• Latest

Професорката Ачкоска пишала па ја избришала објавата за смртта на средношколец во Скопје

March 15, 2023
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Професорката Ачкоска пишала па ја избришала објавата за смртта на средношколец во Скопје

March 15, 2023 15:57
in ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

„Дрога во пијачка“, „кафуле“, „Оливер Спасовски“, „дилери Албанци“, „МВР“, „власта предводена од СДСМ и ДУИ“, „државата“, „институциите“, „самоубиство“, „немите новинари“… се главните поенти (виновници) околу смртта на 18 годишно момче во Скопје, што се објавуваат на социјалните мрежи.

За дел од овие „епитети“ се погрижи и професорката на УКИМ, Виолета Ачкоска, која денеска ја избриша од Фејсбук објавата за смртта на средношколецот од СУГС „Георги Димитров“, со која предизвика паника, револт и страв меѓу граѓаните. Таа вчера на својот Фејсбук профил објави дека младо момче почина како последица од дрога што му била ставена во пијачка во кафуле.

„Дали некој знае дека денес се погребува гимназијалец отруен од дрога ставена во пијалок во кафич. Дали некој знае уште за неколку слични случаи на деца, кои по халуцинација се фрлат од 5-ти спрат и слични самоубиства. Можеби некој знае, но не оваа јавност која се’ уште е „траурна“ од смртта на малата Тамара, нека почива меѓу ангелите“, напиша професорката Ачковска на својот Фејсбук профил, на 14 март 2023 година.

Скриншот од објава на Фејсбук од проф. Ачковска, 14 март 2023

Таа по 24 часа го избриша статусот, но пред да го избрише, ЦИВИЛ Медиа испрати прашања до професорката Ачковска:

Почитувана професорке Ачковска, би сакале да ни дадете изјава во врска со вашиот Фејсбук статус за починатото момче за кое тврдите дека му била ставена дрога во пијачка во кафуле. Дали може да ни кажете за кое кафуле се работи? Дали детето побарало помош од некоја институција/болница и притоа било одбиено, бидејќи го споредувате со случајот на малата Тамара? Дали знаете кои се тие што ставаат дрога во пијачките?

Но, наместо да добиеме конкретни одговори на прашањата, професорката ни одговори со линк до текст на „Инфомакс“, а во меѓувреме го избришала статусот.

И мајката на починатото момче (како што се претстави во еден од коментарите на социјалните мрежи), ја потврди информацијата за смртта, без да даде дополнителни детали за причината, единствено што напиша е дека е тешко да се биде родител во оваа „држава“ без поддршка на „институциите“.

„Детето е Јован, мојот син, мојот ангел момче кое беше прекрасен син. Нажалост јас како мајка неуспеав да му се најдам тогаш кога најмногу сум му била потребна. Да се биде родител во оваа „држава“ е многу тешко без поддршка на „институциите“. „Институциите“ сигурно ќе го затворат случајот како самоубиство, затоа што така е најлесно. Моја е вината што тоа го дозволив и што останав тука да ги растам децата. За каде? За во Бутел“, пишува мајката на Јован во коментар.

Од МВР за ЦИВИЛ Медиа велат дека момчето починал поради повреди настанати од пад од висина.

„На 12.03.2023, во СВР Скопје е пријавено дека на плочник пред зграда на подрачјето на Центар е пронајден починат Ј. Т. (18). Извршен е увид од страна на полициски службеници и по насока на јавен обвинител телото е дадено на обдукција, при што е утврдено дека починал поради повреди настанати од пад од висина“, велат од МВР.

Страшно е тоа што лични трагедии се злоупотребуваат за дневно политички препукувања и префрлање на вината. Медиумите не може да се обвинуваат зошто не објавуваат за самоубиства, бидејќи тоа не е јавен интерес. Да, медиумите може да отворат дебата дали младите користат дроги и кои се причините и последиците од таквото конзумирање. Медимите (треба) да објавуваат за булинг и насилство во училиштата, за говорот на омразата, дискриминацијата… Во последно време се алармира и за лошто влијание на социјалните мрежи врз младите, особено „Тик-Ток“.

Младото момче нека почива во мир, а истрагата да утврди која е причината за смртта. А, во меѓувреме ајде сите заедно да работиме да спречиме ново згаснување на млад живот.

Дехран Муратов

Фото од Фејсбук профилот на Виолета Ачкоска

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ