• Latest
Video-kolumnë: d-r Saso Ordanoski

Орданоски: ДИК е врв на изборната конфузија

October 27, 2016

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026

Вучиќ ќе отпатува на самитот во Тиват и покрај предупредувањата за висок безбедносен ризик

June 4, 2026
Фото: Wikimedia commons

Европскиот парламент бара забрзани реформи и политички консензус за продолжување на евроинтеграциите на Северна Македонија

June 4, 2026

Ревизија во Академијата за судии и обвинители: Незаконски исплати, спорни набавки и пропусти во испитниот систем

June 4, 2026
Реакции

РЕАКЦИИ: Кој ја држи Северна Македонија во ЕУ чекалната – граѓаните ја поделија вината меѓу Брисел, Софија и Владата

June 4, 2026

Дипломатски тензии меѓу Белград и Подгорица: Поради безбедносен ризик, БИА му препорача на Вучиќ да не патува во Црна Гора

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Орданоски: ДИК е врв на изборната конфузија

October 27, 2016 13:57
in ПОЛИТИКА
Video-kolumnë: d-r Saso Ordanoski

Video-kolumnë: d-r Saso Ordanoski

Share on FacebookShare on Twitter

Д-р Сашо Орданоски, политички аналитичар и експерт при ЦИВИЛ – Центар за слобода, во својата редовна месечна анализа, говори за условите за одржување избори, одговорноста и улогата на Државната изборна комисија, Специјалното јавно обвинителство и меѓународната заедница во тешките општествено-политички процеси во Македонија.

Според Орданоски, отворено е прашањето дали ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува на избори. Владејачката партија ќе ја донесе одлуката по детална проверка на своите рејтинзи кај гласачкото тело. Орданоски е на ставот дека ВМРО-ДПМНЕ нема да оди на избори, ако знае дека сигурно ќе ги загуби!

Анализите кои ЦИВИЛ ги презентира се дел од проектот „Напред!“ посветен на долгорочниот мониторинг на изборните и општествено-политичките процеси во Република Македонија. Ставовите и препораките изнесени во оваа анализа се дел од позициите на ЦИВИЛ во овој процес.

Избори

(Дали е можно одложување на изборите? Дали треба да се одложат изборите? Зошто? Дали има услови за слободни избори? Кои се главните предизвици?)

Бидејќи јас не верувам во можноста дека ВМРО-ДПМНЕ ќе оди на избори, за коишто однапред ќе знае дека ќе ги губи. Таа оценка ќе ја донесат за неколку недели, откако ќе видат како се движат работите. Пред нас имаме уште период во којшто, реално, ќе има само лоши вести за владејачките партии. Имаат неколку варијанти коишто можат да ги активираат за одлагање на изборите.

Најочигледната е уставното укинување на Специјалното Јавно Обвинителство (СЈО). Тој е многу ризичен потег, мислам дека тој потег на крајот ќе им се одрази страшно политички, бидејќи веќе тогаш ќе се сведе изборот во Македонија: Дали сте за Катица Јанева или сте за Никола Груевски.

Како што стојат работите сега, со поддршка која СЈО ја ужива од над две третини од населението, политичкиот судир меѓу кој било фактор и СЈО оди на штета на тој фактор. За кратко време ќе стане очигледно дали владејачките партии, особено ВМРО-ДПМНЕ, навистина сака сега да излезе на избори или игра една компликувана игра во којашто тие не би оделе на избори, но причините и вината за тоа мора некој друг да ги понесе.

Државна изборна комисија (ДИК)

(Која е улогата на ДИК во овој период? Шестата изборна единица е предизвикот за кој ДИК подолго време ги предупредува Министерството за правда и Собранието. Собранието ја врати топката во ДИК. Избирачки список, тела и органи на ДИК, соработка со институции, соработка со граѓански сектор, едукација, независност на ДИК, се само уште неколку од многуте предизвици со кои се соочува ДИК и целиот изборен процес.)

Во оваа фаза ДИК сега е еден орган којшто пасивно ги набљудува случувањата на политичката сцена. Кај ДИК сѐ уште не се почнати тензиите. Но, и на јавноста ѝ е јасно дека, доколку дојде ситуација да се решаваат некакви деликатни политички прашања, во кои ќе треба да се заземаат страни за конкретни проблеми, јас мислам дека ДИК ќе продолжи да ја игра таа улога на конфузност, на придонесување кон понатамошни проблеми, не на расчистување на ситуациите.

Мора да разбереме дека за жал, режимот во Македонија се наоѓа во таква состојба во која што повеќе му одговара нејасност, магла, релативно хаотична ситуација, отколку јасно одвивање на нештата, со прецизни, точни процеси кои имаат свои институционални рамки, кои имаат законски разврски. Во таа ситуација, тие сѐ уште се во состојба да шират конфузии, а ДИК е врвот на изборната конфузија во институционална смисла.

Нас како општество, по изборите, доколку се одржат на 11 декември, нѐ очекува многу темелна реформа, репозиционирање, дисконтинуитет од ова што досега беа институциите. Доколку имаме среќа да се смени режимот, ние после овие избори, мораме да започнеме темелна реформа на овој изборен систем. Овој тип на отворени прашања како шестата изборна единица, избирачките списоци кои сѐ уште не се прочистени до крај, надлежностите, правата, обврските… сето тоа ќе мора да се редефинира.

Треба да се воспостават правила на игра коишто нема да бидат спорни за никого и нема да произведуваат конфузии во коишто сега живееме. Секогаш, кога тие институции произведуваат конфузии, тогаш одлуките се политички арбитрирани. А, тоа значи дека не се водат според законот, туку според некакви интереси, коишто се приватни, криминални, политички итн. Во таа стварност ние сега живееме. Од тоа ќе мора да излеземе по изборите, и тоа е една од покрупните реформи коишто ги очекува македонското општество и државата.


Позициите, ставовите, анализите и препораките на ЦИВИЛ не нужно ги отсликуваат ставовите на донаторите на проектите кои ги спроведува организацијата. Проектот „Напред!“ е финансиран со германски средства од Пактот за стабилност на Југоисточна Европа.

Tags: анализаДИКСашо ОрданоскиСЈОЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ