ЗОРАН ИВАНОВ
Формирале „Морален суд“ и ќе суделе.
И тоа пазете кој.
Група интелектуалци во која едните, верувам, вистински веруваат дека се потомци на Александар и дека ние Македонците еден ден ќе го повратиме кралството во неговите историски граници. И другите, потврдени интерезџии.
Тие, првите и вторите, кои со своите вербални постапки и јавни настапи го доурнисуваат и ова парче Македонија. Ова вардарското на кое по цели два милениума повторно меѓународно е етаблирана држава Македонија. Единствената држава во светот, сега запишана и во регистарот на ООН.
Единствената што го носи името Македонија и каде што сме Македонците.
Единствениот народ во светот што го зборуваме, го негуваме и го унапредуваме изворниот македонски јазик.
Единствениот народ во светот со тој наш идентитетски печат.
Тие идентитетот ќе ни го бранеле. Тие изолаторите на Македонија.
Пусти предизборни амбиции, тие ќе суделе.
Тие!