• Latest
Фото: МИА

Бочварски: Брзото завршување на коридорите има големо значење и за економијата и за безбедноста во сообраќајот

April 29, 2023

Левица загуби во суд против АВМУ за тужбата за платено политичко рекламирање

October 8, 2025

Ѓорѓиевски ветува нов стадион и културен дом за Шуто Оризари; Митески носи соларна револуција во Аеродром; Касами вели дека по 20 години, Тетово конечно добива ново училиште; Меџити стартува кампус од 40 милиони евра во Чаир

October 8, 2025

Најстрога казна од три години затвор добија тројца обвинети за создавање диви депонии во Вардариште

October 8, 2025

Отворена онлајн база за евиденција на случаи на насилство во Србија

October 8, 2025

Уапсена жената на Зекирија Шахини – советникот на ДУИ во кој вчера беше пукано во Куманово

October 8, 2025
Фото: Фејсбук Христијан Мицкоски

Од цврсто НЕ за предвремени, до можност за избори по локалните – најави Мицкоски

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Insight 360 News USA

Најмалку 24 лица загинаа откако хунтата изврши бомбардирање со параглајдер на будистички фестивал во Мјанмар

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на
TODAY

Зетот на Трамп и специјалниот пратеник Виткоф се приклучија на мировните преговори за Газа во Египет

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на 24 Канал

Проукраинските партизани предизвикаа излетување од шините на возот со воен товар во руската Ленинградска област

October 8, 2025
Слика од израелското министерство за надворешни работи ги прикажува активистите за помош на Коалицијата „Флотила на слободата“ откако нивниот брод беше качен од израелската војска. Фото: Израелско министерство за надворешни работи/X

Израелските сили пресретнаа нова флотила со помош за Газа

October 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бочварски: Брзото завршување на коридорите има големо значење и за економијата и за безбедноста во сообраќајот

April 29, 2023 16:28
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ИЗЈАВИ
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Компанијата Бехтел согласно законот има обврска да ангажира најмалку 51% домашни ресурси, што значи овде спаѓаат човечки ресурси, но и механизација, подизведувачи кои што ќе работат овде на терен, што значи секоја компаниите од Северна Македонија која што смета дека може да одговори на задачите, на предизвикот да влезе да работи за овие делници може секако да влезе во разговори со компанијата Бехтел со цел да се најде на пазарот во однос на овие проекти, истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски во интервјуза МИА.

-Инаку ние во моментот работиме и на многу други проекти, овде е Ранковце-Паланка каде што денеска бевме на терен, таму исто така имаме доста градежни работи, овде е секако и делницата Градско-Дреново каде што исто така имаме тешка механизација, превојот Плетвар го завршивме, се работи на рехабилитација Битола-Меџитлија така што домашните компании и тоа како имаат работа и се пронаоѓаат во домашните проекти во делот на градењето и во делот на инфраструктурата, но ова е уште еден најголем проект и јас сум убеден дека ќе се пронајдат и ќе можат да излезат на терен, да работат заедно со оваа една од најголемите светски реномирани компании, секако да добијат и дополнително знаење и можности за да понатаму продолжат да се градат овде и надвор од државата на други проекти, кажа министерот.

Тој додаде дека доколку сакаме проектот за изградба на коридорите да заврши во пократки рокови тогаш е добро да се влезе во корекција на законите или измена и дополнување на законите, што ќе овозможат овој проект да се работи побрзо и граѓаните да имаат можност многу побрзо да ги користат овие автопатски делници.

-Верувајте, една или една и пол година доколку заврши порано целиот проект тоа значи многу за економијата, за безбедноста во сообраќајот. Јас сакам да го отворам прашањто колку ние ќе заштедиме на пример со безбедноста во сообраќајот или со бројот на жртви во собраќајот доколку ние една година или 2 години побрзо завршиме со реализација на овој проект. Колку побрзо ќе добиеме безбедни патишта, тоа не се кратки, мали или незначителни делници. 110км автопатски делници значат многу во дел на безбедноста на сообраќајот на една земја. И сметам дека за нас стратешки интерес е да ги завршиме час поскоро во делот на економијата. Да не зборувам колкави се ефектите, бидејќи кога ќе ги реализираме овие ефекти, порано, тогаш ќе можат и да се развијат нови економски капацитети во многу региони. Рамномерниот регионален развој, во Битола, во Прилеп, во регионот. Јас затоа повторувам, ајде да отидеме во Битола, во Прилеп или во Тетово и Гостивар, Струга и Охрид, да ги прашаме граѓаните кој им е клучниот и најголем проблем на граѓаните од тие региони. Сите до еден ќе кажат, клучно прашање е решавањето на инфраструктурата. И ние сме ветиле и сме земале обврска и во програмите на Владата и во законските одредби дека ние инфрастуктурата мора да ја подобриме. Да не се развива и концентрира целата економија во главниот град туку да можеме да ја дисперзираме практично целата економија, кажа Бочварски.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Бочварскиинтервју
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    153 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    147 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украина ги прекинува дипломатските односи со Никарагва

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ