• Latest

Иранско министерство: Студентките и ученичките без хиџаб не смеат да присуствуваат на настава

April 3, 2023

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Иранско министерство: Студентките и ученичките без хиџаб не смеат да присуствуваат на настава

April 3, 2023 19:16
in ВЕСТИ, СВЕТ, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за образование на Иран денеска објави дека на студентките и ученичките во универзитетите и училиштата нема да им биде дозволено да посетуваат настава доколку не се придржуваат до строгите правила за облекување.

Тоа значи дека на студентките и ученичките кои не носат шамија, односно хиџаб, нема да им биде дозволено да слушаат предавања. Новите правила беа објавени по протестите кои започнаа минатата есен низ целата земја, кои претставуваа најсериозна криза во Иран во последните неколку децении, објавија иранските медиуми.

Многу жени сега се против строгите правила за носење хиџаб, особено во поголемите градови. „Целта на одлуката е да се создаде безбедна и погодна средина за духовен развој на учениците“, се вели во соопштението на министерството кое се состои од 16 точки.

Неколку ирански медиуми по објавата на соопштението ја пренесоа информацијата за оставка на министерот за образование Јусеф Нури, која претседателот веднаш ја прифати.

Како причина за оставката на Нури беше наведено доцнењето на исплатата на платите на наставниците пред персиската Нова Година. Во меѓувреме, прашањето за кодексот на облекување на жените го подели иранското општество.

Владата првично го игнорираше масовното кршење на правилата за хиџаб, но ги налути потрадиционалните тврдокорни во општеството.

Во изминативе денови, некои ирански граѓани, пратеници и верски водачи се заканија дека ќе ги преземат работите во свои раце доколку Владата не почне да ги спроведува правилата кои бараат од жените да носат хиџаб.

Г. Т.

Tags: ИраннаставастуденткиученичкиХиџаб
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ