• Latest
Војо Маневски

Ризница

May 5, 2023

Случајот „Мазут“: Како истрагата за 167 милиони евра се претвори во институционален судир

May 15, 2026
Илустрација ВИ

Нов закон за игри на среќа отвори фронт меѓу Владата и индустријата: Се најавуваат отпуштања, протести и правни битки

May 15, 2026
Фотографија: Скриншот од видео на Си - Ен - Ен

Трамп и Си со заедничка порака до Иран: Нема нуклеарно оружје, Ормускиот теснец мора да остане отворен

May 15, 2026

РЕАКЦИИ: Нема реформи без промена на системот – граѓаните со поделени ставови за капацитетот на Владата на Мицкоски

May 15, 2026

Спремна продажбата на N1 и други, а Шолак не сака да влезе во игра!

May 15, 2026

И на пазарот има мода

May 14, 2026

Инцидент со украински поморски дрон кај Лефкада ја вознемири Атина: истрага и дипломатски тензии

May 14, 2026

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: ЕУ бара реформи, но дали владата на Мицкоски има капацитет да ги спроведе?

May 14, 2026
Илустрација ВИ

Цените на нафтата стабилизирани по дипломатските сигнали од Вашингтон и Техеран

May 14, 2026
Кијив, 14 мај 2026 (извор: ДСНС)

Државата-терорист продолжи со терор врз цивилите во Украина: Стотици руски дронови и ракети, Кијив под најсилен удар

May 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ

    Случајот „Мазут“: Како истрагата за 167 милиони евра се претвори во институционален судир

    Илустрација ВИ

    Нов закон за игри на среќа отвори фронт меѓу Владата и индустријата: Се најавуваат отпуштања, протести и правни битки

    Фотографија: Скриншот од видео на Си - Ен - Ен

    Трамп и Си со заедничка порака до Иран: Нема нуклеарно оружје, Ормускиот теснец мора да остане отворен

    РЕАКЦИИ: Нема реформи без промена на системот – граѓаните со поделени ставови за капацитетот на Владата на Мицкоски

    Инцидент со украински поморски дрон кај Лефкада ја вознемири Атина: истрага и дипломатски тензии

    ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: ЕУ бара реформи, но дали владата на Мицкоски има капацитет да ги спроведе?

    Илустрација ВИ

    Цените на нафтата стабилизирани по дипломатските сигнали од Вашингтон и Техеран

    Кијив, 14 мај 2026 (извор: ДСНС)

    Државата-терорист продолжи со терор врз цивилите во Украина: Стотици руски дронови и ракети, Кијив под најсилен удар

    Фотографија: Скриншот од видео на Гардијан

    Трамп и Си Џинпинг во Пекинг: Договори за економија, тензии околу Тајван

    Черкаска област, 13 мај 2026 (извор: ДСНС)

    Масовен руски напад врз Украина: Над 800 дронови, цивилни жртви и удари врз инфраструктура во повеќе региони

  • ПОЛИТИКА
    • All
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

    Случајот „ТЕЦ Неготино“: политички интервенции и валкана медиумска совест

    Политиката на Мицкоски кон ЕУ не е грешка

    ЦИВИЛ бара студентите привремено да бидат сместени во хотели додека се санираат студентските домови

    СКАНДАЛ: Студентски стандард – стаорци, студени тушеви, нефункционални лифтови, неисплатени стипендии

    ЦИВИЛ: Студентските домови не смеат да бидат симбол на државна негрижа

    Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • All
    • ИСТОРИЈА
    Илустрација ВИ

    Нов закон за игри на среќа отвори фронт меѓу Владата и индустријата: Се најавуваат отпуштања, протести и правни битки

    РЕАКЦИИ: Камерите не воспитуваат – сообраќајната култура и натаму на нула

    Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • All
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • КОМПАС
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА

    И на пазарот има мода

    Случајот „ТЕЦ Неготино“: политички интервенции и валкана медиумска совест

    Политиката на Мицкоски кон ЕУ не е грешка

    За меѓународните напори за враќање на незаконски депортираните Украински деца од страна на Русија

    Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

    Од „наркомани и неонацисти“ до „господин Зеленски“: Што се крие зад промената во реториката на Путин?

    Да зборуваме за она што најчесто се премолчува на овој ден на мајките

    Не e  прашањето дали ќе има избори – вистинското прашање е – какви ќе бидат тие избори

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Браво мајсторе!

    Москва, 23 август 1939 година | Советскиот министер за надворешни работи Вјачеслав Молотов го потпишува Пактот за ненапаѓање. Зад него стојат Јосиф Сталин и германскиот министер за надворешни работи Јоаким фон Рибентроп.

    Крвното братство што тие сакаат светот да го заборави

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home СЛОБОДНА ЗОНА

Ризница

May 5, 2023 11:43
in ОПШТЕСТВО, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Војо Маневски

Војо Маневски

Share on FacebookShare on Twitter

 ВОЈО МАНЕВСКИ 

Драги мои читатели, верувам дека сите ние доста време поминуваме пред малите екрани. Ова „малите екрани“ порано се однесуваше на телевизорите, но тие бааги пораснаа и почнаа да зафаќаат значителен дел од ѕидот во нашите домови па не се веќе толку мали, а примарно се користат за гледање серии, спортски натпревари и можеби понекои вести. Сега поимот се однесува на екранот на вашиот телефон, лаптоп или персонален компјутер, барем додека и тие екрани не пораснат. Книги и весници сѐ помалку читаме а сѐ повеќе „знаење“ восприемаме од бескрајната ризница – интернетот. Чест на исклучоци, но – така е!

Впрочем, ако не е така, ова мое писание нема ниту да дојде до вас, нели?

Но, ако го вклучиме кефалото и сериозно размислиме, ќе ни се јави сомнеж. Дали знаеме да селектираме што е точно, вистинито, што е мајтап, што е чиста лага, и колку од тие лаги се намерно смислени за да го манипулираат аудиториумот. Искрено, ми се гади кога читам некој текст кој е очигледно преведуван со google translate, па преводот нема смисла, а се потпишал некој модерен „новинар“ кој ги брои објавите иако и самиот ама баш ништо не разбира од тоа што е објавено.

Еден мој близок пријател, експерт за употреба на компјутерите во образованието, уште одамна ми има кажано дека ако сакаме огромното множество на информации на интернет да биде ризница на скапоцености, тогаш задолжително треба да се воведе предмет во наставата преку кој учениците ќе научат како да ги селектираат и класифицираат информациите. И тоа не само во една учебна година, туку континуирано, во текот на целото образование. Негов став е дека е добро да знаеш, но не мора секогаш сѐ да имаш меморирано бидејќи количината на информации кои доаѓаат до нас експоненцијално е порасната во последните декади. Сѐ да се знае е практично невозможно. Ама, ако речиси сѐ има на интернет мора секогаш да знаеш како брзо да дојдеш до тоа знаење, а при тоа изворот да биде доверлив и точен. Како библиотекар кој секогаш знае точно на која полица е книгата која ја барате. Се согласувате ли со него? Јас да!

Во спротивно, се соочуваме и ќе се соочуваме со лажно знаење. Не е проблем ако не знаеш, поголем проблем е ако не знаеш ама мислиш дека знаеш!

Најавениот пробив на алатки за вештачка интелигенција може овој проблем уште повеќе да го мултиплицира. Убаво е да ги имаме алатките, ама што правиме ако не знаеме како да ги користиме? Или, полошо, ако алатките паднат во погрешни раце?

Вестите за повеќекратни убиства во училишта, трговски центри, цркви, диско клубови, на улица… нѐ згрозуваат, но сѐ помалку изненадуваат. Речиси не поминува недела да не се случи таква трагедија некаде по светот. До сега беше некаде далеку по светот и можеби мислевме дека ние сме имуни на таа болест. Но сега се појави кај првите соседи, која е гаранцијата дека нема да се појави и кај нас? И сите знаеме од каде најчесто доаѓаат идеите за такви грозоморни чинови, ама се правиме луди не прифаќајќи ниту мала честичка од вината. А сите сме виновни!

Социјалните мрежи се МОЖЕБИ благодет. Да се поврземе со пријатели и роднини кои не сме ги виделе и чуле со години, да разменуваме пораки, слики и видеа со блиски е убаво. Но која е убавината во тоа да се напаѓаме, лажеме, навредуваме, омаловажуваме? Да оговараме и судиме за луѓе кои не ги познаваме, да донесуваме заклучоци за теми за кои немаме ниту елементарно знаење, па дури и понатаму тие заклучоци да ги распространуваме како апсолутни вистини. И подготвени сме да се караме со непознати тврдејќи дека нешто знаеме бидејќи сме го прочитале некаде на неговото величество интернет!

Пак ќе го споменам мојот пријател од погоре. Тој ми покажа пример каде многу убаво се демонстрира  ова што го зборувам. Ми вели: – Пред две-три години, во една објава на ФБ за тривијален математички проблем за кој пишува дека „помалку од 1% од луѓето можат да го решат“, во коментарите го внесов одговорот. Премногу беше очигледно решението, а имаше премногу неточни одговори, па ни сам не знам зошто го напишав одговорот, со кратко образложение, наивно убеден дека така ќе ја прекинам беспредметната дискусија. Но тоа што веднаш потоа се случи, искрено кажано, ме исплаши за иднината на човештвото воопшто. Како одговор добив канонада од напади, навреди, исмевања, укажувања каде грешам, ми држеа лекции… И сѐ повеќе се солидаризираа, се охрабруваа. Беа во мнозинство и ме победија… Се разбира се шегувам, не се ни борев бидејќи немаше логика и не продолжив да пишувам. Но, од љубопитство, ги разгледав профилите на тие „најумните“. Што мислиш што видов? Обични, веројатно чесни и честити луѓе со обични професии, со семејства, работа, како и стотици милиони други. Кај сите беше очигледно – нема шанси да имале некакво посериозно математичко образование! Најверојатно цел живот се бореле со двојки и тројки и математиката им била баук. Тоа не е срамно, не се сите родени математичари, ама на интернет сите стануваат експерти за сѐ. И ти фати им го после крајот.

Патем да споменам, мојот пријател е доктор на науки, извонреден математичар.

Ќе ви кажам за две, за мене интересни објави на социјалните мрежи. Голем дел од вас можеби ги имате прегледано и ќе се потсетите, интернет е преплавен со такви како нив.

Во првата, видео покажува човек кој води две кучиња по улица, врзани на врвци. Во еден момент ги пушта двете врвци и ја гледа реакцијата на кучињата. Едното куче, ослободено, почнува весело да трча, скока, мавта со опашот и се оддалечува. Другото застанува, се врти кон човекот, ја зема врвцата во уста и му ја дава на човекот. Човекот ја прифаќа и кучето продолжува да оди.  Во коментарите под видеото – браво, колку умно куче, браво што е вака убаво дресирано, гледајте колку си го сака стопанот… Ама, кој кажа дека другото куче не си го сака стопанот?

Ми се наметнува мислата – можеме ли ние луѓето нашето однесување да го  поистоветиме  со однесувањето на некое од кучињата. Се плашам дури и да напишам… во последно време како да сакаме врвцата да ја дадеме на некои стопани, без да знаеме кои се нивните намери. А и за тоа кои се стопаните, би можеле да отвориме дебата. Не, не  мислам на оние странските кои не ги разбираме што говорат. Мислам на овие од наше маало на кои сме им ја дале врвцата и не знаеме како да им ја земеме. Поточно знаеме, ама немаме му*а.

Втората објава е некако поврзана со првата, ја надополнува. Прикажува бебе-слонче кое уште како малечко е врзано за тенко дрвце. Кога слончето е мало, не може да се ослободи. Но слончето расне побргу од дрвцето, станува слон кој за секунда може дрвото да го искорне сосе корен. Но, не го прави тоа. Останува врзан и послушен, затоа што ја прифатил состојбата како таква, тој не знае што е слобода. Тој знае дека мора да има стопан кој треба да го слуша.

Има нешто од нас во оваа приказна? Јас мислам дека има, но не сме стопанот.

И за чудо, под оваа објава – нема коментари! Еј, мајката, зошто??? Нѐ боли вистината кога ќе се препознаеме во улогата на слончето, нели? Или воопшто нема да се препознаеме, токму затоа што НИЕ сме слончето.

Но, затоа има коментари и тоа грозни под објавите за убиството во Белград. Каде одиме луѓе мои? Дали овие деца (и не само деца) воопшто разбираат дека животот не е видео игра, дека после ова GAME OVER нема PLAY AGAIN?!

Интернетот може да биде ризница на скапоцено знаење, само што може да биде и товар кој може сите да нѐ влече надолу, да го разбие општеството на честички и да го уништи човештвото. Не мора сите да загинеме и физички да нѐ снема, далеку од тоа, ама за да се уништи човештвото е доволно луѓето да престанат да бидат ЛУЃЕ!

И, да не им биде чудно на младите што со носталгија гледаме кон „старите, добри времиња“. Во наше време, ех, во наше време…

Текстот е личен став на авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.

Tags: вештачка интелигенцијаИнтернетсоцијални мрежителевизија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ