• Latest

Руската пропаганда ги засилува лажните наративи за намерата на Полска да присвои делови од Украина

May 11, 2023

Цвет од мигдал

October 18, 2026
Patxi Beltzaitz, Berria, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Истрага како сирење

October 18, 2026
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија: Младите бараат образование, правда и политичка одговорност

October 17, 2026
Рововска политика пред отворените порти на ЕУ

Во маѓепсаниот круг на европските интеграции: Мицкоски тврди дека сме „пред сите“, а земјата назадува

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДИСКУРС ПРОПАГАНДА

Руската пропаганда ги засилува лажните наративи за намерата на Полска да присвои делови од Украина

May 11, 2023 12:40
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ПРОПАГАНДА, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Ако Украинците ги напуштаат соседните региони со Русија, тоа е поради руските проектили и бомби
Неодамна, претседателот на руската Државна дума, Володин, објави антиукраински пост на Телеграм, тврдејќи дека украинските региони Суми и Чернихив наводно се населени со Полјаци, додека Украинците се протеруваат од нивните домови за да ги заменат со „Имигранти лојални на нацистите“. Оваа порака беше активно прифатена од голем број руски медиуми, вклучително и ТАСС.

Ова е уште една ноторна лага на руската пропаганда.

Прво, со почетокот на целосната руска агресија врз Украина, се намали бројот на Полјаците кои влегуваат на територијата на Украина. Релевантната изјава ја даде портпаролот на украинската државна гранична служба Андриј Демченко во коментар за Укринформ. Според неговите зборови, нема нагорен тренд во овој поглед од почетокот на 2023 година.

Второ, Регионалната воена управа на Чернигив нагласи дека таквата изјава била апсурдна лажна.

„Во последните месеци не сум видел ниту еден Полјак, а изјавата на Володин е целосно апсурдна. Украинците бегаат од тука, затоа што Русите праќаат проектили и бомби. Во последните недели се забележани многу интензивни напади. Така, луѓето се обидуваат да се преселат во побезбедни области. Причината поради која бегаат е токму затоа што Русите се обидуваат да ги убијат“, изјави началникот на Одделот за информатичка активност и односи со јавноста во Регионалната воена управа на Чернигив, Андриј Подорван.

Што се однесува до регионот Суми, ситуацијата е слична: Русија продолжува намерно да ги гранатира мирните заедници таму.

Пораката што ја објави Володин уште еднаш ги потврдува напорите на Русија да создаде јавно мислење за наводната полска окупација на Украина и да ги натера двете нации да се караат меѓу себе.

Претходно, руските пропагандисти промовираа лажен наратив за територијата на Украина како „полски земји на предците“ со лажни видеа од варшавските метро станици „Ratusz Arsenał“ и „Centrum“, каде наводно има плакат со повици „Застанете за заштита на предците полски земји. Станете тенковски оператор на Леопард. Заштитете ја Полска во Украина“ со цел пропагандистите да ги вклопат во своите теории дека  „Сè води кон поделба на Украина и трета светска војна“.

Во варшавското метро нема такви плакати, изјави за Укринформ Гжегож Попиеларц, директор на канцеларијата за изнајмување и рекламирање на варшавското метро.

„По проверка, цврсто можам да констатирам дека тое е лажно“, нагласи тој.

Тие исто така, во своите манипулации додадоа лажна фотографија со фрагмент од временската прогноза на полскиот телевизиски канал TVP HD 1, со мапа која го прикажува украинскиот град Лавов како дел од Полска. Згора на тоа, во описот на фотографијата, пропагандистите сугерираа дека дел од територијата на Украина може да биде плаќање за пренос на тенковите Леопард 2.

Како што изјавија за Укринформ од прес-службата на ТВП ХД 1 каналот, мапата прикажана во публикацијата на пропагандистите воопшто не била во етерот.

„Иако водителката е навистина медиумска личност која ја презентира временската прогноза за полскиот ТВ Трвам канал, нејзината силуета беше отсечена од временската прогноза на ТВ Трвам и залепена на карта слична на онаа што ја користи ТВП ХД 1“, соопшти прес-службата на полскиот ТВ канал.

Подготви: Д. Мишев

Tags: лажни наративиПолскаруска агресија врз Украинаруска пропагандаУкраина
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ