• Latest

Струшкиот градоначалник Мерко го замрзнал членството во ДУИ, од партијата бараат сеопфатна истрага

June 22, 2023
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Нов бран на руски терор: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

Пропаганда под маската на новинарство: OpenAI откри како руски и ирански мрежи манипулирале со медиумите

October 10, 2026

(ИНФОГРАФИК) Банките доминираат на Македонската берза: Пет банкарски акции со над 71 отсто од редовниот промет

October 10, 2026

Шефот на Microsoft AI предупредува: Машините што веруваат дека имаат свест и права може да станат закана за човештвото

October 10, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер за желбата за терор и сценариото за уривање на американската демократија

October 10, 2026
Меморијал во близина на домот на Ана Политовскаја, Москва, 2006 (фото извор: Wikimedia)

„Путин не разбира дека луѓето имаат права“: 20 години од убиството на Ана Политковскаја, нарачателите сè уште непознати

October 9, 2026
Патување низ лавиринтот на европскиот сон (илустрација: ChatGPT / ЦИВИЛ МЕДИА)

Случај Северна Македонија: Земја изгубена во лавиринтот на сопствените блокади

October 9, 2026
Михаил Звинчук

Црна Гора: Приведен Звинчук, шефот на руската пропагандна мрежа „Рибар“

October 9, 2026
Протести во Франција (скриншот / France 24)

Протести во Франција: Образовната криза ги продлабочува судирите меѓу средношколците и власта

October 9, 2026

Банките доминираат на Берзата, каде е остатокот од економијата?

October 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Струшкиот градоначалник Мерко го замрзнал членството во ДУИ, од партијата бараат сеопфатна истрага

June 22, 2023 15:15
in (АНТИ)КОРУПЦИЈА, ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Струшкиот градоначалник, воедно и член на претседателството на ДУИ, Рамиз Мерко донел одлука да го замрзне членството во партијата откако беше ставен на црната листа на САД.

Истовремено, од ДУИ излегоа со барање за спроведување на сеопфатна истрага за наводите на Стејт департментот за корупција.

„Раководството на партијата го прифати предлогот на градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, да ги замрзне членството и активностите во партијата и во нејзиното раководство. Тој веќе не е член на раководството на ДУИ, ниту член на партијата додека не се завршат истрагите против него“, соопшти денеска портпаролот на ДУИ и министер за надворешни работи, Бујар Османи.

ДУИ бара институционална верификација на сите тврдења на Стејт департментот и веднаш да почне сеопфатна истрага за нив. Во јавното обвинителство има отворени шест постапки против Мерко.

„ДУИ има јасни ставови по однос на владењеето на правото и борбата против корупцијата и таквите ставови се претворени во формални одлуки на партијата“, рече Османи.

Османи соопшти дека ДУИ ја прекинува и предизборната активност во Струга, додека не се создадат нови услови за нивно организирање. Партијата истовремено донела заклучок со кој бара и проверка на сите функционери, почнувајќи од лидерите на сите политички партии, преку високите функционери, до најниските ешалони.

Тој посочи дека ДУИ ги почитува ставовите на САД и ги смета за добронамерни., и додаде дека секој успех на оваа држава носи печат и на САД.

Tags: ДУИистрагаРамиз МеркоСАДСтругацрна листа
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ