• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: Албанија под лупата на Фајненшл Тајмс; албанскиот ЦИК не ја регистрира Демократската партија за следните избори; Курти бара поддршка од ЕУ

March 15, 2023

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: Албанија под лупата на Фајненшл Тајмс; албанскиот ЦИК не ја регистрира Демократската партија за следните избори; Курти бара поддршка од ЕУ

March 15, 2023 12:09
in AL-PRESS, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Фајненшл Тајмс излезе со статија  за актуелните политички  проблеми и последните скандали, со наслов „Дрога, шпиони и камери: Албанија се бори да ги спречи криминалните банди“, пренесуваат албанските медиуми. Продолжуваат контроверзиите со албанската Централна изборна комисија и Демократската партија која не ја регистрираат за локалните избори на 14 мај… Ова се само дел темите од денешниот избор на редакцијата на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот.

АЛБАНИЈА

Балкан Веб – „Дрога, шпиони и камери“, Фајненшл Тајмс: Рама е вмешан во неколку скандали

„Фајненшл тајмс“ посвети напис на Албанија и напорите на земјата да ги спречи криминалните банди, но и на политичката ситуација и скандалите во земјата каде е вмешано името на премиерот Еди Рама.“, пренесе Балкан Веб.

Европа е Лире:  ПД не е регистрирана за изборите на 14 мај

„Централната изборна комисија во Албанија одлучи да не ја регистрира Демократската партија за локалните избори на 14 мај.

Причина за ваквата одлука беше некомплетирањето на документацијата што ја бараше Демократската партија на чело со Енкелејд Алибеај како в.д. претседател на овој политички субјект.“, пренесе Европа е Лире  (Слободна Европа на албански јазик).

Арбреш: Препораки на ЕУ за Албанија

Брисел потсетува дека правилното функционирање и независноста на демократските институции се суштински елементи на добро функционална демократија и клучен услов за членство во ЕУ.

„Политичкото опкружување и понатаму се карактеризира со силна поларизација. Сеопфатниот и конструктивен политички дијалог во земјата останува клучен за понатамошен напредок со реформите за интеграција. Мора да се гарантира транспарентност во креирањето политики, вклученост во процесите на консултации и ефективна комуникација во продолжувањето на преговорите“, пренесе албанскиот портал Арбреш.

КОСОВО

Коха: Курти бара поддршка од Европскиот парламент во текот на интегративниот пат во ЕУ

„Косовскиот премиер Албин Курти побара поддршка од Европскиот парламент во текот на интегративниот пат во Европската унија, а ја истакна важноста на поддршката на ЕП за што побрзо справување со апликациите на Косово до европските организации.

Овие коментари Курти ги дал на средба со европратениците од групата на Европската народна партија (ЕПП) во Европскиот парламент, Лукас Мандл од Австрија, Михаел Галер, Рајнер Виланд и Никлас Хербст од Германија, Карло Реслер од Хрватска, Франк Боговиќ од Словенија, Владимир Билчик од Словачка.“, пренесе Коха.

Бота Сот: За два месеци Косово го напуштиле 52 лекари

„Ниските плати, условите за работа и недостатокот на специјализација се главни фактори за бегството на здравствените работници од земјава.

Алармантни бројки бележат бегството на лекарите и досега годинава. Во 2023 година 52 лекари ги напуштиле своите работни места за да заминат во странство.“, пренесе  Бота Сот.

КОЛУМНА

Економиа Онлајн -Права на малцинствата во Србија: Правна рамка за основање здруженија

„Предлогот на Европската унија за нормализација на односите меѓу Косово и Србија, доколку биде потпишан на 18 март, ќе биде добра основа за Албанците во Србија да создадат асоцијација на општини со албанско мнозинство или слични верзии. Во членот 5 од нацртот се вели дека: „Ниту една страна нема да го блокира, ниту да ги охрабрува другите да го блокираат напредокот на другата страна на нивниот пат кон ЕУ, врз основа на нивните заслуги. Двете страни ќе ги почитуваат вредностите споменати во членовите 2 и 21 од Договорот за Европската унија (ДЕУ).“, извадок од анализата „Права на малцинствата во Србија: Правна рамка за основање здруженија“, од авторот Гуракуч Кучи, објавена во Економиа Онлајн.

Д. Тахири

 

Tags: Албанијаалбански медиумиДПЕУизборизбориКуртирегионФајненшл тајмс
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ