• Latest
Масакр во Белград, 3 мај 2023; сцена од апсењето на малолетниот убиец

ДЕНОТ НА ДЛАНКА: Застрашувачки присутен култот кон оружјето; МТСП со стратешки пристап за заштита на децата од насилство; САД се фокусираат на помош за воздушната одбрана на Украина

May 5, 2023
Скриншот од страницата на окружниот совет Лудвигслуст-Пархим

Германската крајно десничарска партија AфД во Лудвигслуст има руска е-мајл адреса

November 18, 2025
Фото: Скриншот од видео од профилот на Доналд Туск на Х

Двајца Украинци кои работеле за руското разузнавање осомничени дека стојат зад саботажата на железничката пруга во Полска

November 18, 2025
Александар Вучиќ (кафеав елек) со Воислав Шешељ над Сараево за време на српската опсада. Скриншот од видео на Sandžak Avaz

Александар Вучиќ пријавен во Јавното обвинителство во Милано за случајот „Сараево Сафари“

November 18, 2025
Скриншот од видео на
ABC News (Australia)

Јужноафриканец чека депортација откако му беше одземена австралиската виза поради учество на антисемитски неонацистички митинг

November 18, 2025

Пратениците на СДСМ, придружени од Левица поднесоа иницијатива за основање Анкетна комисија за трагедијата во Кочани

November 18, 2025
Газа. Фото: Х

Палестинската управа го поддржа планот на ОН за Газа

November 18, 2025

Cloudflare „падна“ – Time.mk и бројни сајтови недостапни поради технички проблеми

November 18, 2025
Полскиот премиер Доналд Туск разговара со полициски и воени претставници во рамките на истрагата за сомнителна саботажна операција против полска железница на 17 ноември 2025 година. Фото: Полски премиер Доналд Туск/X

Полскиот министер за одбрана: Сите докази за саботажата на железничката линија во Полска укажуваат на Русија

November 18, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/ Х

Амбасадорката Дир: Руски ракети го погодија регионот Харкив, при што загина 17-годишно девојче – меѓународната поддршка е клучна, Русија нема да запре без цврст глобален притисок

November 18, 2025
Марта Кос(Фотографија: Википедиа)

Кос: Време е за проширување на проширувањето – Европа нема време за губење

November 18, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

ДЕНОТ НА ДЛАНКА: Застрашувачки присутен култот кон оружјето; МТСП со стратешки пристап за заштита на децата од насилство; САД се фокусираат на помош за воздушната одбрана на Украина

May 5, 2023 17:00
in ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Масакр во Белград, 3 мај 2023; сцена од апсењето на малолетниот убиец

Масакр во Белград, 3 мај 2023; сцена од апсењето на малолетниот убиец

Share on FacebookShare on Twitter

Јавноста во регионот и земјава, и пошироко во светот е во шок, неверување и тага по двете последователни  инциденти со трагичен крај, предизвикани од вооружено насилство во Србија, во кои животот го загубија 17 лица.

Овие трагични случувања предизвикаа многу реакции кај општествата ширум регионот, страв и безброј прашања, од  најразлични аспекти.

Комуниколозите се на ставот дека врз технологијата можеме да фрлиме црна дамка, но поентата е да разбереме дека возрасните се тие кои треба да им го пренесат своето искуство на помладите. Односно да не се оставаат децата сами да градат свој свет само преку тоа што го следат на социјалните мрежи и воопшто што им го нуди технологијата.

„Насилството и трауматските настани делуваат на тој начин што децата и возрасните често се чувствуваат како земјата да им се лизнала од под нозете, а таквите настани не се нешто што е лесно да се објасни и разбере.“, се наведува меѓу другото во соопштение од организацијата Save the Children.

ЦИВИЛ – Центар за слобода изрази крајна загриженост и сочувство по трагичните настани во Србија, преку соопштение во кое ги повтори своите децениски заложби и препораки до јавноста и институциите.

„Повеќе од две децении, ЦИВИЛ речиси секоја година упатува препораки за борба против нелегалното оружје, против култот кон оружјето и контролата на регистрираното оружје. Слични организации во регионот, вклучително и во Србија, се обидуваат да учествуваат во процесите поврзани со контролата на оружјето, што е глобален повеќедецениски напор на меѓународните мрежи во кои се и споменатите организации.“, се наведува меѓу другото во соопштението.

ЦИВИЛ како организација која во својот Статут ја има определбата да спроведува акции за превенција од конфликти, ефективна контрола на оружјето и надминување на култот кон оружјето, а во контекст на настаните во Србија, достави прашања до Министерството за труд и социјални политики.

Од МТСП велат дека во стратегија се содржани визијата, целите, стратешкиот пристап на државата и дејствата што треба да се преземат и подобрат при превенција и заштита на децата од сите видови на насилство.

„Заштитата на децата е процес кој е комплексен и обединува повеќе ресорни министерства во заедничкото постапување. Предвидените активности во Акцискиот план (2020-2022) се насочени кон обезбедување на координиран пристап во заштита на децата жртви како и нивно соодветно и навремено и згрижување, превентивни активности во насока на спречување децата да бидат жртви на насилство, подигање на јавната свест за овој проблем како и јакнење на капацитетите на стручните лица кои работат во оваа област“, велат од МТСП.

ФЛЕШ ВЕСТИ

Ден на Македонскиот јазик По повод Денот на македонскиот јазик – 5 Мај денеска се организираа дебати и повеќе културни настани, а во вечерните часови на објекти во неколку градови низ државава ќе има светлосни и видеопроекции со цитати од македонско творештво.

Честитка Украинската амбасадорка во земјава, Лариса Дир, со срдечна порака на Твитер го честиташе 5 мај – Ден на македонскиот јазик.

Стипендии Американскиот универзитет на Европа – ФОН, по повод 20 години постоење, заедно со 200 најголеми македонски компании, инвестира во иднината на новите генерации на студенти, со обезбедување на 2000 целосни и делумни стипендии за студирање во академската 2023-2024 година.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

РАЗУЗНАВАЧКИ ИНФОРМАЦИИ Многу е мала веројатноста дека Русија ќе го употреби своето нуклеарно оружје, изјави во четвртокот највисокиот американски разузнавач, и покрај скорешното „мавтање со сабји“ на Кремљ и големите жртви што ги претрпува Москва при инвазијата врз Украина, пренесува Ројтерс.

ПОДДРШКА САД ќе продолжат да обезбедуваат воена помош за Украина и сега многу се фокусираат на обезбедување на Украинците со воздушна одбрана што им е потребна за да се заштитат од руските напади, изјави Координаторот на Советот за национална безбедност за стратешки комуникации Џон Кирби.

БЛИСКА СРЕДБА На самитот на Организацијата на Црноморската економска соработка (БСЕЦ) во турската престолнина Анкара дојде до „блиска средба“ помеѓу членовите на украинската и руската делегација.

АЛ –ПРЕС

По разрешувањето на  Управниот тим за изработка на нацрт-статутот на Заедницата пред два дена, , преку портпаролот реагираше и Европската унија, која оваа одлука ја нарече прекршување на договорот, пишуваат косовските медиуми денеска. Во Албанија денеска се одбележуваат 50 години од Бунтот во Спач, кога четворица политички затвореници од комунистичката диктатура беа стрелани, а многу други беа повторно осудени на жестока казна, затоа што на затворската тераса го нацртаа и подигнаа државното знаме без комунистичката ѕвезда над орелот.

Ова се дел од темите од изборот на редакцијата на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ –ПРЕС.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Одбележувањето на Празникот на трудот – Први мај и годинава е видлив доказ дека сликата која постојано се сака да се обнови за овој датум, едноставно не штима. Тоа е како да се префарбува ѕид со пораки на ноќните кабадаии, што денските комунални служби секако ќе можат да ги навасаат. Зошто? Па, затоа што социјализмот во земјите каде идеолошки господар беа комунистите ја отапи борбената острица на синдикатите.“, пишува Љубомир Костовски во колумната „Кој датум ќе го одбере новата алиенирана класа – прекаријатот – за свој празник?“

„Добил единица по историја и полудел“, „Пукал во девојката во која бил вљубен“, „Убиецот доаѓа од добро ситуирано семејство“, „Јас сум психопат“, „Коста бил под дејство на црна магија“… се само дел од насловите кои ги објавуваа медиумите со незамаглена фотографија на малолетното момче.“, пишува Дехран Муратов во колумната „Во што ни се претвораат младите?!“

„Интернетот може да биде ризница на скапоцено знаење, само што може да биде и товар кој може сите да нѐ влече надолу, да го разбие општеството на честички и да го уништи човештвото. Не мора сите да загинеме и физички да нѐ снема, далеку од тоа, ама за да се уништи човештвото е доволно луѓето да престанат да бидат ЛУЃЕ!“, пишува Војо Маневски во колумната „Ризница“.

Д. Тахири

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ