• Latest
Фото: Укринформ

ДЕНОТ НА ДЛАНКА: Руските окупатори ја разнесоа браната Каховка во Украина, осуда од НАТО и ЕУ; се распаѓа Судски совет, двајца судии поднеле оставки; Бугарија конечно формира влада

June 6, 2023

24 ЧАСА: Пред избори споменици никнуваат како печурки по дожд; Ако сакаме држава на владеење на правото, мора да тргнеме од вистината, повикува Камбери; Додик без мандат; Виткоф слета во Москва

August 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на RFE/RL

Заедничка изјава на Меѓународната коалиција за враќање на украински деца: Ја повторуваме непоколебливата посветеност на заштитата на децата погодени од незаконската, неиспровоцирана и неоправдана целосна руска воена инвазија на Украина

August 6, 2025

Кривична пријава за Кавадарец – си го убил братот и го закопал во дворот

August 6, 2025
Фото: Скриншот МИА

Тешко болните деца ќе може да учат дома или онлајн

August 6, 2025

Пред избори, споменици никнуваат како печурки по дожд: Во Слупчане поставена спомен-плоча на загинати борци на УЧК

August 6, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Османи го повлече барањето за собранието до уставниот суд, за аналитичарите повлекувањето создава институционална несигурност; Новиот Кривичен законик во Албанија ги ублажува казните за корупција за високи функционери

August 6, 2025

МВР во координација со Обвинителство за утврдување говор на омраза кај навивачите на натпреварот меѓу Шкендија и Карабах

August 6, 2025
Фото: Фејсбук ФК Шкендија

„Илирида, Чамерија“ и „Наше ќе биде и Солунско поле“

August 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на Украински сили за специјални операции објавено на УкринформТВ

Зеленски и Сирски, една година од упадот кај Курск: Украинските сили го одржуваат присуството во рускиот Курски регион 

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

ДЕНОТ НА ДЛАНКА: Руските окупатори ја разнесоа браната Каховка во Украина, осуда од НАТО и ЕУ; се распаѓа Судски совет, двајца судии поднеле оставки; Бугарија конечно формира влада

June 6, 2023 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Фото: Укринформ

Фото: Укринформ

Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Руските окупатори ја разнесоа браната Каховка на реката Днипро, осуда од НАТО

Руските сили ја разнесоа браната Каховка на реката Днипро, која е дел од хидроелектраната Каховка (ХЕ), соопшти Оперативната команда Југ, пренесува Укринформ. „ХЕ „Каховка“ е крената во воздух од руските окупаторски сили. Во моментов се утврдуваат размерите на уништувањето, брзината и обемот на вода, веројатните подрачја на поплави. Сите служби работат. Ситуацијата се следи“, објави Оперативната команда Југ.

Уништувањето на браната Нова Каховка во јужна Украина ја покажува бруталноста на руската војна во Украина, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

„Уништувањето на браната Каховка денеска става во опасност илјадници цивили и предизвикува голема штета на животната средина. Ова е безобразен чин, кој уште еднаш ја покажува бруталноста на руската војна во Украина“, додаде Столтенберг.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

(ЕКСКЛУЗИВНО) Олександр Мережко, Врховна Рада, Украина: Не е прашање дали, туку кога ќе станеме членка на ЕУ и НАТО, ние ѝ припаѓаме на Европа, нашиот морал е висок, ќе победиме!

Олександр Мережко е пратеник во Врховна Рада на Украина (Верхо́вна Ра́да Украї́ни) и е претседавач на Комитетот за надворешна политика и интерпарламентарна соработка. Тој, во ексклузивно интервју за ЦИВИЛ Медиа говори за жестоките предизвици на украинската нација во стремежот да ја сопре руската брутална инвазија и да ги ослободи окупираните територии и за геноцидот што го спроведува рускиот агресор.

 

ФЛЕШ ВЕСТИ

ПРАВДА Членовите на Судскиот совет Мирјана Радевска-Стефкова и Зоран Герасимовски поднесоа оставки од функциите, потврдија за МИА од Судскиот совет.

ИНТЕГРАЦИИ Доколку не се направат уставните измени дефинитивно ќе биде испуштена шансата за ЕУ, вели вицепремиерот Маричиќ.

МЛАДИ „Министерството за труд и социјална политика во изминатите три години интензивно работи на унапредување на современиот концепт на правда на децата преку зајакнување на деинституционализацијата, кој во својата суштина го става акцентот на вонинституционалниот третман на децата во ризик и децата во судир со законот, наспроти институционалниот“, рече министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска на конференцијата „Зајакнување на отпорноста кон организираниот криминал и корупција меѓу младите во Југоисточна Европа“.

РЕГИОН Народното собрание на Бугарија на вонредна седница ги одобри структурата и составот на новата бугарска влада со премиерот академик Николај Денков, вицепремиерката Марија Габриел и 18 министри, по што кабинетот „Денков-Габриел“ положи заклетва пред Народното собрание „во името на Република Бугарија да ги почитува Уставот и законите на земјата и во сите нивни постапки да се раководат од интересите на народот“.

ВОЈНА ПРОТИВ УКРАИНА

Украинскиот претседател Володимир Зеленски одржа итен состанок на Советот за национална безбедност и одбрана (НСДЦ) за да се договори за сет меѓународни и безбедносни мерки по уништувањето на браната на хидроцентралата Каховка од страна на руските сили, пренесува Укринформ.

„Одржав итен состанок на Советот за национална безбедност и одбрана. Во текот на ноќта во 02:50 часот руските терористи извршија внатрешна детонација на структурите на ХЕЦ Каховка [хидроцентрала]. Околу 80 населени места се во зоната на поплави, објави Зеленски на Твитер.

*

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел изјави на Твитер дека е шокиран од нападот без преседан на браната на хидроелектраната Каховка (ХЕЦ), додавајќи дека уништувањето на цивилната инфраструктура од страна на руските напаѓачи се квалификува како воено злосторство.

„Шокирани од нападот без преседан на браната Нова Каховка. Уништувањето на цивилната инфраструктура јасно се квалификува како воено злосторство – и ние ќе бараме одговорност од Русија и нејзините извршители“, рече Мишел.

*

Мотивите на руските агресори да ја разнесат браната, покрај нивните перманентни обиди да уништат сé во Украина, може да се најде ако се погледне наназад во историјата, на која Владимир Путин е толку голем поклоник. Тој само ги повторува, како и многу пати досега, постапките на неговиот идол, советскиот диктатор Сталин.

НА 29 август 1941 година Тајната полиција на Сталин ја крена во воздух браната Днипро во Запорижја, која ја храни електраната Днипрострој во обид да го забави напредувањето на нацистичките германски трупи Советите беа уверени дека германското напредување може да биде попречено од забрзаните струи и поплавите предизвикани од уништувањето на браната, пишува Гардијан.

*

Украинските сили напредуваат северно и југозападно од Бахмут додека Москва и Кијив сигнализираат за почеток на украинската контраофанзива

МУЛТИКУЛТУРА

Дерала: Невидливите ѕидови на поделбите мора да ги урнеме прво кај нас самите, во нашите глави

Таравари: Гостивар е единствена општина во светот каде што се вее ромското знаме и многу сум горд на тоа

АЛ-ПРЕС

Состојбите на северот на Косово остануваат во тесен  фокус на медиумите, кои известуваат дека ОБСЕ ќе и помогне на Централната изборна комисија за „инклузивни избори”. Во Звечан и денеска се собрани протестанти, но според медиумите, состојбата е мирна, а отстранет е уште еден дел од бодликавата жица.

Ова се само дел од темите што редакцијата на ЦИВИЛ Медиа ги издвои од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-ПРЕС.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Лидерската средба се претвори во пародија уште пред да се одржи. Мицкоски мисли дека поканата му даде простор за манипулации и пропаганда, но целата приказна околу учеството на Мицкоски во клучните процеси се претвори во бесмислица. Блуткава смеса од евтин популизам. Но наспроти сета гротеска, не треба да занемари дека се работи за жесток национализам и силна антизападна кампања со – потенцијално – големи последици по интеграциските процеси на земјата“, пишува Џабир Дерала во колумната „Политички дијалог а ла Мицкоски“.

„Зошто лидерска средба сега, што има ново да му каже премиерот Ковачевски на опозиционерот Мицкоски, што сите други големи „ѕверки“ не му го кажале веќе!

Тој упорно го одбива тоа и вели нема да гласа за уставние измени.

Тогаш повеќе од јасно е дека Мицкоски доаѓа на средбата со друга агенда. Тој очигледно повикот за лидерска го смета како признавање на поразот на СДСМ и е спремен да разговара само за „што потоа“, пишува Љубиша Николовски во колумната „Лидерска средба со извесен крај“.

Д. Муратов

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • „Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • (ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Oбид за убиство и насилство во Струга, со „БМВ Х6“ му го пресекол патот и со нож го прободeл во вратот, стомакот и надлактицата

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Збрка и будалаштина

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • „Илирида, Чамерија“ и „Наше ќе биде и Солунско поле“

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
[adrotate banner=”5″]
[adrotate banner=”7″]

[mailpoet_form id="1"]

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ