• Latest
Фото: Влада.мк

Тренчевска: Продолжуваме да вложуваме во политики и мерки кои го унапредуваат животот на ромската заедница

April 7, 2023
Фото: Скринчот од видео на TRT world/ Instagram

Крајнодесничарски израелски министер провоцира молејќи се на најчувствителното свето место во Ерусалим, прекршувајќи го деценискиот договор за забрана на Евреите да се молат таму

August 3, 2025

„Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

August 3, 2025
Фото: Амбасадорката на Умраина во Северна Маледонија Лариса Дир / Х

Амбасадорката Дир: Благодарност до Општина Кавадарци и градоначалникот Јанчев за 2 недели мир, радост за украинските деца погодени од руските нападите

August 3, 2025
Фото: Демократска унија за интеграциа / Фејсбук

(ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

August 3, 2025
Фото: Здружението на палестинска црвена полумесечина сподели фотографии на кои се гледаат големи штети на неговото седиште.

Хуманитарна организација ја обвини израелска војска дека убила нејзин работник во напад врз седиштето во Газа

August 3, 2025
Украинските службеници за спроведување на законот приведоа осомничен за наводно вмешаност во шема за поткуп на високо ниво, откриена од антикорупциските агенции на 2 август 2025 година. Фото: Национално биро за борба против корупцијата / Телеграм

Украинските антикорупциски агенции открија шема за поткуп во набавката на дронови во која се вклучени пратеници

August 3, 2025
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Што беше тоа швенк?

August 3, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Републиканците го критикуваат Трамп за отпуштањето на шефицата на Бирото за статистика на трудот – не му се допаднале податоците за забавување на работните места

August 3, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Хамас одбива да се разоружа додека не се воспостави палестинска држава со Ерусалим како главен град

August 3, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Denver7

Нов силен земјотрес од 6,7 степени според Рихтер ги погоди Курилски Острови на истокот на Русија

August 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Тренчевска: Продолжуваме да вложуваме во политики и мерки кои го унапредуваат животот на ромската заедница

April 7, 2023 13:54
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Фото: Влада.мк

Фото: Влада.мк

Share on FacebookShare on Twitter

По повод одбележување на Меѓународниот ден 8 април, денеска во Владата на Република Северна Македонија се одржа настан каде што покрај претставниците на Владата, присуствуваа и пратеници, амбасадори, претставници од Советот на Европа, РОМАКТЕД, градоначалници и други граѓански организации.

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во своето обраќање се осврна на заложбите на Владата „градење на едно општество за сите” и систем во кој сите граѓани ќе имаат еднакви права, еднаков пристап до ресурси и еднакви шанси за напредок.

„Силно се залагаме, интезивно работиме и со сите наши ресурси целиме кон Европската Унија. Свесни дека промени треба и мора да има, за да ги исполниме Европските стандарди и да одговориме на нивните иницијативи за унапредување на целокупното општествено живеење. Како држава се залагаме за забрзана интеграција на Ромите во сите општествени сфери,” истакна Тренчевска.

Како резултат на Берлинскиот процес, Република Северна Македонија ја усвои „Декларацијата за интеграција на Ромите” и со тоа се обврза за подобрување на нивната состојба во областа на образованието, вработувањето, здравството, домувањето, граѓанската документација и борбата против дискриминацијата.

„Како држава пристапивме кон изработка на нова Стратегија за инклузија на Ромите 2022 – 2030 која е дел од јавните политики на нашата држава за изедначување на степенот на вклученост и интеграција на ромската заедница со сите етнички заедници. Согласно потпишаната Познан Декларација и преземените обврски кои произлегуваат од неа, како Министерство, во рамките на своите надлежности, го имплементиравме проектот „Инклузија на деца Роми во предучилишно образование”, чија цел е отстранување на постоечките бариери за пристап до предучилишни установи на деца Роми на возраст од 3 до 6 години, инклузија на децата и нивна социјализација како и зајакнување на свеста кај нивните родители за важноста на раниот детски развој и образованието на нивните деца,” рече Тренчевска.

Министерката информираше дека, 400 деца Роми на годишно ниво се бесплатно вклучени во Јавните детски установи преку заеднички проект на Министерството за труд и социјална политика, Ромскиот Едукативен Фонд и 20 Единици на локалната самоуправа. Во текот на годините на имплементација на проектот бесплатно се вклучени околу 5.000 деца во 20 општини.

„Од особена важност е и вклучувањето на Ромите на пазарот на трудот. Република Северна Македонија е на највисоко скалило со бројот на вработени Роми во Државната и Јавната администрација од сите земји во регионот (150 Роми се вработени во институциите на системот). Креирањето на Активните мерки за вработување во кои Ромите се таргет во неколку од нив, помага во вклучувањето на Ромите на пазарот на трудот,” рече Тренчевска.

Таа информираше и дека и младите невработени Роми (15-29 години) се исто така се опфатени со Планот за Гаранција за млади 2020-2022 година.

„Во Гаранција за млади во 2022 година беа вклучени вкупно 1075 Роми Од нив, 245 лица биле вработени во период од 4 месеци по нивното вклучување во Гаранција за млади (преку посредување за вработување), а 36 лица биле вклучени во некоја мерките за вработување (обуки) со што ја подобруваат нивната вработливост. Решаваме и предизвици како непријавената работа. Ја креиравме Национална Програма за трансформација на непријавената работа. Оваа програма е изработена во рамките на Проектот Интеграција на Ромите 2020. Целта на Програмата е намалување на непријавената работа кај Ромите од 39% на 25% до 2025 година, ” рече Тренчевска.

Министерката истакна дека подготвен и усвоен е посебен Акциски План за жената Ромка кој ја отсликува заложбата на Владата да работи на поголема инклузија на жената Ромка и нејзина интеграција во општеството.

„Предизвик кој што е нотиран уште во 2011 година е неевидентирани лица во Матична книга на родени, предизвик кој ги ограничува овие лица во целосното уживање на нивните основни човекови права. Подготовката на Законот за лица неевидентирани во Матична книга на родени е пример за решеноста на Владата на Република Северна Македонија да помогне на оваа категорија на лица,” истакна Тренчевска.

Во текот на 2020 се подготви посебен Закон само за оваа категорија на лица и со овој закон се овозможува лицата неевидентирани во матична книга на родени да се евидентираат, заради добивање на извод од посебната матична книга на родени и идентификациона исправа (лична карта) заради остварување на нивните права.

Според последните податоци околу 320 лица имаат добиено посебен извод на родени од кои 115 лица имаат добиено посебна идентификациона исправа во периодот од 2020 – 2022 година и за 100 лица се во редовна постапка.

„На крај би сакала да се заблагодарам на можноста да бидам дел од овој настан и во исто време на можноста на сите припадници на Ромската етничка заедница да им го честитам 8ми Април, Меѓународниот ден на Ромите,” порача Тренчевска

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Јованка ТренчевскаРомисоцијална политика
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

    Збрка и будалаштина

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • (ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • „Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • УЈП привремено затвори пет субјекти во државата, за други пет даночни обврзници привремена забрана за вршење дејност

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Пропагандата гази и преку мртви тела: Две човечки жртви во пожарите, за ВМРО-ДПМНЕ се – нула

    87 shares
    Share 35 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ