат во системот и дел од тие податоци да бидат уништени. Хибридните закани и напади кои ги имаме се транснационални и во ниту еден момент не може да се поврзат со еден или друг заради тоа што не познаваат граници и користат ВПН адреси за кои кога ќе го правите испитувањето ќе ви се појави дека во 50 до 60 држави во светот има 1.000 до 2.000 такви ИП адреси. Ниту една држава до крај не може самостојно да се заштити од тоа, потенцира Спасовски.

Министерот препорача дека во вакви моменти сите треба да ги следат инструкциите што ги даваат институциите.

– Целта на оние кои ги прават ваквите напади е да се окупира вниманието на луѓето и да се создаде страв, несигурност и паника. Институциите се во полна работна пареа за да не дозволиме во ниту еден момент да ни се случи било што. Затоа треба да се има верба во институциите и да се сфати дека таму каде што има присуство на полиција е безбедна средина и тие се грижат за граѓаните. Дадени се инструкции на училиштата за да знаат како и во кој момент да се однесуваат и да делуваат со цел да не се создаваат дополнителен страв и паника, посочи Спасовски и додаде дека очекува тоа да даде резултат.

Tags: МВРСпасовски
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ