• Latest

Македонија треба да го земе Гостивар како позитивен пример за мултикултурализам

June 1, 2023
Отец Сергиј Бережној, манастирски комплекс „Св. Михаил“ во Кијив, 23 јули 2026 (фото: Џабир Дерала/ЦИВИЛ)

Сергиј Бережној: Политичкото православие нема ништо заедничко со Христос – Русија ја претвори религијата во оружје против Украина

August 12, 2026
Џелал Хоџиќ (фото: ЦИВИЛ)

Џелал Хоџиќ: Маратон кон ЕУ, спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

August 12, 2026
Севернокорејски ракетен систем KN-23 (фото извор: севернокорејски медиуми)

Севернокорејски ракети во рускиот арсенал на теророт: Воениот сојуз Кремљ-Пјонгјанг е закана за Европа и светот

August 12, 2026

Нема загадување, нема пријавена штета, нема докази за перење пари, но случајот „Мазут“ сѐ уште е жив

August 12, 2026
Игор Дурловски (фото извор: соопштение на ДУИ)

„Влада на исклучување“ наспроти „приватизација на Охридскиот договор“: Пресметка меѓу ДУИ и ВЛЕН за владиниот спот

August 12, 2026

Џелал Хоџиќ, СДА Македонија: Олигархијата го помага кочењето на интеграцијата во ЕУ

August 11, 2026
Вилен Темерјанов

Четири години од апсењето на Вилен Темерјанов: Новинарството не е злосторство – руската агресија е злосторство

August 11, 2026
Ерол Ризаов (фото: ЦИВИЛ)

ЦИВИЛ ги осудува смртните закани кон Ерол Ризаов: Институциите мора да ја прекинат културата на неказнивост

August 11, 2026
Кијив, 11 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Теророт на рускиот агресор не познава граници: Кијив, Запорижја и други градови под напад, погодена и детска болница

August 11, 2026
Припадник на руските окупаторски сили (фото извор: Амб. на Украина)

Рускиот агресор подготвува нова изборна фарса во окупираните украински територии: „Избори“ под окупација и закана од оружје се незаконски и немаат правни последици

August 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МУЛТИКУЛТУРА

Македонија треба да го земе Гостивар како позитивен пример за мултикултурализам

June 1, 2023 16:26
in ВЕСТИ, МУЛТИКУЛТУРА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ – Центар за слобода со поддршка од Градоначалникот на општина Гостивар, д-р Арбен Таравари, организираше јавен настан „Граѓански дијалози за односите меѓу заедниците: Предизвици и решенија“ во просториите на Општината.

„Во Гостивар со векови има повеќе етнички заедници коишто меѓусебе живеат релативно добро. Во Гостивар се користат три јазика, македонскиот, албанскиот и трускиот јазик. Во 2021 година консензуално сите советници донесовме одлука да се користи и ромското знаме. Ние сме единствена општина во светот каде што се вее ромското знаме и многу сум горд на тоа. Генерално одлуките коиѓто се однесуваат на меѓуетничките односи во Советот на Општината за наша среќа се донесуваат со консензус. Се согласуваме дека мораме заедно, да си помогнеме и да се движиме напред и колку што можеме да покажеме емпатичност едни кон други“, изјави градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари.

Тој додаде дека Македонија треба да го земе Гостивар како пример бидејќи сите етнички заедници релативно добро соработуваат, и дека судбина ни е да живееме и да си помагаме едни со други.

„Една од добрите работи што ги започнавме беше градинката Мозаик во која одат деца од сите етнички заедници. На почетокот бев скептик дали ќе функционира, но денеска гледам дека има се поголем интерес и од родителите бидејќи детскиот мозок е како сунгер, и најдобар период да се учат јазици, култури е детскиот период. Тоа се всадува во нивниот мозок и понатаму имаат меѓусебно почитување“, рече тој.

Дерала зборуваше за факторите што можат да влијаат на односите меѓу заедниците и итните чекори што треба да се преземат.

„Долгогодишни препораки на ЦИВИЛ до граѓанските организации, особено до неколкуте мрежи кои ги адресираат дискриминацијата и човековите права и слободи се да вложат повеќе напори во генерирање на конкретни активности и настани со кои ќе се промовира концептот и Стратегијата за мултикултурализам, претходно позната како „Едно општество за сите“.

Препорака и до медиумите и граѓанските организации и мрежи поврзани со медиумските прашања е да ги постават активностите и содржините на темите поврзани со односите меѓу заедниците како приоритетни. Препорака до Владата и институциите е да преземат мерки за превенција, односно санкционирање на говорот на омраза и ширењето на етничка верска и расна нетрпеливост, кои се кривични дела и да продолжат со добрите практики на креирање позитивен амбиент за развој на мултикултурализмот во земјата.

Препорака на ЦИВИЛ е тие во наредниот период да се фокусираат уште повеќе на доследно и уште подинамично спроведување на Акцискиот план на Стратегијата и креирање на новата Стратегија 2023-2025 година, со посебен акцент на образовните и културните институции, и медиумите“, потенцираше Дерала.

Претседател на Совет на Општина Гостивар, Валбон Лимани, вели дека пораснал во мултиетничка средина и зборува три јазици кои се зборуваат во неговата Општина.

„Истото им го пренесувам и на моите деца дека треба да се дружат и соработуваат со сите, односно дека сите сме исти и еднакви. Се почнува од дома и треба да разбереме дека ние не сме противници и непријатели, туку напротив“, вели Лимани.

Тој додава дека во Гостивар најмалку се користи националистичка реторика за време на изборите. Националистичка кампњања е погубна. Но, додава дека за жал национализмот носи гласови и дека некогаш партиските структури играат на таа карта.

„Граѓаните треба да гледаат кој ќе им донесе подобар живот, а не кој ќе им ветува националистички фолклорни ветувања кој не го подобруваат стандардот и животот на граѓаните“, истакна тој.

Градоначалникот Таравари додаде дека единственото националистичко ветување што го даде за време на локалните избори беше дека и ромското знаме ќе биде поставено во Општината, и тоа се оствари.

Советничката Афердита Хамза вели дека пролета не доаѓа со едно цвеќе, туку мора да има повеќе цвеќиња.

„Се додека во Уставот стои дека оваа држава е на Македонците и другите етнички заедници, ние ќе имаме проблем. Јас сум толерантна, и ова што сега зборувам на македонски јазик покажува дека јас имам почит кон другиот, значи ја почитувам државата, ама да се чувствувам како втора категорија навистина ми е тешко“, истакна таа.

Советничката Себајете Зенку вели дека политичките партии се тие што пропагираат национализам, а медиумите го шират. Национализмот не е само општествен проблем туку и семеен. Малку се зборува во семејството за почитување на различностите. Промените почнуваат од самите себе.

„Пред неколку години на една обука во Стумица еден од организаторите ми вели „се надевам ќе нè разбереш на стумички оти тука не се зборува на шиптарски“. Мило ми е што ситуацијата сега не е како што била претходно има огромни промени, но тоа не треба да не задоволува. Ните не треба да работиме само еден со друг, туку да работиме и еден до друг“, додаде Зенку.

Советничката Ема Нешковска вели дека мултикултурализмот и едно општество за сите нема никогаш да излезе од мода и дека треба постојано да ја негуваме и надградуваме.

„Ако се разлабавиме и кажеме дека е добро тогаш сме ја утнале работата и ќе мора да се вратиме многу чекори назад. Храната на мултукултурализмот е почитта, ако ние се почитуваме меѓусебе тогаш нема да имаме проблем да ги прифатиме различностите. Национализмот води само кон пропаст и сметам дека младите политичари имаат капацитет да му се спротивстават“, вели советничката.

Таа додаде дека јазикот служи за комуникација и дека не треба само да се разбереме туку и да нè (со)слушаат.

Нешковска додаде дека Советот се практичен пример како една Општина, еден Совет, како едно општество треба да функционира во рамките на целата државата.

„Треба да влијаеме на подигнување на свеста кај граѓаните низ цела држава и да се позиционирами таму каде што разлики не постојат“, вели таа.

Советникот Лек Далипи вели темите како што се мултикултурализам, еднаквост, почитување на различностите не треба да ги гледаме како наивни, бидејки силите на злото секогаш се поактивни.

„Во ера на дигитална технологија со која може да се придизвикаат етнички тензии, мора да постојат сили кои се борат за едно отворено општество“, додаде тој.

Советничката Алтина Асани вели дека во Гостивар дојде од Приштина и дека не го знела македонскиот јазик кога се вработила во Фонд за здравство.

„Ја преживеав војната во Косово и бев голема националистка која не сакав да слушне за друга етничка заедница и припадност. Но, за време на моите студии запознав студенти кои беа припадници на други етникуми и тоа ми помогна да се адаптирам и соработувам со другите.

Кога се вработив во ФЗО бев третата Албанка што се вработи таму, и колегите ми збореа како ќе работам кога не го знам јазикот. Меѓутоа од желба но и инат го научив македонскиот јазик за само два месеца. Денес со гордост кажувам дека знам да зборам, пишувам и комуницирам на македонски јазик. Она што не можам да го разберам е тоа што моите колеги Македонци и по 20 години не се ни потрудија да го научат мојот јазик (албанскиот). Односно не сакаат да признаат дека го разбираат“, вели таа.

Претставничка на младите Рената Насковска Смилковска вели поделбите и национализмот помеѓу младите доаѓа од навивачките групи.

„Навредите по етничка основа за време на спортските натпревари се еден тенок мраз, кој најчесто пука. Спортот не треба да се злоупотребува за партиски или други цели“, вели таа.

На оваа граѓанска средба учествуваа претставнички и претставници на граѓанските здруженија, медиумите, локалните институции, бизнис секторот, верските заедници, политичките партии и подмладоци и заинтересирани граѓанки и граѓани.

Настанот е дел од проектот „Заедно за подобра иднина“, кој ЦИВИЛ го спроведува со поддршка од Министерството за надворешни работи и европски прашања на Големото Војводство Луксембург.

Текст и камера: Дехран Муратов
монтажа: Ариан Мехмети
фото: Горан Наумовски

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ