• Latest
Фото: Укринформ

Путин поттикнува немири на Балканот како нов фронт во неговата војна против Западот

June 2, 2023

САД и Обединетото Кралство објавија нов трговски договор; За Трамп значи отворање огромен пазар, за Стармер е историски ден

May 8, 2025

Ватикан избра прв понтиф од САД; Роберт Превост е новиот папа Лео XIV

May 8, 2025

Парада на срамот и злосторството: Руските агресори не се ослободители, туку злосторници – ја присвојуваат победата над нацизмот

May 8, 2025

(ГАЛЕРИЈА)Масакрот во Корјукивка, Украина: Најбруталната казнена акција на нацистите во Втора светска војна

May 8, 2025

24 ЧАСА: Европа го одбележува Денот на Победата; Според Штајнмаер, Путин ја искривува историјата и ги крие злосторствата; Вучиќ „му фрли ракавица“ на Брисел

May 8, 2025

Честит Ден на победата во Европа, 8 Мај и Честит Ден на Европа, 9 Мај

May 8, 2025

Дурмиши повторно предупредува: Доколку има енормно зголемување на цените на прехранбените производи ќе се преземат поригорозни мерки

May 8, 2025
Фото: Фејсбук на Апасиев / Левица

Парадата на победата во Москва ги разобличува руските инсталации

May 8, 2025

Одбрана на демократијата, препораки и политики: Градење меѓуполитички и општествени сојузи

May 8, 2025
Фотографија: Wikipedia

Штајнмаер: Со воената агресија на Путин, болно е да се признае дека ослободителите на Аушвиц станале новите агресори

May 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Путин поттикнува немири на Балканот како нов фронт во неговата војна против Западот

June 2, 2023 14:16
in АНАЛИЗИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Фото: Укринформ

Фото: Укринформ

Share on FacebookShare on Twitter

ДРАГАН МИШЕВ

Путин подготвува нов фронт во неговата војна против Западот. За таа цел се чини дека нема подобра опција од тоа да поттикнува немири на Балканот, мекиот стомак на Европа.

Со оглед на тоа што путиновата „специјална воена операција“ во Украина не оди според планот, ништо повеќе не би посакал Владимир Путин, освен да предизвика избувнување на нов конфликт во Европа. Со тоа би постигнал две цели: Пред домашната јавност, разочарана од неуспесите на фронтот, соочена со падот на животниот стандард поради западните санкции и големата трошење во воени цели и исплашени од неодамнешните напади на руска територија би докажал дека единствен виновник за тоа е Западот и дека Русија не води војна против Украина, туку против НАТО алијансата, целиот Запад од една страна, и, од друга страна би можел да ја примора западната алијанса да ја намали поддршката и да ги пренасочи клучните ресурси кои во моментов се насочуваат кон украинската војска.

Руските цели на Западен Балкан малку се променија во последните години. Русија се стреми да манипулира со своите врски на Балканот за да го одвлече вниманието на ресурсите и вниманието на Западот од постсоветскиот простор, кој Кремљ го гледа како сфера на влијание на Русија.

Во овој контекст, Балканот обезбедува плодна територија каде што Кремљ може да го задоволи својот апетит за политичко мешање со цел да предизвика дополнителни немири во Европа.

Западен Балкан изгледа особено ранлив на зголемениот апетит на Москва да предизвика судири. Зголемените етнички конфликти во регионот, историскиот афинитет кон Русија и огорченоста кон Западот навидум го прават идеално игралиште за Кремљ.

Желбата на Русија да го прошири своето влијание на Балканот се засилува по распадот на Југославија, која ја оживеа конкуренцијата на големите сили во регионот што постоеше со векови, пишува Телеграф. Москва е вознемирена од напорите на Западот да им одобри на поранешните југословенски републики членство во институции како што се ЕУ и НАТО.

ЕУ кандидати од Западен Балкан

За да го следат овој тренд, руските разузнавачки служби активно се обидуваат да ги поткопаат проевропските режими, особено во Црна Гора каде Москва беше обвинета за обид за државен удар за време на парламентарните избори во 2016 година. Во поново време, Кремљ се обидува да ги разгори и да ги искористи нерешените тензии меѓу Србија и Косово, како и оние во Босна и Херцеговина, и ги поттикнува антиевропските сили во Северна Македонија да го попречат отпочнувањето на преговорите за членствона земјата во ЕУ, за да ја прошири својата база на поддржувачи, да предизвика дополнителна нестабилност и да го ослабне влијанието на ЕУ и НАТО.

Логиката е јасна: сè додека интеграцијата на државите од Западен Балкан во евроатлантските институции остане нецелосна, Западот нема да сака да се впушти подалеку и да понуди членство во НАТО и ЕУ на Грузија, Молдавија и Украина. Така, Москва треба да го задржи Западот апсорбиран во балканските работи со застој во решавањето на локалните конфликти, поттикнувајќи меѓуетничка огорченост и промовирајќи антизападно и проруско расположение, кое е традиционално силно во регионот.

Така, актуелните немири кои избија на северот на Косово, од регионални тензии и локални  несогласувања, сега, со помош на Москва, имаат потенцијал да ескалираат во многу поголема криза, особено кога луѓето како што е тенисерот Новак Ѓоковиќ, идол на многу Срби, чиј татко Срѓан потекнува од Косово, е подготвен да скокне во одбрана на великосрпската кауза под покровителство на новиот руски империјалзам. Симпатиите на семејството Ѓоковиќ кон Путин секако станаа очигледни уште во јануари на Австралија Опен, кога Срѓан беше виден како позира со навивачите закитен со руски знамиња и симбол „Z“.

Фото: Таткото на Новак Ѓоковиќ позира со маж облечен во маица Z и држи знаме на Путин /@AussieCossack

Голема улога во инсталирањето на руските интереси на Балканот има руската пропаганда која е особено силна во медиумите на Балканот, особено српските. Балканот традиционално е регион ранлив на руската пропаганда и секакви антизападни наративи, вклучително и оние од конспиративна природа. Ова се должи и на историски детерминираните русофилски и словенофилски традиции, како и на скептичниот однос кон НАТО и предрасудите кон САД. Пред сè, тоа се однесува на Србија и Србите. Во моментов Србија е единствената земја во Европа (со исклучок на Белорусија), каде што руските медиуми не само што не се забранети, туку, напротив, се добредојдени да работат и да се шират (Спутник, РТ). Повеќето медиуми во Србија имаат повеќе или помалку позитивен став кон Русија (вклучувајќи ги и провладините публикации), што е одраз на општествено-политичкото расположение во оваа земја. Спектарот на проруски позитивен став во српските медиуми е различен: од латентен до отворено радикален.

Овој вториов доминира во српските медиумите особено за време на актуелните тензии на северот на Косово.

Треба да се земе предвид дека сегашната русофилија меѓу Србите, која понекогаш добива искрено шокантни форми, дополнително се влоши по целосната инвазија на Русија врз Украина во февруари 2022 година. Од перспектива на српските поддржувачи на Русија, особено на националистите, сегашната руска агресија врз Украина изгледа како еден вид одмазда кон САД, НАТО и колективниот Запад, кога во 1999 година, за време на диктатурата на Слободан Милошевиќ, беа бомбардирани од НАТО, и сè уште постои силно чувство на незадоволство и навреда во однос на Северноатлантската алијанса.

Меѓутоа, во тој контекст, Србите како да не сакаат да го согледаат фактот дека и тогаш поддршката од Путин изостана, односно помеѓу ветуваната руска помош за Србија при конфликт со НАТО, се испречија некои други интереси на Путин.

И сега повторно, Србите, пред сè оние на Косово, помошта очекуваат да дојде од братска Русија и самиот Путин како „бранител“ на православието.

Москва ја користи и дипломатската поддршка на одбивањето на Белград да го признае Косово и за да го поткопа легитимитетот на спорот Србија-Косово додека „поддржува агресивни акции“ за да се спротивстави на косовската власт и да ја поткопа српската подготвеност да соработува со наводните косовски сојузници на Запад.

Оваа недела во северно Косово, моќен симбол на рускиот експанзионизам се појави заедно со српските знамиња што означуваат отпор кон властите во Приштина.

Фото: Симболот „Z“, обоен во боите на руското знаме на ѕид во Косовска Митровица во северно Косово/ RFE

На социјалните мрежи и во медиумите се споделуваа слики од „Z“, што го користат руските сили кои ја нападнаа Украина, насликани или на друг начин исчкртани на возилата на косовската полиција и на мировниците на НАТО.

Како што пренесува РФЕ/РЛ, група маскирани лица беа фатени на дело како ја бојат „Z“ со спреј врз оклопните сини камиони на косовските специјални полициски единици во Звечан, местото на најголемото насилство на 29 мај.

Истовремено, и во Србија и на објекти на северот на Косово се појавија и симболите на озлогласената платеничка група „Вагнер“, за која се верува дека има свои инсталации и канцеларии за регрутација во Србија.

Фото: Мурал посветен на руската паравоена единица Вагнер се појави на ѕидот под Бранков мост во Белград / The Geopost

Иако српската влада вети дека ќе стави крај на присуството на Вагнер во земјата, досега не успеа во целост: српски доброволци сè уште се забележани како се борат за Русија во Украина, додека дома српските радикали носат ознаки на Вагнер на националистичките собири, кои имаат тенденција да станат насилни , објави Карнеги фондацијата за меѓународен мир. Косовското раководство го обвини Вагнер дека подготвува провокации на северот на земјата, населен со Срби, а безбедносните претставници во Босна и Херцеговина тврдат дека претставници на Вагнер биле присутни на националистичките прослави во ентитетот на босанските Срби во земјата, Република Српска.

Се верува дека дека некои платеници на „Вагнер“ се упатиле во Косово, а можеби веќе и активно земале учество во немирите во кои беа повредени 30-тина припадници на КФОР, додека меѓу толпата беа идентификувани и припадници на безбедносните сили од други градови на Србија.

Фото: Учесник во немирите идентификуван како полицаец од Србија/ Твитер

Времето ќе покаже дали Србија и Србите повторно ќе останат само монета за поткусурување во Путиновите пазарења, и маша за да не си ја изгори раката при разгорување на огнот во срцето на Европа.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Владимир ПутинЗападен БалканКосовоРусијаСрбија
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ