• Latest
Фото: МТСП

Битиќи: На жените не им треба никој да им каже кои се, што можат и колку вредат

March 31, 2023

Сите засравме сѐ

July 2, 2026

Неподнослива леснотија на владеењето

July 2, 2026
Кијив, 2 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив преживеа уште една ноќ на руски терор: најмалку 13 загинати во масовен напад со ракети и дронови

July 2, 2026

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026

Реконструкција без реформски потенцијал: Нова шминка на старото лице на власта, државата останува блокирана

July 1, 2026

Мицкоски ја реконструира Владата: Промени во ресорите и проширување на коалицијата

July 1, 2026

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Битиќи: На жените не им треба никој да им каже кои се, што можат и колку вредат

March 31, 2023 13:13
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Фото: МТСП

Фото: МТСП

Share on FacebookShare on Twitter

На жените не им треба охрабрување, вие веќе сте храбри. Не ви треба заштита, вие не сте жртви. Не треба да ви се даде шанса, вие сами си ја земате. Вам жените не ви треба кој било да ви каже кои сте, што можете и колку вредите, порача вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на вториот ден од конференцијата „Предизвици со кои се соочуваат жените и девојчињата во регионот на патот кон ЕУ – Гласно и храбро ги поместуваме границите“.

Системските закони за заштита од дискриминација, Истанбулската конвенција, правичната застапеност, родово сензитивните политики и правото на еднакво вреднување на трудот, според вицепремиерот, се реализирани во нашата држава.

-Но, мора да продолжиме да се бориме со сите пречки кои се реалност, но не и факт. Само жените искуствено знаат што значат препреки, заплашување, поттргнување на страна, шеги, што се очекува за да бидат целосни или доволни, сфатени сериозно, изолирани во машкото друштво, објективизирани, етикетирани, сведувани на преемотивни или недоволно женствени. Само жените знаат што цел овој куп значи да се носи одозгора на секојдневниот живот и обврски, нагласи Битиќи.

Јапонскиот амбасадор во земјава Казуја Оцука споделувајќи ги искуствата од Јапонија, истакна дека таму има многу стара традиција каде семејството е најважно, а мажот повеќе се почитува. Претходниот премиер на Јапонија, како што посочи, вовел реформи за да им се овозможи оспособување и јакнење на жените.

-Во реалноста постои разлика меѓу тоа како се третираат жените и мажите, па затоа во просек, во Франција и Германија на пример таа разлика е околу 50 проценти, меѓутоа во Јапонија таа разлика е 22 проценти, имаме поголема разлика во учеството на мажите и жените во однос на европските земји, па затоа одлучивме да воведеме ново правило, а тоа е да се унапреди учеството на жените, односно активното нивно учество во професионалниот живот, рече Оцука.

Лани, како што подвлече, во Јапонија биле воведени нови мерки со кои секоја приватна фирма е задолжена да истражи за тоа колкав е процентот на мажите и жените во фирмата и да се зголеми процентот на жените на раководни позиции.

Директорката на УЈП Сања Лукаревска нагласи дека жените треба да почнат гласно да градат мостови една со друга за да можат да се поддржуваат понатаму.

-Доаѓам од една специфична институција, каде поголемиот број на вработени се жени, поголем број на раководителките во рамки на УЈП се жени на што особено сум горда. Тука се потврдува онаа девиза дека жените се и многу поодговорни, потранспарентни, чесни, емпатични и секако со високо развиена емоционална интелигенција и навистина безрезервно даваат поддршка на тимот со којшто работат. Мислам дека најдобрите проекти кои се постигнати се направени и имплементирани од страна на жени, рече Лукаревска.

Tags: БитиќиЛукаревскаМТСППредизвици со кои се соочуваат жените и девојчињата во регионот на патот кон ЕУ - Гласно и храбро ги поместуваме границите
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ