• Latest

Изборите 2024 и патот кон ЕУ: Меѓу чеканот и наковалната

April 16, 2023
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026

„Женското е туѓа фамилија“

June 18, 2026
Фрагмент од профилната слика на Трамп на Truth Social

Newsweek: Расте бројот на Американци кои го гледаат Трамп како „опасен диктатор“

June 18, 2026

Кој ќе ја искористи фрустрацијата која ја манифестираат носителите на власта?

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

Изборите 2024 и патот кон ЕУ: Меѓу чеканот и наковалната

April 16, 2023 11:00
in ИЗБОРИ, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: БИЉАНА ЈОРДАНОВСКА

Македонското општество го носи белегот на мултиетничко и мултикултурно, за жал, како товар, а не како препознатливост на позитивните вредности, со шаренило од различности кои го отсликуваат единството во заедничката борба за градење демократски политики.

Напротив, она што останува како обележје во тој дискурс на спротивставени идеологии, е „јаболкото на раздорот“, но од внатре кон надвор.

Европската унија ѝ даде можност на Северна Македонија да излезе од тој маѓепсан круг на саморазјадување. Но, поделеноста на македонската политичка сцена ја става во неизвесност државата и нејзиниот потенцијал за напредок, ако се пропушти европската пружена рака.

ЕУ „потенцијалот“ на ВМРО-ДПМНЕ

Со моменталната политичка констелација, институционално, процесите на македонската ЕУ интеграција се одвиваат (речиси) непречено. И покрај тоа што, неофицијално, изборната кампања е веќе одамна почната, и наспроти бугарскиот камен на сопнување, процесот се одвива, се движи напред. Тој процес мора да продолжи со зајакнување во проевропските редови до изборите во  2024 година. Континуитетот мора да се задржи.

Но што по изборите и како исходот од нив ќе влијае на евроинтеграцискиот пат на Македонија? Декларативноста на ВМРО-ДПМНЕ за европска иднина на државата не вреди многу. Особено кога е придружена со ревизионизам, условувања и неподготвеност за дијалог и компромиси.

Но ВМРО-ДПМНЕ, наспроти дволичноста и начинот на водење на внатрешната политика, сепак, има потенцијал да не отстапи од европскиот пат. Не дека нема голема веројатност проевропската ориентација на дел од членството да пропадне под притисок на националистите – но тој потенцијал го има.

Левица, гарантирано антиевропска опција

Антиевропската Левица е гарантирано за стагнирање или уназадување на добрите политики и практики што оваа власт се обидува да ги воспостави. Односно, за уништување на сите придобивки од европскиот пат на државата.

За Левица нема потреба да се објаснува што и како понатаму. Тие се гарантирано антиевропска опција.

Изборите во 2024 година – одлучувачки за европскиот пат

Парламентарните избори во 2024 година на многу начини ќе бидат одлучувачки во клучното прашање за иднината на земјата, а тоа веќе сега е видливо, особено во контекст на демократските процеси каде што европските начела и вредности би требало да бидат приоритет во изборните програми.

Со дијаметрално спротивставени вредности и поставеност на македонската политичка сцена, земјата ќе биде исправена пред избор меѓу антизападните, етноцентристички наративи од една и европските вредности и интеграцијата во ЕУ, од другата страна.

ЕУ блок, ослободен од поединечни и партиски апетити

За да се остане на трасата што води кон ЕУ, потребна е политичка волја и следење на стратегијата за обединување во еден ЕУ блок, ослободен од поединечните или партиските апетити,што ќе тежнее кон консензус во интерес на граѓаните и на државата.

На крајот, одлуката ќе ја донесат граѓаните. Сепак, тоа не значи дека сите чинители не треба да се потрудат да го презентираат јасно и недвосмислено своето европско определување. Создавањето на силен ЕУ блок, претпоставува и ВМРО-ДПМНЕ да се ослободи од суетите и да се одважи да биде дел од европската иднина на Македонија.


Текстот е личен став на Авторката. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0. | Извор: CivilMedia
Tags: ЕУизбори
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ