• Latest

ДЕНОТ НА ДЛАНКА: Што (не)работи Арсовска за плата од 2.036 евра; во Брисел продолжува скрининг агендата со Поглавјето 19 „Конкурентност и инклузивен раст“; предвремени парламентарни избори – да или не?

May 10, 2023
Скриншот од страницата на окружниот совет Лудвигслуст-Пархим

Германската крајно десничарска партија AфД во Лудвигслуст има руска е-мајл адреса

November 18, 2025
Фото: Скриншот од видео од профилот на Доналд Туск на Х

Двајца Украинци кои работеле за руското разузнавање осомничени дека стојат зад саботажата на железничката пруга во Полска

November 18, 2025
Александар Вучиќ (кафеав елек) со Воислав Шешељ над Сараево за време на српската опсада. Скриншот од видео на Sandžak Avaz

Александар Вучиќ пријавен во Јавното обвинителство во Милано за случајот „Сараево Сафари“

November 18, 2025
Скриншот од видео на
ABC News (Australia)

Јужноафриканец чека депортација откако му беше одземена австралиската виза поради учество на антисемитски неонацистички митинг

November 18, 2025

Пратениците на СДСМ, придружени од Левица поднесоа иницијатива за основање Анкетна комисија за трагедијата во Кочани

November 18, 2025
Газа. Фото: Х

Палестинската управа го поддржа планот на ОН за Газа

November 18, 2025

Cloudflare „падна“ – Time.mk и бројни сајтови недостапни поради технички проблеми

November 18, 2025
Полскиот премиер Доналд Туск разговара со полициски и воени претставници во рамките на истрагата за сомнителна саботажна операција против полска железница на 17 ноември 2025 година. Фото: Полски премиер Доналд Туск/X

Полскиот министер за одбрана: Сите докази за саботажата на железничката линија во Полска укажуваат на Русија

November 18, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/ Х

Амбасадорката Дир: Руски ракети го погодија регионот Харкив, при што загина 17-годишно девојче – меѓународната поддршка е клучна, Русија нема да запре без цврст глобален притисок

November 18, 2025
Марта Кос(Фотографија: Википедиа)

Кос: Време е за проширување на проширувањето – Европа нема време за губење

November 18, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

ДЕНОТ НА ДЛАНКА: Што (не)работи Арсовска за плата од 2.036 евра; во Брисел продолжува скрининг агендата со Поглавјето 19 „Конкурентност и инклузивен раст“; предвремени парламентарни избори – да или не?

May 10, 2023 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Што (не)работи Данела Арсовска за плата од 2.036 евра?

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, е меѓу најплатените градоначалници во регионот. Според податоците кои ги објави неодамна ги објави српски „N1“, таа е на третото место меѓу градоначалниците од поранешните ЈУ републики, а пред неа, според месечната плата се само првите луѓе на Љубљана и на Загреб. Арсовска, според телевизијата моментално зема плата од 2.036 евра, а истата се утврдува со множење на висината на просечната плата на ниво на република со коефициент 3,70.

Но, Скопје е далеку од метропола во споредба со Загреб и Љубљана, поради секојдневниот хаос во главниот град, граѓаните се прашуваат што таа работи или не работи за платата од 2.036 евра, објави Градска.мк.

Арсовска, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ која убедливо победи на изборите, пред граѓаните излезе со амбициозна програма насловена „За модерно Скопје“.

Во неа клучен дел се 15 +1 ветување односно 16 те најважни проекти кои Арсовска и најмногу ги рекламираше за време на кампањата.

Најголемата критика доаѓа и за нејзиниот однос и нетранспарентност со медиумите, а тоа значи и со граѓаните. Иако од неодамна доби и координатор за односи со јавност, официјалниот мејл се користи само за соопштенија и фотографии за тоа каде се „прошетала“ градоначалничката, но очигледно не работи во втората насока бидејќи на новинарските прашања на Градска.мк никој не одговара.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

„Европската интеграција и на Република Северна Македонија, меѓутоа и на земјите од Балканот кои тој процес го започнале, навистина е потребно да се забрза, се со цел да не се предизвика или тоа да не влијае дополнително на комплицирање на безбедноста во регионот. Затоа што европските држави треба да знаат дека земјите од Балканот припаѓаат во Европската Унија и тие тој процес го започнале и даваат се од себе и граѓаните на тие држави, меѓутоа и владите навистина што е можно побрзо процесот да биде завршен. Република Македонија се покажа како сериозен партнер во процесот на европската интеграција на нашата држава и се согласивме дека заслужуваме да бидеме соодветно наградени за тоа“, вели министерката за одбрана на Северна Македонија, Славјанка Петровска во разговор со дописничката на МИА од Атина.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ПРАВДА Судењето против новинарот Драган Павловиќ Латас и инфлуенсерот Стефан Лазаров, обвинети за кривичното дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“, се одложи за 19 јуни, откако одбраната побара да им се достават во целост доказите со кои располага Обвинителството со цел да можат да ја комплетираат одбраната.

ИНТЕГРАЦИИ Во Брисел деенска продолжуваат скрининг состаноците од Кластерот 3, „Конкурентност и инклузивен раст“, со Поглавје 19 „Социјална политика и вработување“. Состанокот со воведни излагања го отворија претставниците од Европската комисија и заменичката на главниот преговарач и државна секретарка на Секретаријатот за европски прашања, Дрита Абдиу-Халили.

ЕУ Иницијативата за забрана на употреба на технологија за препознавање лица, позната и како „Големиот брат“, на улиците на земјите од ЕУ ќе биде ставена на тест утре за време на клучното гласање во Европскиот парламент.

ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Четири дена откако „починал од срцев удар“, денеска уапсен таткото на убиецот од Младеновац

Откако пред неколку дена медиумите објавија дека „од срцев удар почина Радиша Блажиќ, таткото на убиецот од Младеновац“, денеска истите медиуми објавија дека е уапсен Радиша Блажиќ (58), таткото на убиецот Урош Блажиќ, кој е осомничен за убиство на осум лица, а 14 се повредени во Мали Орашје и Дубона.

Дезинформација на ТВ Алфа за наводно неоддавање почит од власта за загинатите од „Диво Насеље“

Дезинформација на Алфа Телевизија за наводно неоддавање почит од власта на осум години од трагичната вооружена престрелка во кумановско Диво Насеље, објави Фронтлајн.

„Без никакво оддавање почит од власта и Општина Куманово се одбележуваат осум години од трагичната вооружена престрелка во кумановско Диво Насеље, каде животот го загубија осум припадници на македонската полиција“, се вели на почетокот од текстот на Алфа Телевизија со наслов „Осум години Диво Насеље: Годинава никој од Владата и Општина Куманово не им оддаде почит на жртвит“.

Руската пропаганда изгубена во времето и просторот: Авганистан во 2010 година прикажан како Украина во 2023 година

Руската пропаганда продолжува да создава лажни приказни за украинските тенкови и германската воена опрема, пренесува Укринформ.

На руските Z-Телеграм канали кружи фотографија на која се гледа оклопно возило Marder IFV од германското производство заглавено во река. Пропагандистите тврдат дека токму украинската војска успеала да го „удави“ германското оклопно возило што Украина го добила од своите сојузници.

ВОЈНА ПРОТИВ УКРАИНА

Состојба Бахмут: Ослободени 7,8 км² од градот, окупаторите 375 пати ги гранатирале позициите на украинските бранители

*

На 9 мај 2023 година, Арман Солдин, видео-репортер на АФП, беше убиен во руски ракетен напад врз Часив Јар кај Бахмут, источна Украина, објави Институтот за масовни информации, повикувајќи се на агенцијата Франс прес (Франс прес), јавува дописникот на Укринформ.

*

Мал аплауз од Скопје за руските злосторства во Украина

Руската амбасада прославуваше тоа што го нарекува Ден на победата, денеска во Скопје. Во својот военохушкачки говор, рускиот амбасадор Баздникин кажа дека „руската војска ќе донесе ред во Украина“ во која, според него, „владеат нацисти“ и дека Западот ги штити. Говорот претставуваше отворена пропаганда на војната, што е во спротивност со дипломатските стандарди.

АЛ-ПРЕС

Во пресрет на локалните избори во Албанија, освен кандидатските препукувања, албанските медиуми известуваат и за тоа дека одредени криминални банди оперираат во правец купување гласови за 300 евра. Косовските медиуми се фокусирани на случувањата околу формирање на Заедницата, односно посетите на меѓународните чинители во Косово и нивните насоки кон решавање на спорот меѓу двете земји.

Ова е дел од изборот на редакцијата на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-ПРЕС.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Сега, во фаза од скрининг процесот за пристапување на Северна Македонија во Европската унија, барањето на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за итни и брзи предвремени парламентарни избори, се заснова на економската и енергетската криза, животниот стандард, па дури и битката со организираниот криминал и корупција (и тоа, во услови кога сеуште не е расчистен криминалот и корупцијата на актуелната опозиција, како претходна власт!?).

Меѓутоа, потребата од уставни измени, пред сè, заради реализација на европската интеграција на државата, евентуално може да биде претпоставена причина за одржување на предвремени парламентарни избори во 2023 година“, пишува Сандра Гавриловска во анализата „Предвремени парламентарни избори – да или не?“.

*

„Историјата докажала дека обидите да се смири агресорот само го зголемуваат неговиот апетит. Во 1930-тите, светот ги затвори очите пред Аншлусот во Австрија и дозволи Германија да ја распарчи Чехословачка. Се освести дури кога Хитлер ја нашпадна Полска, но веќе „ ѓаволот ја беше однел шегата“.

Но, лекциите од почетокот на 20 век не беа научени, Истото се повторува и во 21 век, кога поради недостатокот на решителен меѓународен одговор на илегалната анексија на Крим и окупацијата на дел од украинскиот Донбас, Путин беше убеден дека Русија ќе ја избегне одговорноста за покренување војна од целосен обем врз Украина, со сите стравотии и ужаси кои таа ги носи со себе. Само со обединување светот може да го запре Путин и да спречи нова глобална војна, а Русите навистина да влезат во Москва…оние прогресивните, со демокатски вредности“, пишува Драган Мишев во колумната „Извештај од боиштето: Русите влегоа во Москва“.

*

„Формирале „Морален суд“ и ќе суделе.

И тоа пазете кој.

Група интелектуалци во која едните, верувам, вистински веруваат дека се потомци на Александар и дека ние Македонците еден ден ќе го повратиме кралството во неговите историски граници. И другите, потврдени интерезџии.

Тие, првите и вторите, кои со своите вербални постапки и јавни настапи го доурнисуваат и ова парче Македонија. Ова вардарското на кое по цели два милениума повторно меѓународно е етаблирана држава Македонија. Единствената држава во светот, сега запишана и во регистарот на ООН.

Единствената што го носи името Македонија и каде што сме Македонците“, пишува Зоран Иванов во колумната Тие ќе суделе.

Д. Муратов

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ