• Latest

МВР: ВМРО-ДПМНЕ да не шири лаги, очигледно им пречат одличните резултати на полицијата во справувањето со криминалот

June 10, 2023

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

МВР: ВМРО-ДПМНЕ да не шири лаги, очигледно им пречат одличните резултати на полицијата во справувањето со криминалот

June 10, 2023 13:07
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за внатрешни работи најостро ги демантира лагите пласирани од партијата ВМРО-ДПМНЕ за некакво влијание на директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски во случај кога е нападнат полициски службеник, како и наводна инволвиранст на неговиот син.

Станува збор за класична дезинформација. Ниту имало влијание ниту некој може тоа да го направи, ниту бил инволвиран синот на директорот на БЈБ. Напротив, вистината е дека на 3 јуни околу 01.45 часот во угостителски објект во Градскиот парк во Скопје имаше уште една во низата успешни акции на полицијата. Лишени од слобода се три лица и биле пронајдени и одземени прашкаста материја и марихуана, а лицата ќе одговараат пред законот и за напад на полициски службеник кој извршувал службени дејствија. Настанот е соодветно објавен во извадокот од дневни настани кој МВР секојдневно го објавува, се наведува во демантот на МВР.

Од Министерството посочуваат дека продолжуваат со бескомпромисната борба против секаков вид на криминал, „што го покажуваат и статистиките за сериозно намален криминалитет поради доброто работење на полицијата“.

И во наредниот период полицијата продолжува со иста посветеност, се во интерес на безбедноста на граѓаните, иако е очигледно дека овие добри резултати некому му пречат па мора да се служи со лаги и дезинформации, се додава во соопштението на МВР.

ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение побараа одговори од директорот на БЈБ, Сашо Тасевски со тврдење дека тој влијаел врз случај каде се тепани припадници на ЕБР и прашаа дали „се вадени луѓе од записник заради врски со него?“.

ВМРО-ДПМНЕ постави прашања, а директорот на БЈБ и ЈО молчат. Сашо Тасевски мора да одговори, дали едно од четворицата лица кои биле фатени и евидентирани од полицијата под сомнение дека сакале да употребат бела прашкаста материја,и притоа ја нападнале полицијата бил негов син? Сашо Тасевски мора да одговори, дали настанот кој се случил во 1 часот по полноќ, а напаѓачите биле однесени во ПС Карпош во 1.45 часот, е заведен во полициски билтен дури во 6.30 часот сабајлето, под притисок? Дали таквиот притисок или нешто друго е причина за во полицискиот билтен наместо четворица, да бидат запишани три лица? И фали четвртото лице е синот на Тасевски? Сашо Тасевски да не се крие и да даде одговори. Истовремено ЈО да не чека и да отвори истрага, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: БЈБВМРО-ДПМНЕдезинформациидемантдиректорМВРСашо Тасевски
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result