• Latest
Џабир Дерала (фото: Кирил Михаилов)

Не само што нема зошто да му се извинам на Мицкоски, туку јас барам извинување од него

February 28, 2023

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ЕДИТОРИЈАЛ

Не само што нема зошто да му се извинам на Мицкоски, туку јас барам извинување од него

February 28, 2023 17:15
in ЕДИТОРИЈАЛ, МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Џабир Дерала (фото: Кирил Михаилов)

Џабир Дерала (фото: Кирил Михаилов)

Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на социјалните мрежи (26 февруари 2023 г.) се впушти во непримерен и груб вербален атак врз мене лично и неколку интернет портали кои „се дрзнале“ да пренесат вест што се однесува на неговата имотна состојба. Тој во објавата се заканува и бара во рок од 24 часа да му се извинам јас, односно медиумите што ги наведува во својата објава.

Во својата објава, Мицкоски наведува (со скриншот) пет македонски медиуми (Бриф, 24 Инфо, Фронтлајн, НоваТВ и Индекс) кои сосема произволно, без аргументи, како од ракав, ги доведува во врска со своите политички опоненти, што е крајно неприфатливо, а притоа ги доведува и во врска со само еден човек, со име и презиме, а тоа сум јас. Најмалку што може да се каже е дека со тоа тој свесно и злонамерно ја доведува јавноста во заблуда.

Да не зборуваме за тоа дека Мицкоски го изврши овој груб атак за пренесен текст. Не мој, авторски, туку пренесен текст. Согласно законот, за текстовите што се објавени, одговорен е авторот, односно изворот. Во случајов, тоа не сум јас, ниту медиумите во кои имам некаква функција. Кога некој се впушта во вакви операции, најмалку што треба да направи е да се консултира со стручни лица.

Оваа објава на социјалните мрежи е непримерна за еден политичар и претседател на парламентарна политичка партија во земјата. Навистина.

*

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, влегува во лична пресметка и се нафрли врз мене со клевети и закани. Но не сум само јас таргетот. Тој во својата објава се обидува да ги дискредитира медиумите и да им се закани. Со ваквото однесување, Мицкоски директно ја загрозува слободата на говорот и медиумските слободи. Овој атак не е насочен само против редакциите што произволно ги наведува во својата објава, туку и кон сите други што би се дрзнале да кажат нешто што нему или на неговата партија на им се допаѓа.

Познато, премногу познато – сме го поминале сето тоа. За жал, ваквото однесување не е само наше минато, туку и горчлива сегашност.

*

ЦИВИЛ – Центар за слобода денеска ги повика новинарските здруженија, регулаторни и саморегулаторни тела, како и граѓанските здруженија за заштита на човековите права и слободи, да го осудат и да го отфрлат ваквото непримерно однесување на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. И јас лично се придружувам кон овој повик. Се надевам дека ќе има реакција.

Оваа ситуација не е новост. Јавниот линч, говорот на омразата и заканите против медиумите што ги пласираат радикалните политички групи и партии во нашата земја траат со години, да не речам со децении.

Во овој случај, кон јавниот линч се придружи и самиот претседател на политичката парија ВМРО-ДПМНЕ!

*

Мицкоски врши јавен притисок, ме доведува мене и моите колешки и колеги во опасност од одмазда и ја загрозува нашата безбедност, чест и углед, како лично, така и на професијата со која се занимаваме.

Тој се заканува и со тужби, со што дополнително покажува дека е спремен, со сите средства да се бори против слободата на говорот и медиумските слободи.

*

Еве што му одговорив на адвокатот на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, кој испрати барање за извинување и повлекување на пренесениот текст:

Почитуван г-дине Мицкоски,

Во врска со Вашиот Фејсбук статус објавен на ден 26.02.2023 година, на Вашиот профил Hristijan Mickoski, Ве известувам дека:

Поврзано со текстот на порталот ИНДЕКС (index.mk), со наслов „Мицкоски купил и реновирал куќа во Козле вредна еден милион евра“, во објавениот Ваш Фејсбук статус ме споменувате мене, со име и презиме, во контекст на барањето: „…медиумите блиски на ДУИ (лице вработено во кабинетот на Артан Груби) и СДСМ (Џабир Дерала) да ми се извинат за лагите кои ги објавија…“.

За жал, г-дине Мицкоски, Вашето барање за мое извинување е апсолутно неосновано, бидејќи јас не сум автор на текстот, па поради тоа не можам да Ви се извинам за туѓи текстови што Вие ги нарекувате „лаги“, ниту во име на Порталот ИНДЕКС (како автор/извор на текстот), ниту пак во име на медиумите што ги споменувате.

Напротив, поради споменувањето на моето име и презиме во Вашиот објавен Фејсбук статус од 26.02.2023 година, во негативна конотација, а во интерес на вистината и објективното информирање на јавноста, со цел да се спречи понатамошното нарушување на мојот углед и достоинството, преку објавување на погоре изнесените клевети од Ваша страна, барам веднаш по приемот на ова Барање да ми се извините за изнесените клевети и Вашето извинување, како и овој демант да го објавите на Вашата Фејсбук страница/профил Hristijan Mickoski. 

Во спротивно, ќе бидам принуден заштитата на мојата чест и углед, да ја остварувам по судски пат.

Останувам во очекување на објавување на Вашето извинување и овој демант во целост.

Со почит,

Џабир Дерала

*

Значи, не само што нема зошто да му се извинам на Мицкоски, туку јас барам извинување од него. Искрено, не очекувам дека ќе бидам позитивно изненаден. Но никогаш не се знае…


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0. | Извор: CivilMedia
Print Friendly, PDF & Email
Tags: ВМРО-ДПМНЕјавен линчклеветаМедиумиМицкоскиПритисок
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • „Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Oбид за убиство и насилство во Струга, со „БМВ Х6“ му го пресекол патот и со нож го прободeл во вратот, стомакот и надлактицата

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • (ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Збрка и будалаштина

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • УЈП привремено затвори пет субјекти во државата, за други пет даночни обврзници привремена забрана за вршење дејност

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ