• Latest

Принципите на меѓународното хуманитарно право и мисијата на Црвениот крст

March 20, 2023

Нов бран на руски терор: Тројца загинати во Одеса, прекини на струјата во 12 области

November 9, 2026

Горивата поевтинуваат до 7 денари по литар, новите цени од полноќ

November 9, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Почина 24-годишникот осомничен за смртоносниот напад во Краков

November 9, 2026
Фото/ Wikipedia commons

Гутереш: Светот влегува во ера на климатски екстреми, Ел Нињо дополнително ја загрева планетата

November 9, 2026

Г7 во Париз: По изборниот пораз на Трамп, сојузниците бараат јасност за американската политика кон Украина и Блискиот Исток

November 9, 2026
Фото: Архива

Унгарија ги отвори досиејата на комунистичката тајна полиција: 60.000 имиња во јавна база, Фидес обвинува за политичка манипулација

November 9, 2026
Фотографија: Фејсбук профил Трн.мк

„Ниту една повеќе!“ – Граѓаните бараат одговорност за пропустите во системот за заштита од насилство врз жените

November 9, 2026
Комишуваха, 8 ноември 2026

РУСКИ ТЕРОР: Дронови погодија станбена зграда и хотел во Кременчук, ранети двајца спасувачи во Комишуваха, каде што 7-ми ден траат спасувачките операции по нападот во кој загинаа 55 лица

November 8, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Алте, малте и други случки

November 8, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Масакр во Краков: Шестмина убиени и 15 ранети, три тела пронајдени во домот на напаѓачот – се истражуваат екстремно десничарски мотиви

November 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Принципите на меѓународното хуманитарно право и мисијата на Црвениот крст

March 20, 2023 11:16
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

„Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без каква било пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно. Целта на движењето е да ги заштити животот и здравјето и да го почитува човекот. Промовира заедничко разбирање, пријателство, соработка и траен мир меѓу сите луѓе. Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби, но давајќи приоритет на најитните случаи“, велат од Црвениот крст на Северна Македонија.

Инаку, историјатот на Црвениот крст започнува со името на швајцарскиот трговец Анри Динан во 1859 год., кој како трговски патник одејќи низ Италија бил сведок на ужасите од битката кај Солферино, како дел од Австро -сардиниската војна.

При оваа битка, околу 40.000 војници на двете страни загинале или останале ранети на бојното поле. Гледајќи го големото страдање на војниците ранети во битката, Динан неколку дена се посветил на помагање и лекување на ранетите. Поттикнат од желбата да им помага на луѓето кои страдаат во војните, Динан заедно со четворица угледни пријатели, во Женева, Швајцарија формирал Меѓународен комитет на Црвен крст и го регистрирал со заштитен знак црвен крст на бело поле (обратно од обележјата на државното знаме на Швајцарија).

Тогаш била донесена Конвенција од 10 члена и била прокламирана мисијата на движењето:

„Да го спречи и ублажи човековото страдање каде и да е, да ги заштити животот и здравјето, да обезбеди почит и достоинство за човековото битие, особено во време на оружени конфликти, несреќи и катастрофи, да работи на превенција на болестите и унапредување на здравствената и социјалната добросостојба на луѓето, да поттикне доброволно ангажирање и постојана подготвеност за давање помош, како и универзално чувство за солидарност и хуманост“.

Клучните активности на Црвениот крст и Црвената полумесечина денес се: помош на жртвите во оружени судири; евакуација и медицинска помош на жртвите во катастрофи и грижа за бегалците во други земји. Целите на мисијата на Црвениот крст и Црвената полумесечина ги подразбираат и целите на меѓународното хуманитарно право како збир на правила, кои од хуманитарни причини имаат за цел да ги лимитираат ефектите од оружените конфликти.

Македонскиот Црвен крст пак е формиран на 17 март 1945 година. Црвениот крст на Република Македонија е признат како национално друштво на Црвен крст од Меѓународниот комитет на Црвениот крст на 1.11.1995, а на 27 ноември 1995 година станува полноправен член на Меѓународната федерација на националните друштва на Црвениот крст и Црвената полумесечина, како 169. членка на меѓународното движење. Како битни услови за признавање на националното друштво Црвен крст на Република Македонија се: прифаќање на Женевските конвенции од 12 август 1949 и Дополнителни протоколи од 1977, како и спроведување на Законот за Црвениот крст на Република Северна Македонија.

Основната замисла на Женевските конвенции е заштитата на сите оние луѓе што не учествувале или не се веќе активни во воени судири. Принципите на меѓународното хуманитарно право имаат универзална важност. Сепак, велат од Меѓународниот комитет на Црвениот крст, нивното опстојување не е засекогаш загарантирано и бара постојан напор. Правото што постојано се крши без тоа да предизвика јасна реакција ризикува да ја изгуби својата важност со текот на времето. Последиците за жртвите од оружените конфликти кои би настанале не можат ниту да се замислат.

Црвениот крст на Република Северна Македонија е единствена организација на територијата на земјава, која ја сочинуваат организациите на Црвениот крст на општините и градот Скопје. Црвениот крст на РМ не претставува здружение на граѓани, но е доброволна, масовна, самостојна, невладина, непартиска и независна хуманитарна организација на граѓаните на Република Македонија.

„Црвениот крст своите цели и задачи ги остварува врз основа на хуманост, непристрасност, неутралност, независност, доброволност, единственост и универзалност, како фундаментални принципи на меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина“, се вели во Законот за Црвен крст.

Инаку, Црвениот крст е најстарата и најценета организација во рамките на Движењето и една од најшироко признатите организации во светот, а има добиено и три Нобелови награди за мир во 1917 год, во 1944 г. и во 1963 г.

Tags: хуманитарно правоЦрвен Крст
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ