• Latest

Ковачевски за интервјуто со Латас: Секое вакво однесување мора да биде јавно осудено и да испрати јасна порака дека насилството врз жените е неприфатливо

February 23, 2023

Аферата Алта банка: Парите, политиката и мрежата на моќ од Белград до Скопје и пошироко

October 31, 2026

Кога ќе се совпаднат изборите во Брвеница и цената на студентскиот оброк

October 31, 2026

Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

October 30, 2026
Амб. Лариса Дир

Украинската амбасадорка Лариса Дир за ЦИВИЛ МЕДИА: Рускиот агресор ги користи студот и темнината како оружје против Украинците

October 30, 2026

Севернокорејски хакери поврзани со рекордна кражба во вредност околу 6,36 милијарди долари од криптоберзата Binance

October 30, 2026
Илустрација ВИ

Власта во Србија меѓу рокот за конституирање и механизмите за одолговлекување на СНС

October 30, 2026

Напад со три поморски дрона во Црното Море: Потона брод, сите 18 морнари се спасени

October 29, 2026
Олешки, Украина, 2026

Олешки чека храна и лекови: Прекин на огнот во украинскиот град под руска окупација

October 29, 2026

Избори во Израел: Обвинувања за изборни нерегуларности, арапските партии со рекорден резултат, неизвесни коалициски преговори

October 29, 2026

Светската банка: Енергијата поскапува 32%, растот на цените на храната ќе продолжи и во 2027 година

October 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ковачевски за интервјуто со Латас: Секое вакво однесување мора да биде јавно осудено и да испрати јасна порака дека насилството врз жените е неприфатливо

February 23, 2023 20:38
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Димитар Ковачевски во одговор на пратеничко прашање за случајот со интервјуто со новинарот Драган Павловиќ Латас рече дека најпрвин ќе одговори како човек и татко, а потоа како премиер.

„Слушнав за ова пред неколку дена и оттогаш до денес кога и да помислам на случајот навистина се вознемирувам и се чувствувам гневно. Ова однесување не само што е срамно за мажите, не само тука, туку и во светот, ова е срамно за сите луѓе и за секое човечко битие. Јавното промовирање и поддржување на сексуално насилство и сексуална злоупотреба е целосно неприфатливо“, рече Ковачевски.

Тој кажа дека не смее да се толерира вакво понижувачко, омаловажувачко, деградирачко третирање на жената.

„Секое вакво однесување мора да биде јавно осудено и да испрати јасна порака дека насилството врз жените е неприфатливо. Загрижувачки е што слушавме не само за чин на сексуално насилство, туку и што бевме сведоци како соговорниците радосно и без грам грижа на совест и свесност колку штета нанесуваат, се смеат и ликуваат додека дискутираат“, додаде премиерот.

Ковачевски ја поздрави силната јавна осуда.

„Воедно, сметам дека тоа не е доволно. Затоа ги повикувам институциите кои за волја на вистината реагираа во рамките на своите надлежности да го истераат овој случај до крај. Да покажат дека сепак во Македонија имаме владеење на правото. Воедно го повикувам и Здружението на новинарите да се оградат од колегите кои шират ксенофобија и дискриминација, бидејќи такви луѓе не се достојни да пишуваат и да зборуваат пред јавноста. Исто така, ги повикувам и ВМРО-ДПМНЕ и господинот Мицкоски да ја најде и да ја искине партиската книшка на секој еден нивни член кој самоиницијативно решава да шири наратив со кој сега генерации млади ќе мислат дека е во ред да се зборува на тој начин за сексуално насилство и да се однесуваат мизогино и дискриминаторски. Фактот што тој не го стори тоа досега мене лично ме ужаснува, ама не сакам ова прашање да го претворам во политичко прашање“, истакна Ковачевски.

Премиерот повтори дека слободата на говорот во земјава е загарантирана со Устав, но тоа истовремено не значи дека секој може да ги гази човековите права, да шири омраза, мизогинија, ксенофобични и дискриминаторски идеи.

„Слободата на говор подразбира одговорност и постоење на висока свест за демократските начела и за слободите, правата и обврските во едно отворено општество. Кога слободата на говор провоцира криминални дејствија ли каков било тип на нарушување на граѓанските и човековите права тогаш тоа не е слобода, туку е агресија и така треба да се третира. Дома имам 17-годишна ќерка и најголем број од моите пријатели и познаници, од мојата генерација, имаат ќерки на таа возраст и се срамам и сум гневен кога слушам вакви работи. Во 21 век во 2023 година, одредени личности со неверојатна леснотија се шегуваат со сексуално насилство. Ваквите работи навистина ме вознемируваат и доколку е можно, согласно процедурите на Собранието, да направиме пауза, бидејќи во моментов, после ова, не можам да продолжам со одговарање на пратенички прашања“, кажа Ковачевски.

 

Tags: Димитар КовачевскиЛатас
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ