• Latest

Битката кај Бахмут – политички и воен пораз за Русија

March 28, 2023
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија: Младите бараат образование, правда и политичка одговорност

October 17, 2026
Рововска политика пред отворените порти на ЕУ

Во маѓепсаниот круг на европските интеграции: Мицкоски тврди дека сме „пред сите“, а земјата назадува

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Војната во сенка ескалира: Мета се системите што ја одржуваат Украина

October 16, 2026
Фото: Скриншот / Х

Пропадна енергетското примирје: Трамп го обвинува Кијив, ЕУ го засилува притисокот врз Москва

October 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Можело и пристојно

October 16, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Жестоки протести во Тирана: Рама одбива оставка, ЕУ повикува на дијалог

October 16, 2026
Илустрација ВИ

Брвеница на предвремени избори: Шест кандидати во трка за градоначалничката функција

October 16, 2026
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Од членот 4 до членот 5: Колку ескалацијата во Црното Море го приближува НАТО до колективна одбрана?

October 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Битката кај Бахмут – политички и воен пораз за Русија

March 28, 2023 12:11
in АНАЛИЗИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Многумина веруваа дека во средината на март судбината на Бахмут е запечатена, а градот е осуден да падне во руски раце. Сепак, откако украинските сили се повлекоа од источниот дел на градот и ги заштитија линиите за снабдување јужно од Бахмут, веројатно е дека руските сили нема да успеат да го заземат уште долго време, ако тоа воопшто и се случи. Се чини дека Москва го сфати ова и на тој начин руските сили го намалија интензитетот на нивните напади додека ги преместува трупите на друго место, објави во својата анализа Варшавскиот институт.

Битката кај Бахмут сега е политички и воен пораз за Русија – на барање на Москва. Борбата за Бахмут стана повеќе прашање на чест отколку стратешка цел за Кремљ. Заврши со неуспех, што само ја потврдува слабоста на руските воени стратези.

Како што беше објавено на крајот на март, темпото на операции забави по критичните сектори на фронтот во Бахмут, бидејќи тие се преселија на друго место. Значително, нагло се промени во рок од неколку дена.

Во извештајот на 9 и 10 март се вели дека Русија на крајот го зазела Бахмут и влегла во градот. Се покажа дека тоа се лажни вести. Украинските сили се повлекоа од источниот дел на градот за да ги зајакнат позициите кај Бахмут, при што неговата одбранбена линија се протега кај реката Бахмутка.  Во меѓувреме, Украина ги прегрупираше своите сили во близина на Бахмут – следствено, воздушните трупи и Националната гарда им го отстапија местото на припадниците на специјалната единица.

Претходно, механизирани бригади беа распоредени во Бахмут, додека оние што се сега во близина се воено разузнавачки единици, вклучително и оние наменети за улични борби. Кијив се обидува да ги задржи руските сили во Бахмут што е можно подолго. Припадниците на специјалната единица не се неопходни за украинска контраофанзива, но сепак тие можат да ги запрат руските напади во разорениот град од војната, барем на некое време. Украинските сили започнаа контранапад за да го намалат притисокот врз загрозената рута за снабдување Х-32 на околу 15 километри западно од населбата Часив Јар.

Украинските трупи го поставија темпото за битката кај Бахмут, додека руската војска беше фатена во стапицата во стратешки важниот град за кој веруваа дека ќе го освојат неколку месеци претходно.

Како што пренесува Њузвик, според  Институтот за проучување на војната (ISW) со седиште во Вашингтон, руските трупи продолжуваат да го напаѓаат градот. Тие претрпеа огромни жртви во обидот да го заземат од август 2022 година, во услови на зголемени шпекулации дека украинската војска се подготвува за голема контраофанзива.

Операцијата е остро критикувана од руските воени блогери или милблогери, кои генерално ја поддржуваат војната, но понекогаш се критични за користените тактики.

 Д. Мишев

 

Tags: Бахмутруска агресија врз Украинаруска војскаукраински вооружени сили
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ