• Latest
Македонски, официјален јазик во ЕУ, на објаснувачкиот скрининг од поглавјата 14 и 21 во седиштето на ЕУ во Брисел. Фото: Драган Мишев, ЦИВИЛ Медиа

Маричиќ во Брисел ги отвори објаснувачкиот скрининг состанок од Кластерот 4; од утре поевтини тестенини и млечни производи; Груби смета дека премиер Албанец e да се урнат табуата

March 15, 2023

Ден на Уставот на Република Северна Македонија: Хронологија на три децении уставни трансформации на државата

November 17, 2025
Полскиот премиер Доналд Туск разговара со полициски и воени претставници во рамките на истрагата за сомнителна саботажна операција против полска железница на 17 ноември 2025 година. Фото: Полски премиер Доналд Туск/X

Варшава ја оцени како „невиден чин на саботажа“ експлозијата на полската железничка пруга што се користи за пратки помош за Украина

November 17, 2025
Снимки на кои се гледаат украински војници застрелани од руски војници во близина на населбата Затишшија во Запоришката област, објавени на 15 ноември 2025 година. Скриншот од (Дип Стејт/Телеграм

Руските окупатори егзекутирале 2 украински воени заробеници во Запоришката област

November 17, 2025
Владимир Пивоваров, експерт за безбедност

Пивоваров: Лажните изборни ветувања се најтешко кривично дело – граѓаните живеат во маѓепсан круг на корупција

November 17, 2025

Цените на храната растат, мерки нема – Ристески се повикува на казните од 2,5 милиони евра

November 17, 2025

Пропустите на факултетите ги оставија студентите без оброк – Јаневска ветува дека пари ќе има следниот месец

November 17, 2025
фото: ВИ

Изборите завршија, новиот старт по грабање на јавните површини од моќници почнува веднаш

November 17, 2025
Фото: Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Ракетен удар на рф врз станбен квартал во Харкивскиот регион – 3 загинати, 10 повредени, меѓу нив и деца

November 17, 2025
Мурал од Бенкси

Меѓународен ден за толеранција: ЦИВИЛ бара почитување на принципите на толеранцијата, човековите права и меѓународното право – да се стави крај на насилствата и војните

November 17, 2025

Гаши ги распиша локалните избори за градоначалници во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуша и Центар Жупа за 11 јануари 2026

November 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Маричиќ во Брисел ги отвори објаснувачкиот скрининг состанок од Кластерот 4; од утре поевтини тестенини и млечни производи; Груби смета дека премиер Албанец e да се урнат табуата

March 15, 2023 17:01
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Македонски, официјален јазик во ЕУ, на објаснувачкиот скрининг од поглавјата 14 и 21 во седиштето на ЕУ во Брисел. Фото: Драган Мишев, ЦИВИЛ Медиа

Македонски, официјален јазик во ЕУ, на објаснувачкиот скрининг од поглавјата 14 и 21 во седиштето на ЕУ во Брисел. Фото: Драган Мишев, ЦИВИЛ Медиа

Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Вицепремиерот Маричиќ во Брисел ги отвори објаснувачкиот скрининг состанок од Кластерот 4

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ денеска во Брисел го отвори објаснувачкиот скрининг состанок за Поглавје 21 и 14 од Кластерот: „Трансевропски мрежи“ и „Транспортна политика“, „Зелена агенда и одржлива поврзаност“.

Кластерот 4 ги опфаќа Поглавјата 14, „Транспортна политика“, 15, „Енергетика“, 21 „Трансевропска мрежа“ и Поглавјето 27, „Животна средина и климатски промени“, кои во периодот од 15-ти до 20-ти март ќе бидат презентирани пред македонскиот преговарачки тим како дел од новиот корпус на европското законодавство, донесено во периодот по 2018/19 година.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Немам амбиција да бидам првиот премиер Албанец на Северна Македонија, туку сакам да останам запаметен како по реализацијата на проектите од  коридорите 8 и 10-д, односно за изградбата на автопатот Скопје-Блаце и по воспоставувањето на врската Приштина-Скопје-Тирана, изјави првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ИНТЕГРАЦИИ Министерот за надворешни работи и претседавач со ОБСЕ Бујар Османи денеска во Стокхолм ќе биде примен од страна на шведскиот министер за надворешни работи Тобијас Билстром. Северна Македонија и Шведска имаат одлични билатерални односи и оваа година слават 30 години од воспоставувањето дипломатски односи, додека Шведска е силен поддржувач на земјава на нејзиниот пат кон пристапување во ЕУ.

ЕКОНОМИЈА Очигледно така сме навикнати во нашето општество, секогаш е последниот ден, дури и кога е за добра работа. Мислам дека го чекаат последниот ден, но утре наутро ќе ги видиме цените, изјави вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи одговарајќи дали е послушана одлуката на Владата за намалување на цената на млекото и млечните производи во продавниците која треба да се применува од 16 март.

МЕДИУМИ Новинарите во Грција, организирани од нивните здруженија, во пет часот утрово започнаа 24-часовен штрајк во рамките на утрешниот генерален штрајк за железничката несреќа, со што земјата денеска ќе биде без вести и информативни емисии, пренесе МИА.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Македонското граѓанско општество со поддршка на Украина во борбата за слобода

„Украина – година на хероизмот“ е заедничкиот наслов на големата конференција што се одржа на 24 февруари, во Домот на АРМ, во организација на ЦИВИЛ и украинската амбасада во Северна Македонија.

Како говорници на третата сесија се обратија Катерина Колозова, Институт за општествени и хуманистички науки, новинарот и аналитичар Љубомир Костовски, Јован Андоновски, Заменик на народниот правобранител, новинарот и аналитичар Никола Наумоски, проф. Ратко Дуев, Философски факултет, Скопје, Астрит Истрефи од Балкан Форум, професор д-р Марјан Ѓуровски, од Институтот за безбедност, одбрана и мир, Филозофскиот факултет на УКИМ, новинарите Дехран Муратов и Драган Мишев од ЦИВИЛ Медиа.

 

АЛБ-ПРЕС

Фајненшл Тајмс излезе со статија  за актуелните политички  проблеми и последните скандали, со наслов „Дрога, шпиони и камери: Албанија се бори да ги спречи криминалните банди“, пренесуваат албанските медиуми. Продолжуваат контроверзиите со албанската Централна изборна комисија и Демократската партија која не ја регистрираат за локалните избори на 14 мај… Ова се само дел темите од денешниот избор на редакцијата на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот.

СЛОБОДНА ЗОНА

Не можам, а да не го споделам впечатокот дека опозицијата и медиумите кои се влечат по нејзините опашки, едноставно, не можат да се помират со реалноста. Мега проектот за изградба на патиштата многу тешко ги погоди. Со фантастични 1,3 милијарди евра ќе се изградат 110 километри патишта. Ќе градат американски и наши фирми. Половина од парите, 600 милиони евра, ќе се слеат во домашните компании. И сѐ мора да биде според планот, прецизно и квалитетно. Тоа е голем проблем. Ама само за ВМРО-ДПМНЕ и за компаниите што се навикнати на нивните дилови, пишува Џабир Дерала во колумната „А бе земете лопатата и сработете нешто!“.

Од атентатот врз српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ минаа две децении. Јасно е дека извршители на тој чин беа оние кои седеа врз акумулираниот капитал од црниот пазар на Србија, па и од регионот. Тоа не значи дека ја нема и политиката. Напротив, од несопирливите криминални рути живееле добри и оние на Дедиње и оние во Земун. Нив меѓу другото ги поврзувал и шверцот со цигарите, кој на Балканот си нашол свое Елдорадо, пишува Љубомир Костовки во анализата „Животот на Зоран Ѓинѓиќ во ножиците меѓу душманите од Дедиње и Земун“.

„Дрога во пијачка“, „кафуле“, „Оливер Спасовски“, „дилери Албанци“, „МВР“, „власта предводена од СДСМ и ДУИ“, „државата“, „институциите“, „самоубиство“, „немите новинари“… се главните поенти (виновници) околу смртта на 18 годишно момче во Скопје, што се објавуваат на социјалните мрежи.

За овие „епитети“ се погрижи професорката на УКИМ, Виолета Ачкоска, која денеска ја избриша од Фејсбук објавата за смртта на средношколецот од СУГС „Георги Димитров“, со која предизвика паника, револт и страв меѓу граѓаните. Таа вчера на својот Фејсбук профил објави дека младо момче почина како последица од дрога што му била ставена во пијачка во кафуле, пишува Дехран Муратов во коментарот „Професорката Ачкоска пишала па ја избришала објавата за смртта на средношколец во Скопје“.

Владејачката Неа Демократија ја губи поддршката на гласачкото тело кое и беше наклонето во истражувањата на јавното мислење направени пред железничката трагедија која однесе 57 животи.

Новите анкети покажуваат дека левичарската партија Сириза направи голем скок и се доближи до Неа Демократија до ниво на статистичка грешка. Четири нови анкети го потврдија падот на популарноста на Нова демократија. Пред несреќата, разликата меѓу Неа Демократија и Сириза беше во просек 6-7%, пишува Борјан Јовановски во анализата „Владејачката Неа Демократија тоне во сондажите на јавното мислење, Ципрас пред нова победа“.

Д. Муратов

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ